Службено возило на Општина Аеродром одземено од гаража, пронајдено на улица „Перо Наков“ - Канал 5

Службено возило на Општина Аеродром одземено од гаража, пронајдено на улица „Перо Наков“

Патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Општина Аеродром, било одземено од гаража на булевар „Јане Сандански“.

Службено возило на Општина Аеродром одземено од гаража, пронајдено на улица „Перо Наков“

Случајот синоќа во полиција го пријавил в. д. градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески.

Како што се наведува во денешниот МВР-билтен, според пријавата, возилото било одземено во период од 15:30 часот на 4 април 2025 до 20:40 часот на 7 април 2025 година од гаража на Општина Аеродром, на булевар „Јане Сандански“.

Возилото е пронајдено на улица „Перо Наков“, при што било констатирано дека недостасува една регистарска табличка.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангелов: Бројот на пожари на отворен простор не стивнува, граѓаните да бидат исклучително внимателни

Во земјава денеска се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои седум сè уште се активни, информира центарот за управување со кризи.

Ангелов: Бројот на пожари на отворен простор не стивнува, граѓаните да бидат исклучително внимателни

Според ЦУК, пожарите се регистрирани на повеќе локации низ државата, а екипите на терен продолжуваат со интервенции за нивно локализирање и гаснење.

На дел од местата огнот зафатил сува трева, ниска вегетација и шумски површини, а поради високите температури, ветерот и сувото време постои опасност од брзо ширење.

Во гаснењето се вклучени противпожарни единици, локални служби и други надлежни институции, зависно од состојбата на теренот.

Од ЦУК апелираат граѓаните да бидат внимателни и да не палат оган на отворено, особено во услови на зголемен ризик од пожари. Надлежните служби велат дека продолжуваат да ја следат состојбата и ќе интервенираат на сите критични точки каде огнот останува активен.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Турчин со ауди удрил во полицаец на мотоцикл во Пробиштип

Во несреќата со телесни повреди се здобил Д.П., констатирани во Клиничка болница Штип. 

Турчин со ауди удрил во полицаец на мотоцикл во Пробиштип

На 28.08.2026 во 20:42 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на крстосницата од ул.„Миро Барага“ со ул.„Јордан Стојанов“ во Пробиштип, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл, сопственост на МВР, управуван од полицискиот службеник Д.П.(27) од Пробиштип и патничко возило „ауди“ со кратовски регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ.(39) од Р.Турција, со привремен престој во с.Крилатица, кратовско.

Во несреќата со телесни повреди се здобил Д.П., констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали ќе поминат спорните имиња на улици во Тетово?

Спорните имиња на улици во Тетово сe уште се отворено прашање…

Дали ќе поминат спорните имиња на улици во Тетово?

Дали ќе поминат спорните имиња на улици во Тетово? И покрај досегашниоте бројни реакции на тетовци и Сојузот на борци, предлог-списокот досега има над 200 нови имиња , но ниту едно име сè уште не е конечно. Ако има негодување од граѓаните за одредени имиња, тие нема да бидат изгласани во општинскиот совет, вели за Канал 5 професорката по историја Оливера Гиченко која е член на комисијата за именување на улиците. Вели дека во фазата на прочистување на предлог имињата биле прифатени оние кои не се против уставниот поредок и се внимавало сите заедници да бидат застапени.

„После прочистувањето на списокот, истиот се доставува до советот на општина Тетово каде треба да се усвои со Бадентер. Доколку на списокот се најде некое име за кое има негодување кај граѓаните на Тетово истото нема да биде изгласано од советот. Потоа, се испраќа до Владата на Република Македонија на усвојување. Постојните имиња од илинденскиот период и борци на НОБ не се тема на разгледување на комисијата и тие остануваат.“

Но ниту од Комисијата ниту од Општина Тетово засега нема коментар дали ќе ги земат предвид на забелешките на Сојузот на борци. Сојузот последно реагираше дека името на лекарот Џафер Сулејман за кој велат дека бил назначен за градоначалник на Тетово за време на окупацијата во Втората светска војна и со највисоки почести го пречекал фашистичкиот генерал Алберто Париани. Спорно за нив е што не само ова туку и други имиња едногласно поминале во комисијата наспроти уверувањата дека нема да се прифатат имиња спротивни на уставниот поредок.

„Списокот што е прифатен од работната група и што ќе оди понатака на Советот на Општина Тетово, и освен едно име кое е исклучок, се е спорно. Секое име кога ќе се обработи и ќе се разбере нивната лоша позадина е сосема приказна. Нивна цел е да ја сокријат нивната исклучително лоша позадина. Сојузот и понатаму ќе продолжи да се бори за вистината и македонскиот национален интерес особено во нашиот град Тетово. Албанците имаат дадено за оваа држава околу 600 жртви, значи имаат имиња со кои можат да се гордеат меѓутоа за нив во моментов тие се темно минато, за жал.“

Сојузот на борци бара целата постапка да се одложи и првин да се формира тим на историчари кои прецизно ќе ги проверат сите имиња. Тие неодамна до Собранието и координаторите на пратеничките групи доставија барање за законски измени со кои изречно ќе се забрани именување улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти со имиња на личности или организации поврзани со фашизам, нацизам и тероризам. Инаку конечната одлука, сепак, не е само во рацете на општинските советници. Откако предлогот ќе биде усвоен во Советот на Општина Тетово, за новите имиња на улиците потребна е и согласност од Владата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер