Славниот Роналдињо пуштен од притвор - Канал 5

Славниот Роналдињо пуштен од притвор

Обвинителството на Парагвај се откажало од гонење на славниот бразилски фудбалер Роналдињо и се насочило кон бизнисменот кој е главниот виновник за оваа измама.

Славниот Роналдињо пуштен од притвор

Обвинителството проценило дека светската фудбалска легенда Роналдињо и неговиот брат кој вчера беа уапсени во Парагвај поради тоа што во пасошите им пишувало дека по националност се Парагвајци, биле жртви на измама и испаднала наивни во целата оваа ситуација.

Еден од најдобрите светски фудбалери во последните две децении и неговиот брат Роберто де Асис се пуштени од притвор, откако во Парагвај беа уапсени поради поседување на лажни пасоши.

По неколку часовно испрашување и откривање на потеклото на нивните лажни пасоши, обвинителството се откажало од кривично гонење, откако Роналдињо и неговиот брат ја признале вината и откриле дека пасошите ги „добиле на подарок“ во авионот. Потоа двајцата биле ослободени од притвор.

Јавниот обвинител на Парагвај смета дека Роналдињо и неговиот брат биле жртви на измама и наивни, посебно поради тоа што за влез во Парагвај воопшто не им бил потребен никаков пасош, што очигледно тие не го знаеле.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

За првпат фотографиран „Белиот дух“ – животно што никој досега не го видел: До вчера беше само мит, а сега е тука!

Ова животно има ретка генетска состојба - недостаток на пигмент во кожата и крзното.

За првпат фотографиран „Белиот дух“ – животно што никој досега не го видел: До вчера беше само мит, а сега е тука!

Кога еден шпански фотограф тргнал на планинарење, немал претстава што ќе открие и дека фотографијата што ја направил ќе го обиколи светот.

Во планините близу градот Хаен, во јужниот дел на Шпанија, тој фотографирал нешто што до вчера се сметало за мит – белиот ибериски рис, еден од најретките животински видови во светот.

Фотографијата е дело на шпанскиот фотограф на природа, Анхел Идалго, познат по своите снимки од дивиот свет. Ова животно, кое како да зрачи со сопствена светлина, има леуцизам – ретка генетска состојба што предизвикува делумен или целосен недостиг на пигмент во кожата и крзното, но не и во очите, што го разликува од албино животните.

„Белиот дух на медитеранската шума. Кога го видов првпат, не можев да поверувам. Со денови, недели и месеци го барав тоа место и веќе бев подготвен да се откажам... А потоа, по една дождлива ноќ, во далечината се појави бела силуета, блескајќи како светлина“, напиша Идалго на Инстаграм.

Фотографот ја опиша средбата како „чудо што се случува еднаш во животот“ и изрази надеж дека оваа глетка ќе ги инспирира луѓето повеќе да ја ценат и да ја штитат природата.

Појавата на белиот ибериски рис се смета за доказ за напредокот на програмата за зачувување на видот, кој речиси целосно исчезнал во раните 2000-ти години.

Овој вид, ендемичен за Пиринејскиот Полуостров, во 2002 година броел помалку од 100 единки во дивината. Благодарение на заедничките напори на Шпанија, Португалија, Европската Унија и организациите за заштита на природата, до 2023 година популацијата се зголемила на повеќе од 2.000 единки.

Иберискиот рис (Lynx pardinus) е една од најретките големи мачки на планетата. Познат е по своите темни прамени, кратката опашка со црн врв и карактеристичните „мустаќи“ и прамени на ушите.

Тежи половина од тежината на евроазискиот рис, но игра клучна улога во рамнотежата на медитеранскиот екосистем, бидејќи ја одржува популацијата на зајаци под контрола. Откривањето на единката со бела боја ја воодушеви јавноста, но и потсети колку е кревка природата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Смрт на лабораториска техничарка во Сибир: ЕУ итно за сомневање за пневмонична чума

СЗО: Ризикот за Европа е многу низок.

Смрт на лабораториска техничарка во Сибир: ЕУ итно за сомневање за пневмонична чума

Додека Светската здравствена организација ја смирува паниката тврдејќи дека ризикот од епидемија на чума во Русија е мал, мистериозната смрт на млада техничарка во лабораторија во Сибир ја крена на нозе Европската унија.

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека ризикот од појава на епидемија на чума во Русија е мал по ненадејната смрт на млада лабораториска техничарка во сибирскиот град Иркутск.

Сепак, Европската унија внимателно ја следи ситуацијата, додека соседните земји веќе воведоа строги превентивни мерки на границите.

„СЗО не регистрираше знаци за понатамошно ширење на инфекцијата откако минатата недела почина Дарија Шипилова (28). Ризикот од епидемија во Русија е мал по ненадејната смрт на лабораториската техничарка која работеше во институт за истражување на чума во Сибир“, се наведува во соопштението на СЗО, пренесено од весникот „Гардијан“.

Младата истражувачка почина минатата недела, само два дена откако тешко се разболе. Извештаите на независните руски медиуми укажуваат дека Шипилова, која инаку работи во институт каде што се чуваат и проучуваат исклучително опасни патогени, можеби се заразила на работното место.

Според претходните извештаи, на 25 септември таа случајно скршила епрувета со патогенот на пневмонична чума. Била примена во болница на 29 септември со симптоми на тешка пневмонија, а починала во текот на ноќта меѓу 1 и 2 октомври.

Официјална Москва го минимизира значењето на овој настан, тврдејќи дека Шипилова починала од „пневмонија со непозната етиологија“.

Руските власти нагласуваат дека нема докази оти нејзината болест била предизвикана од некој од смртоносните патогени со кои таа работела. Сепак, ова тврдење е во спротивност со фактот дека се воведени строги мерки на карантин во истражувачкиот центар во Иркутск, како и во неколку блиски болници.

Исто така, болницата во која се лекувала младата жена е ставена под строга изолација, а околу 200 лица кои биле во контакт со неа се под строг медицински надзор.

Кристијан Линдмајер, портпарол на СЗО, во вторникот изјави дека нема знаци за поширока епидемија. „Сите лица кои биле во контакт со пациентката се идентификувани и нивната здравствена состојба се следи, но досега никој не покажал симптоми на болеста“, рече Линдмајер.

Тој додаде дека, додека руските власти сè уште истражуваат дали пневмоничната чума била причината за смртта, СЗО го проценила здравствениот ризик како „умерен до низок“ за Иркутск, „низок“ за остатокот од Русија и „многу низок“ за Европа.

Сепак, стравот од можна епидемија ги принуди соседните земји – Казахстан, Киргистан и Узбекистан – итно да воведат превентивни мерки на своите граници за да го спречат потенцијалното ширење на заразата.

Реакцијата од Брисел потврдува дека ситуацијата се сфаќа крајно сериозно.

Европската комисија (ЕК) и земјите-членки на Европската унија денес ќе разговараат за сомнителната појава на пневмонична чума во Сибир. Оваа тема беше итно вклучена во дневниот ред на состанокот на Комитетот за здравствена безбедност, кој ги разгледува сериозните прекугранични закани, објави „Јуроњуз“ (Euronews).

„Можам да потврдам дека инцидентот во Русија ќе биде дел од дневниот ред“, изјави портпаролот на Европската комисија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Модриќ: „Подобро е да не зборувам за тоа што му го кажав на Кукуреља“.

Капитенот Лука Модриќ го одигра својот 206-ти натпревар за репрезентацијата  на Хрватска на дуелот против Шпанија, со што се доближи до Лионел Меси на листата на играчи со најмногу настапи на сите времиња.

Модриќ: „Подобро е да не зборувам за тоа што му го кажав на Кукуреља“.

Модриќ играше до 66-тата минута од мечот во Сплит, во кој Хрватска загуби со 2:1, кога беше заменет од Петар Сучиќ.

Светски рекордер е Кристијано Роналдо со 234 настапи за Португалија, а пред Модриќ се наоѓа само Меси, кој одиграл 207 натпревари за Аргентина. По натпреварот, капитенот го коментираше исклучувањето на Иван Перишиќ.

-„Што да коментирам? Кукуреља сам се доведе во таа ситуација. Дури и не знам што се случува со новиот ВАР... Да останевме со еднаков број играчи на теренот, сигурно немаше да загубиме“, смета Модриќ.

Тој беше краток во врска со дуелот со шпанскиот лев бек. „Подобро е да не зборувам за тоа што му кажав на Кукуреља“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер