Славни мажи на кои послугата им била слабост - Канал 5

Славни мажи на кои послугата им била слабост

Иако многу познати парови делуваат идилично, многумина од нив долго време ги кријат аферите и интригите што се случувале зад вратите на семејниот дом.

Славни мажи на кои послугата им била слабост

Еве кои актери ги замениле своите сопруги со послугата.

Гевин Росдејл и Гвен Стефани

Овој месец се одекна веста дека Гвен Стефани и нејзиниот сопруг, фронтменот на рок групата „Буш“ Гевин Росдејл се разделиле. Информациите кои стигнаа во јавноста минатата недела зборуваат за тригодишната афера на Гевин со дадилката, чии пораки и разголени фотографии што му ги испраќала на Гевин на семејниот „ај-пад“ ги пронашла новата бебиситерка. За ова нововработената ја известила својата шефица.

Иако лани се роди нивниот трет син и семејството изгледаше идилично, Росдејл не губел време и наводно бил интимен со 27-годишната Минди во неговиот автобус за турнеја. Разликата помеѓу нив е 23 години. Гвен била лута и посрамотена откако дознала. Странските медиуми не се оптимистични во врска со нивното помирување, бидејќи наводно Гвен си нашла ново момче.

Итан Хок и Ума Турман

За разделбата на актерската двојка Ума Турман и Итан Хок, многумина ја обвинуваа дадилката Рајан Шохјус. Иако Итан тогаш негираше дека има некаква поврзаност со тоа, тој се разведе од Ума 2005 година и се ожени со Рајан во 2008 година, додека таа го чекаше нивното прво дете.

Дури и тогаш, Итан рече дека неговиот брак не се распаднал поради Рајан. Разликата меѓу нив е 9 години, но тоа не ги спречи љубовта или аферата да ја крунисаат со брак. Поранешните сопружници Ума и Итан живеат на иста улица и заедно ги одгледуваат децата.

Арнолд Шварценегер и Марија Шрајвер

Додека беше гувернер на Калифорнија, во 2011 година, во јавноста се појави вест за неговиот тогаш 13-годишен син, кој го добил со омажената Милдред Пати Баена, која работела како бебиситерка во семејството. Тој призна дека врската се случила во 1997 година додека го снимал филмот Бетмен и Робин, а неговата сопруга во меѓувреме започна бракоразводна постапка.

Шварценегер почнал тајно да плаќа издршка откако сфатил дека момчето Џозеф кое растело додека Милдред сè уште работела за парот е негов син. Во случајот за развод, поранешната сопруга на Арнолд, Марија, побарала отштета од 176 милиони евра.

Веројатно алудирајќи на грешката во својот живот, Арнолд еднаш изјави дека без разлика колку некои луѓе се успешни, некогаш носат глупави одлуки поради сексот.

Мик Џегер и Џери

Тогашната бебиситерка на децата на Џегер и Џери, првата средба со легендарниот музичар ја опиша како многу страсна и кажа дека не можела да одолее на средбата покрај шанкот во барот. Во 2003 година, моделот Клер Верити ја откри нивната врска, иако таа се случила 4 години претходно.

Џегер тогаш имал 56 години, додека дадилката 33. Иако аферата беше скандалозна, неговата сопруга Гери му прости на Мик за неверството, велејќи дека сè уште го сака.

Бен Афлек и Џенифер Гарнер

Прекрасната дадилка на тогашната двојка Афлек-Гарнер, Кристина Узунијан, наводно е виновникот за распадот на нивниот десетгодишен брак.

Гласините за нивната блискост се проширија откако Афлек беше виден како во нејзино друштво патува со приватен авион во Лас Вегас, каде играше покер. Исто така, згодната дадилка е видена во негово друштво како доцна навечер му дава шише шампањ.

Афлек и дадилката се разделија и го прекинаа контактот, а истото се случи и тогашната сопруга Џенифер Гарнер.

извор

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Арамијата Христијан повторно ѝ се заканува на СДСМ, стравот му влезе во коски

Во Брвеница синоќа не зборуваше премиер. Зборуваше човек што губи.

