Димитриевски: Отчетот и резултатите кои што Движење ЗНАМ во изминатиот период ги презентира се потврдени и во Извештајот од ЕК!
1Димитриевски: Отчетот и резултатите кои што Движење ЗНАМ во изминатиот период ги презентира се потврдени и во Извештајот од ЕК!
КултураСлики од Норман Роквел на аукција во декемвриСедум дела од американскиот сликар и илустратор Норман Роквел, вклучително и делата „Молитва“ и „Озборувања“ ќе бидат ставени на продажба во декември на аукција во Њујорк.Роквел, кој почина во 1978 година 65 години сликаше носталгични и забавни сцени од секојдневниот живот на Американците. Сликите, кои би можеле да бидат продадени за 24 милиони долари на аукцијата закажана за 4 декември ги продаваат потомците на Роквел и неговиот пријател и уметнички директор на весникот Сатрдеј ивнинг пост, Кент Џуниор Стјуарт. Овој весник 40 години на своите насловни страници има објавувано дела од Роквел. „Молитва“ која е изработена во 1951 година, читателите на Пост ја имаат избрано за омилена насловна страница, а на сликата е прикажано семејство кое се моли во ресторан, а самата слика е проценета на 20 милиони долари. „Озборување“ од 1948 година прикажува 15 двојки, вклучително и самиот Роквел со сопругата, како зборуваат меѓусебно.Се проценува дека ова негово дело би можело да биде продадено за 9 милиони долари, пренесува Ројтерс. На аукцијата ќе бидат понудени и „Прошетка до црква“, портретот на поранешниот претседател на САД Двајт Ајзенхауер и студиите за „Девојка пред огледало“, „Норман Роквел во посета на селското училиште“ и „Рушење на семејните врски“. На аукција организирана од Сотби во 2006 година сликата на Роквел „Уривање на семејните врски“ е продадена за 15,4 милиони долари што е рекорд за дело на уметникот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
МакедонијаДимитриевски: Отчетот и резултатите кои што Движење ЗНАМ во изминатиот период ги презентира се потврдени и во Извештајот од ЕК!Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија продолжува со средбите со граѓаните низ државата, на кои се презентираат резултатите од изминатите две години работа и придонесот на избраните и именувани функционери од редовите на Движењето. Во рамки на панел-дискусијата под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“, која се одржа во Крива Паланка, се обратија претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, министерот за јавна администрација и генерален секретар на Движењето, Горан Минчев, потпретседателката на Собранието и потпретседателка на ЗНАМ, Весна Бендевска, како и директорот на Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација и член на Извршниот одбор на Движењето, Злате Мехмедовиќ. Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, истакна дека резултатите од работата на функционерите на Движењето се видливи преку конкретните законски и институционални промени, кои сега се нотирани и потврдени и во Извештајот на Европската комисија за 2026 година. „Во изминатите две години ЗНАМ презеде одговорност за суштински промени во два значајни ресори, во Министерството за правда и во Министерството за јавна администрација. За таа работа, за конкретните резултати и промените што ги спроведуваме во институциите, даваме отчет пред граѓаните низ целата држава. Денес, тие резултати се нотирани и во Извештајот на Европската комисија за 2026 година. Тоа е важна потврда дека она за што зборуваме и за што преземаме одговорност, не се само ветувања и политички пораки, туку конкретна работа препознаена и од нашите европски партнери“ истакна Димитриевски. Тој посочи дека Извештајот на Европската комисија нотира конкретни поместувања во правосудството, особено во донесувањето на новите закони за Судскиот совет и Советот на јавните обвинители, како и новиот Закон за парничната постапка. Во јавната администрација, Европската комисија нотира умерен напредок, зајакнување на институционалните капацитети за координација и следење на управувањето со човечките ресурси, донесувањето на новите системски закони за административните службеници и вработените во јавниот сектор, Законот за високите раководители, како и воспоставувањето на Академијата за јавна администрација. Во однос на европската интеграција, Димитриевски порача дека членството во Европската Унија останува стратешка цел, но дека е потребно поголема вклученост на европските партнери во дијалогот меѓу Македонија и Бугарија. „Членството во Европската Унија останува наша стратешка цел и ние сме подготвени да продолжиме по тој пат, но очекуваме и Европската Унија да преземе поактивна и посуштинска улога во процесот. Потребна е поголема вклученост на европските партнери во дијалогот меѓу Македонија и Бугарија, со јасна заложба за надминување на отворените прашања и спречување на нови билатерални блокади и условувања. Нашиот став е принципиелен и непроменет, уставните измени треба да имаат одложено дејство и да стапат во сила по полноправното членство на Македонија во Европската Унија. Бугари во устав без гаранции нема да се случат. Тоа се нашите црвени линии и од нив нема да отстапиме.“ истакна Димитриевски. Движење ЗНАМ ќе продолжи да работи со истата определба со која ја презеде одговорноста пред граѓаните, да ги менува работите, да ги зајакнува институциите и да ги исполнува преземените обврски. Отчетноста не е само осврт на сработеното, туку и обврска за она што следува, бидејќи довербата на граѓаните се оправдува со дела, а не со зборови. Центар за комуникации и аналитикаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
СветПретседателот на Парагвај е уапсен и отстранет од функцијата поради финансиска кризаСантијаго Пења, претседателот на Парагвај, беше отстранет од функцијата и уапсен, само неколку дена по пропаѓањето на голема банка во јужноамериканската нација, што остави милиони луѓе без пристап до нивните заштеди.Пења е под кривична истрага поради неговата врска со банката Уено и неговото справување со кризата. Тој беше приведен и затворен во својот дом во Асунсион, главниот град, во петокот, неколку часа откако властите издадоа налози за апсење за него и поранешниот претседател на Централната банка, Карлос Карваљо, под обвинение за злоупотреба на нивните позиции. Потпретседателот на Пења, Педро Алијана, положи заклетва како привремен претседател додека Парагвај не одржи избори во 2028 година. Зборувајќи пред пратениците во петокот вечерта откако го облече претседателскиот појас, Алијана вети дека ќе биде „цврст“ кон оние кои „се обидуваат да им ја одземат иднината“ на Парагвајците. Имплозијата на Уено би можела да го поткопа угледот на Парагвај како економски исклучок во регион оптоварен со долгови, висока инфлација и бавен раст.Тагови: Парагвај претседателот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?Дали Бугарија го даде конечниот одговор за идејата за вклучување европски претставници како посредници во дијалогот меѓу Скопје и Софија? Дали Бугарија го даде својот конечен одговор по предлогот европски претставници да се вклучат како посредници во дијалогот меѓу Скопје и Софија? Оваа дилема се отвори по вчерашната изјава на шефицата на бугарската дипломатија Петрова-Чамова, која како нетипични ги квалификуваше сите предлози да своевидно посредништо меѓу Македонија и Бугарија. Според Претседателот на Институтот за демократија, Марко Трошановски, ваквата изјава е јасен индикатор дека можат „да пропадне во вода“ нашиот обид да се вклулчиу директно Брисел во дијалогот. Вели Бугарија во овој случај има многу по комотна улога и може да ја диктира динамиката и форматот на разговорите. На сличен став е и аналитичарпт Петар Арсовски, кој смета дека и покрај ваквиот став на официјална Софија, напорите за дијалог да продолжат и ова да не предизвика никакво разочарување во Македонија. Инаку, вчера одговорајќи на новинарско прашање, бугарскта министерка за нодворешни работи.. кажа дека Бугарија не гледа потреба од посредник во разговорите со Македонија и дека прашањата поврзани со евроинтегративниот процес веќе се утврдени на европско ниво.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28