Тошковски: Не смееме да дозволиме насилството од домот да се пресели во училиштата, тоа мора да се препознае и спречи
2Тошковски: Не смееме да дозволиме насилството од домот да се пресели во училиштата, тоа мора да се препознае и спречи
ТенисСлавна тенисерка е суспендирана на четири години Романската тенисерка Симона Халеп е суспендирана на четири години од тенисот поради допинг.Поранешната светска тенисерка број 1 нема играно натпревари од октомври 2022 година, кога беше обвинета за проневера на нелегални средства. Имено, Халеп паднала на допинг тестот и по минатогодишниот УС Опен и оттогаш се обидува да докаже дека е невина. Дополнително, додека се обидувала да го реши овој проблем, се појавил нов, бидејќи била обвинета за посебен прекршок, исто така за допинг, откако ѝ биле констатирани одредени неправилности во биолошкиот пасош.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00ОЈО бара притвор за скопјанецот осомничен за палењето кај бугарската амбасада08:52Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20
Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06
Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58
ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00
Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20
МакедонијаЗајкова: Доста со „шурење“ на граѓаните – во државава мора да има социјална одговорност„Три години по ред, ЛДП ја води оваа битка во Собранието, а три години по ред сведочиме како мнозинството гласа против граѓаните, а за профитите на банките. “„Додека државата се задолжува и ја полни новата буџетската дупка од 150 милиони евра заради светската криза со нови кредити во име на граѓаните, банките најавуваат нови поскапувања на провизиите за цели 30%. Ова е класично 'шурење' и насилство над народот“, вели во изјава за медиумите претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова. Зајкова вели дека недозволиво е во време кога секој студент, секој пензионер и секој социјален случај се бори за леб, банките да го гледаат само сопствениот енормен профит. Додека европските семејства уживаат во придобивките од еврозоната, каде многу банкарски услуги се бесплатни, нашиот граѓанин е казнет затоа што има сметка во банка. „Мојата порака до колегите во Собранието е кратка: Кому му служите? На граѓаните што ве гласале или на лоби-картел за профит? ЛДП повторно го поднесува законот за укинување на банкарските провизии. Овој пат нема простор за политички игри. Математиката е сурова: Секое бебе, секој пензионер, секој работник минатата година им подариле на банките суми кои реално значат една 'тринаесетта пензија' или 'зголемена плата'. Тие пари наместо во приватни недостапни сефови, мора да останат во семејните буџети“, посочува претседателката Зајкова. „Нема повеќе 'на добра волја'. Ако еднаш дозволивме Гувернерот да ги слушне аргументите на ЛДП и да ги намали трошоците, тогаш Собранието мора законски да го финализира тоа. Бараме едногласно усвојување на законот. Секој пратеник што ќе гласа 'против' или ќе се воздржи, директно им порачува на граѓаните: 'Твојот џеб не ми е важен, профитот на банката ми е приоритет. ЛДП нема да запре“, заклучува Зајкова и дополнува дека ова е борба за достоинство, а не за политика и редно време е да се стави крај на осиромашувањето на народот за богатењето на неколкумина. Либерално-демократска партијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00ОЈО бара притвор за скопјанецот осомничен за палењето кај бугарската амбасада08:52Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20
Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06
Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58
ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00
Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20
МакедонијаТошковски: Не смееме да дозволиме насилството од домот да се пресели во училиштата, тоа мора да се препознае и спречи Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска учествуваше на настанот по повод почетокот на проектот „Прекинување на циклусот на насилство – системска превенција на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем“.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска учествуваше на настанот по повод почетокот на проектот „Прекинување на циклусот на насилство – системска превенција на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем“, организиран во Владата на Македонија. На настанот учествуваа и министерката за образование и наука Весна Јаневска, министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани и претставници на стручната јавност, меѓу кои и Комората на психолози. Во своето обраќање министерот Тошковски истакна дека податоците со кои располага Министерството за внатрешни работи укажуваат на сериозен раст и на семејното и на врсничкото насилство, нагласувајќи дека изложеноста на насилство во домот претставува еден од најзначајните ризик-фактори за подоцнежно агресивно однесување кај децата и младите. „Во периодот од 1 јануари до 28 мај оваа година се регистрирани 768 кривични дела поврзани со семејно насилство, наспроти 460 во истиот период минатата година, што претставува зголемување од 67 проценти. Само во првите две недели од јуни регистрирани се уште 89 нови кривични дела од оваа област“, истакна министерот Тошковски. Тој посочи дека Министерството за внатрешни работи реагира брзо и одлучно во случаите на семејно насилство, при што годинава се поднесени 601 кривична пријава, а мерки на кривичен прогон се преземени против 609 лица. Осврнувајќи се на состојбите со врсничкото насилство, министерот информираше дека годинава се регистрирани 93 инциденти во 64 училишта, што претставува зголемување во однос на минатата година. „Особено загрижува фактот што насилството врз деца е повеќе од двојно зголемено, а кривичното дело силување на дете под 15 години е регистрирано шест пати, наспроти еден случај во истиот период минатата година. Ова се податоци кои не смеат да останат без реакција“, нагласи Тошковски. Министерот истакна дека кривично-правната реакција е неопходна, но дека долгорочно решение може да се постигне само преку навремена превенција, рано препознавање на ризиците и координирана институционална акција. Тој ја нагласи важноста од размената на информации меѓу полицијата, училиштата и центрите за социјална работа, со цел навремено препознавање на децата кои се изложени на насилство и спречување на понатамошни негативни последици. Министерството за внатрешни работи целосно ја поддржува изработката на унифициран протокол за постапување при сомнеж за насилство и ќе продолжи со континуирани обуки на полициските службеници за рано препознавање на знаците на семејно насилство, особено кога жртви или сведоци се деца. На крајот од своето обраќање, министерот Тошковски упати благодарност до Министерството за образование и наука, Министерството за социјална политика, демографија и млади и Комората на психолози за заедничката посветеност во градењето системски пристап за спречување на насилството и заштита на децата и младите, соопштуваат од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00ОЈО бара притвор за скопјанецот осомничен за палењето кај бугарската амбасада08:52Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20
Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06
Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58
ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00
Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20
СветТрамп сака да го лиценцира производството на оружје на сојузниците Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ќе разгледа можност за американски одбранбени компании да лиценцираат производство на оружје во Европа и Украина. Целта е да се реши недостигот од пресретнувачки ракети за системи за воздушна одбрана што Киев треба да ги брани од руските балистички ракети, објави Блумберг, повикувајќи се на претставници запознаени со дискусиите на самитот на Г7 во Франција. Побрз начин за зајакнување на сојузниците Според извештајот, Трамп има намера да побара од американските производители на воена опрема да доделат лиценци за производство на европски и украински компании. Американскиот претседател го гледа ова како побрз начин за зајакнување на сојузниците, со оглед на тоа што американските залихи беа значително исцрпени за време на војната со Иран, а ќе биде потребно значително време за проширување на домашното производство. „Тие би го сакале тоа, а ние ќе го разгледаме“, им рече Трамп на новинарите на 17 јуни. Европските лидери ја поздравија иницијативата Германскиот канцелар Фридрих Мерц им рече на новинарите дека „конкретните лиценци за кои станува збор ќе бидат детално разгледани меѓу земјите учеснички“. Тој рече дека ова би вклучувало давање широки лиценци на компании кои поседуваат потребни технички можности. „Сите се соочуваме со проблемот на премалку производство во моментов, а тоа може да се компензира со доделување лиценци на компании кои имаат потребен производствен капацитет. Ова ги вклучува европските и украинските компании“, рече Мерц. И францускиот претседател Емануел Макрон потврди дека за време на разговорот, Трамп „инстистирал на мобилизација на американската одбранбена индустрија и нејзината способност да обезбеди таква опрема“. Отстапување од традиционалната политика САД традиционално се многу заштитнички настроени кон своите технологии и лиценцни аранжмани поради загриженост за интелектуалната сопственост и безбедноста на синџирот на снабдување. Сепак, некои оружја, вклучително и ракетите „Патриот“, веќе се произведуваат во Германија. На самитот на Г7 во Евиан-ле-Бен на 16 јуни, лидерите се согласија да ги зголемат испораките на системи за воздушна одбрана и пресретнувачки ракети за Украина. Во тоа време, тие исто така изјавија дека се подготвени да разгледаат доделување лиценци за нивно производство директно во Украина.Тагови: Доналд Трамп оружје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00ОЈО бара притвор за скопјанецот осомничен за палењето кај бугарската амбасада08:52Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20
Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06
Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58
ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00
Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20