СДСМ: Арамијата Христијан повторно ѝ се заканува на СДСМ, стравот му влезе во коски

Паѓа ВМРО. Паѓа тој. Народот им ја зема довербата.

Паниката има име: Лаура Ковеши. Европско обвинителство. Истрага што не застанува пред презиме, функција и партиска книшка.

Сам призна дека води војна против СДСМ. Не против криминалот туку против единствената опозиција што го именува.

Војната ја води со цела екипа. Со Вучиќ, со Орбан, со нивните медиуми, со таканаречените новинари и лажни аналитичари. Ја води со Русија, со играчи на БИА, со Латас, со Ивона.

Со луѓе без морал. Со тендер-патриотите од ЗНАМ. Со руската Левица, анти-ЕУ, анти-НАТО, анти-Америка, што не влезе во салата и не гласаше за минимална плата од 600 евра. Ја води со Платформата, ЗНАМ 2.0, за 1,6 милиони.

Сателити. На далечинско. Не со народ.

Луксуз-патриоти со бугарски пасоши. „Институција“ со часовници од 60.000 евра и костим од 10.000. Народот нема за храна, нема за сметка. Тој има за се. Затоа таков говор во Брвеница и закана за втор круг.

Христијане. Ќе одговараш. Ти и целата банда. И тоа го знаеш. Затоа врескаш.

Затоа ти треба алиби. Затоа ти треба сателит, не глас.

СДСМ, заедно со народот, ќе ја врати власта во рацете на народот. Вистината стигна. Правдата доаѓа.

За Организираната криминална група ВМРО-ОКГ нема втор круг. Има прв круг - одговорност.

Скопје, 09.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски ги обвини САД дека не се подготвени да ѝ помогнат на Украина, бара пристап до сателитската услуга „Старлинк“

Зеленски ги обвини САД дека не се подготвени да ѝ помогнат на Украина откако во рускиот бомбашки напад вчера загинаа најмалку 35 лица на исток, со што бројот на жртви од руските напади во последните два дена се зголеми на над 70.

Зеленски ги обвини САД дека не се подготвени да ѝ помогнат на Украина,  бара пристап  до сателитската услуга „Старлинк“

Неколку часа по нападот на два автобуса во градот Краматорск, Зеленски ги критикуваше напорите на Вашингтон да воспостави економски врски со Русија.

Зборувајќи со новинарите во Прилуки, украинскиот лидер ги повика САД да се согласат со неговите барања за проширување на пристапот на Украина до сателитската услуга „Старлинк“ за да ѝ помогнат во таргетирањето на руските лансери на балистички ракети.

- Го отворивте кога му одговаравте на Иран... Јас реков сосема отворено - дајте ни го, помогнете ни да го одбраниме нашето небо и да доминираме таму. А потоа Путин ќе седне на преговарачката маса“, рече тој во емотивна изјава.

Пред Москва да нападне, високи руски и американски претставници, вклучувајќи го и специјалниот претставник на Сад Џаред Кушнер, разговараа за привлекување американски инвеститор во гасоводите „Северен тек“ што испорачуваа руски гас во Германија објави Ројтерс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Карпош: Отстранување на хаварисани возила во Карпош 3

Општина Карпош продолжува со редовната акција за подигнување и отстранување на отпадни и хаварисани возила од јавните површини на територијата на општината. 

О. Карпош: Отстранување на хаварисани возила во Карпош 3

Акцијата, која ја спроведува Секторот Инспекторат, во соработка со колективниот постапувач „ГРЕЕН РОАД“ ДООЕЛ – Скопје, започна во реонот на УЗ Карпош 3. Во рамки на акцијата беа подигнати стари отпадни возила со регистарски таблички, за кои претходно биле спроведени соодветни инспекциски постапки.

Со отстранувањето на хаварисаните возила се ослободуваат јавни површини и паркинг-простори, а воедно се придонесува кон подобрување на комуналниот ред и квалитетот на животната средина. Акцијата ќе продолжи во наредниот период, сè до отстранување на отпадните возила за кои се исполнети условите за подигнување.

Општина Карпош апелира до граѓаните на совесно и одговорно однесување и заеднички придонес кон почист, поуреден и побезбеден Карпош.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер