Славната актерка со шокантна изјава : Заедно со татко ми се дрогиравме , бевме зависници!

Актерката Џејми Ли Кертис во интервју за магазинот Верајети отворено проговори за својата борба со зависност , а откри дека извесен период се доргирала заедно сос својот татко , познатиот актер Тони Кертис.

"Знаев дека тато има проблеми како моите, па ја споделувавме дрогата. Имаше моменти кога јас бев единствено дете што сакав да разговарам со него. Имав шест браќа и сестри, а сега имам пет. Мојот брат Никола почина од предозирање со хероин кога имаше само 21 година “, раскажа актерката.

Таа споделувала кокаин со нејзиниот татко, признава Џејми.

„Тоа беше единствен пат кога земав кокаин и едно време земавме заедно. Тој беше чист некое време, обидувајќи се да се откаже околу три години, но тоа не можеше да потрае“, рече Џејми.

Во 2010 година, Тони почина од срцев удар на 85-годишна возраст, а Џејми се дрогираше со таблети против болки речиси 10 години.

„Порано земав дрога, крадев, лажев. Никој не знаеше. Никој“, признава таа.

Дури во февруари 1999 година, кога за прв пат се пријавила во програма за одвикнување , таа му признала на својот сопруг Кристофер Гостин, со кого е во брак 33 години.

"Решив да го прекинам тој циклус што го уништи со генерации животот на моето семејство . Да се ​​биде трезен беше моето најголемо достигнување во животот. Поголемо од тоа да најдам сопруг, поголемо од тоа да имам две деца, поголемо од секој деловен успех, од се “, рече актерката, која е трезна во последните 20 години, но сепак присуствува на состаноци за лекувани зависници.

Членките на ЕУ не би требало да присуствуваат на инаугурацијата на Путин, порача Борел

Според последните информации, присуство на нивни претставници на инаугуративната церемонија од членките на ЕУ најавија Словачка, Унгарија и Франција.

Моето лично мислење е сосема јасно дека земјите членки не треба да присуствуваат на инаугуративната церемонија за новиот мандат на рускиот претседател Владимир Путин во Москва, порача денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел пред почетокот на денешното во Брисел на заседанието на Советот за надворешни работи на Унијата на ниво на министри задолжени за развојна и меѓународна соработка.

- По многубројните дискусии со претставниците на земјите членки, на сите нив им порачав дека според мое мислење не треба да се присуствува на таа инаугурација и мислам дека мнозинството од земјите членки нема да присуствуваат, изјави Борел.

Тој додаде дека неприсуството на церемонијата го смета за правилна одлука, бидејќи како што рече, на крајот Путин е некој против кого има покренато обвинение од страна на Меѓународниот кривичен суд.

- Би било и контрадикторно да се присуствува на церемонијата, ако претходно оценивме дека претседателските избори не беа фер и слободно. Затоа мој совет до земјите членки е да не присуствуваат, нагласи Борел, додавајќи дека сепак на крајот суверена одлука на секоја држава е дали ќе присуствува на церемонијата.

Според последните информации, присуство на нивни претставници на инаугуративната церемонија од членките на ЕУ најавија Словачка, Унгарија и Франција. /МИА

Април возбудлив за играчите на ВЛТ

Видеолотарија Касинос Австрија им исплати на играчите 46.238.549 денари

46.238.549 денари е збирниот износ кој Видеолотарија Касинос Австрија го исплати кон играчите на видеолотариските терминали за СУПЕР МИЛИОНЕР, МИЛИОНЕР и МИНИ ЏЕКПОТ во април, оваа година.

Фантастични 46.238.549 денари легнаа на сметките на играчите на видеолотариските терминали на Видеолотарија Касинос Австрија за СУПЕР МИЛИОНЕР, МИЛИОНЕР и МИНИ ЏЕКПОТ.

Април е месец на ВЛТ добивки. Овој месец Ј.М. од Битола на 15.04.2024 ја освои најпосакуваната добивка, СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот на Видеолотарија Касинос Австрија, во вредност од 20.951.041 денари.

Во април имавме и 12 МИЛИОНЕР џекпот добивки. Играчите кои ги освоија, заедно поделија неверојатни 19.029.075 денари. Дополнително, во април играчите на ВЛТ освоија и 6.258.433 денари за МИНИ ЏЕКПОТ.

Само за потсетување, најпосакуваната ВЛТ џекпот добивка на сите времиња- СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ е во зоната на паѓање. Секој кој се забавува на видеолотариските терминали на Видеолотарија Касинос Австрија, има можност да ја освои оваа фантастична добивка. Највисокиот износ кој може да се освои со оваа добивка е 21 милион денари.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно #СуперМилионерЏекпот #МилионерЏекпот

Одбележување на Денот на македонската полиција

 Централно одбележување на Денот на македонската полиција - 7 Мај, со свеченост во паркот кај авиончето во општина Аеродром.

Најавени се обраќања на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, како и присуство на претставници на дипломатскиот кор.

Во рамки на прославата предвидени се изложба и презентација на опрема на различни полициски единици.

Поради одбележувањето на Денот на македонската полиција воведен е пособен сообраќаен режим во овој дел од градот. До 18 часот затворен за сообраќај ќе биде булеварот „АСНОМ“ на потегот од крстосницата со булевар „Србија“ до крстосницата со булевар „Февруарски поход“.

притисни ентер