Славниот Федерер за ривалите Надал и Ѓоковиќ: Ми беше чест што го делев теренот со нив!!!

Легендарниот швајцарски тенисер Роџер Федерер изјави дека би сакал најтрофесјниот светски тенисер Новак Ѓоковиќ да биде активен тенисер што подолго.

Славниот Федерер најпрвин се осврнал на ривалството со Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал и истакнал дека му претставува голема чест што го делел теренот со нив двајца.

- Навистина бев среќен што играв против нив 40-50 пати, па имам многу спомени од тие големи натпревари, битки. Толку пати сум одговорил на прашања за нив и можам да го кажам само најдоброто. Беше одлично што го делев теренот со нив толку години – изјави Федерер.

Надал се враќа на теренот по долгата пауза во Бризбејн, додека Ѓоковиќ ја започнува сезоната во Купот на Јунајтед. Федерер има јасна порака за своите поранешни ривали.

- Се надевам дека Рафа ќе се врати силен следната година и се надевам дека Новак ќе може да игра колку што сака, бидејќи за играта е добро што овие момци се уште се таму - додаде Роџер.

Надал: Олимпијадата е најважниот спортски настан, се надевам ќе ја најдам потребната енергија

 Олимпијадата е најважниот спортски настан, се надевам дека ќе ја најдам потребната енергија.

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал проговори за претстојното учество на Олимпијадата во Париз каде ќе игра во двојки со Карлос Алкараз.

-Среќен сум што сум дел од тимот на олимписки спортисти и што ја претставувам Шпанија. Ова е најважниот настан во спортот, се надевам дека ќе ја најдам потребната енергија и ќе одработам добри тренинзи, изјави Надал за шпанските медиуми.

Тениските натпревари на Олимписките игри во Париз (Франција) ќе се одржат од 27 јули до 4 август.

Дваесет и двократниот победник на Грен слем во својата богата кариера има освоено 92 титули на АТП турнири.

Во Србија подарок од 5.000 евра за секој купувач на електричен автомобил

Властите во Србија синоќа најавија дека од буџетот ќе бидат издвоени по 5.000 евра за секој кој ќе купи нов електричен автомобил што ќе се произведува во фабриката во Крагуевац.

-Ако автомобилот чини 22 или 23 илјади, имате пет илјади од нас, секој клиент, најави српскиот претседател, Александар Вучиќ.

Како што беше најавено, денеска и официјално ќе биде означена реализација на проектот во фабриката Стелантис во Крагуевац, што се однесува на почеток на производство на електричниот автомобил „Фиат Гранд панда“.

На церемонијата ќе присуствуваат претседателот на Србија, Александар Вучиќ и Карлос Таварес, главен извршен директор на Стелантис.

Нетанјаху ќе се сретне со Бајден

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху во текот на неделата ќе се сретне со претседателот на САД, Џо Бајден во Белата куќа, изјави неименуван американски извор.

Средбата ќе се одржи како што е планирано и покрај повлекувањето на Бајден од претседателската трка, изјави анонимен американски функционер. Сè уште не е утврден точниот датум бидејќи Бајден заздравува од Ковид-19.

Нетанјаху на 24 јули треба да се обрати во Конгресот. Се очекува тој да се сретне и со потпретседателката Камала Харис.

притисни ентер