Предлогот и го дале на владата експертите од нејзиниот научен совет за коронавирус.
Според Словенска телевизија, тие го поддржале предлогот со ставот на Европската агенција за лекови (ЕМА), кој минатата недела по анализата повтори дека вакцината е безбедна и ефикасна, дека придобивките од вакцинацијата се многу поголеми од можните ризици и дека вакцината може да се продолжи да се дава и покрај појавата на ретки видови на згрутчувања на крвта.
Дури и по таквата позиција на европскиот регулатор, некои членки на ЕУ одржуваат или воведоа одредени ограничувања за групи на население што треба да се вакцинираат, додека Словенија во последниве недели ја користи вакцината на британско-шведската компанија за имунизација на населението на возраст од 60 до 65 години.
Во иднина, вакцината АстраЗенека во Словенија ќе може да се користи за сите групи, освен ризичните хронични пациенти, а оние кои одбиваат вакцинација со неа кога ќе им дојде редот, ќе треба да чекаат подолго, односно да бидат преместени на крајот од редот, јавуваат словенечките медиуми.