Славески: Девизните резерви се во сигурни раце, изнесуваат 4,6 - 4,7 милијарди евра што е сосема комотна позиција за земјата - Канал 5

Славески: Девизните резерви се во сигурни раце, изнесуваат 4,6 - 4,7 милијарди евра што е сосема комотна позиција за земјата

 Девизните резерви се во сигурни раце. Моментно изнесуваат 4,6 - 4,7 милијарди евра што е сосема комотна позиција за земјата.

Славески: Девизните резерви се во сигурни раце, изнесуваат 4,6 - 4,7 милијарди евра што е сосема комотна позиција за земјата

Девизните резерви се во сигурни раце. Моментно изнесуваат 4,6 - 4,7 милијарди евра што е сосема комотна позиција за земјата, а покриваат околу 4,5-месечни вредности на увозот додека светскиот стандард што се препорачува е 3 - 3,5, рече денеска гуврнереот на Народната банка (НБ) Трајко Славески.

Како што истакна Славески на денешната отворена работна средба со претседателот на Стопанската комора Бранко Азески и со претставници на раководството на Комората, дел од девизните резерви се во злато кое Македонија го чува во Банката во Англија. Тим на НБ предводен од гувернерот наесен планира да ја посети Англиската банка и да провери дали златото е таму. Но, златните резерви, информира гувернерот, засега не се на задоволително ниво.

-Можеме да бидеме сигурни дека девизните резерви се во сигурни раце. Тие не биле никогаш проблем. Има посебни дирекции во НБ кои раководат со нив и за тоа поднесуваат извештај до Собранието. Имаме обучени лица кои континуирано ги следат девизните резерви и движењата на пазарите, на дневна основа. Дел од девизните резерви се во злато кое го чуваме во Банката во Англија. Планирам со мој тим наесен да провериме дали е таму. Надлежни лица од НБ биле во инспекција и тоа е редовна процедура. Остатокот се вложува во сигурни хартии од вредност и во банки кои се меѓу најсигурните во светот. Редовно имаме позитивни приходи од чувањето на девизните резерви и од раководењето со нив, истакна Славески, потсетувајќи дека висината на девизните резерви е клучен фактор за одржување на фиксниот девизисен курс кога има нестабилност на светските пазари.

Тој не знае, рече, зошто е прекината практиката земјава да не го зголемува износот на монетарното злато.

-Во минатото НБ од рудниците го откупуваше златото и го ставаше во златните резерви. Моментно тие не се на задоволително ниво. Златото барем последната година двојно ја зголеми цената. Секогаш кога настанува некоја несигурност во светот, инвеститорите бегаат во сигурни средства, а едно од нив е златото, потенцира гувернерот.

Во текот на јавната дискусија, Азески укажа дека за бизнисот се уште клучни проблеми се борбата против корупцијата, сложените банкарски процедури за граѓаните и компаниите, транспарентноста,...

-Сите се колнеме во транспарентност, а транспрентноста никаде ја нема, на пример за државната помош со странските инвеститори, за стоковните резерви, за девизните резерви..., рече Азески.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Штрајк на 400.000 работници во Германија- бараат поголеми плати

Повеќе од 400.000 работници во автомобилската, машинската и електроиндустријата во Германија излегоа на улиците и организираа предупредувачки штрајкови откако пропаднаа неколку рунди преговори за плати, објави синдикатот IG Metall.

Штрајк на 400.000 работници во Германија- бараат поголеми плати

Според AFP, податоците на синдикатот покажуваат дека околу 413.000 работници учествувале во штрајкови од минатиот викенд до петок, пренесе Кликс.

Првите собири пред фабричките порти започнаа во недела, 1 ноември, на полноќ, кога истекоа претходните договори за плати. Со нивното истекување, заврши и законската обврска на синдикатите да се воздржат од штрајкови.

Штрајкови во повеќе од 2.000 компании

Синдикатот IG Metall најави предупредувачки штрајкови во повеќе од 2.000 компании низ Германија само за оваа недела.

Барањата на синдикатот се фокусирани на:

• Зголемување на платите за седум проценти, со дополнителни подобрувања за работниците со најниски приходи.

• Зачувување на постојните работни места и локации за производство.

• Учество на вработените во распределбата на профитот на компанијата.

Од друга страна, за време на втората рунда преговори, работодавците презентираа понуда за трајно зголемување на платите од 1,3 проценти, со имплементација дури од јули 2028 година.

Синдикатот го окарактеризираше таквиот предлог како провокација која, како што наведуваат, всушност би им донела на работниците вистински пад на приходите.

„Работниците се борат за иднината на своите семејства и своите работни места. Тие очекуваат значително зголемување на куповната моќ и поконкретно преземање на обврските и инвестициите на работодавците“, рече главниот преговарач на IG Metall, Надин Богуславски.

Богуславски додаде дека синдикатите излегле со фер и флексибилна понуда и дека во овој момент потегот зависи од работодавците.

Преговорите меѓу двете страни ќе продолжат следната недела. Синдикатот предупредува дека штрајковите ќе траат значително подолго доколку работодавците не одговорат на барањата. Во овие преговори директно се вклучени повеќе од 3,7 милиони работници вработени во еден од клучните сектори на германската економија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсени се 17 возачи: Десетмина немале возачка, петмина возеле пијани- еден дури со 3,35 промили алкохол во крвта

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие поради безобѕирно управување со моторно возило.

Уапсени се 17 возачи: Десетмина немале возачка, петмина возеле пијани- еден дури со 3,35 промили алкохол во крвта

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициски службеници лишиле од слобода 17 лица додека со едно лице е извршен службен разговор, поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Десет лица управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за Е.С.(34), Р.Ш.(18), Б.К.(19), кој управувал мотоцикл, Б.А.(49) и П.И.(29), сите од Скопје, А.А.(37) од Гостивар, Д.Л.(34) од Прилеп и Е.В.(53) од Струга.

Во Виница, 14-годишен малолетник, пред да се стекне со право на управување со моторно возило, изгубил контрола над мопедот и паднал. Исто така, службен разговор бил извршен со Е.Е.(19) од Велес, кој учествувал во сообраќајна незгода со мотоцикл без регистарски ознаки и две други возила, а претходно не се стекнал со право на управување со моторно возило.

Пет лица управувале возило под дејство на алкохол. Кај К.К. биле измерени 3,35 промили алкохол во крвта, кај И.А.(52) од Куманово 2,17 промили, кај Н.Ѓ.(33) од Куманово 1,55 промили, кај С.Ј.(34) од Битола 1,60 промили, а кај Х.П.(28) од Охрид 1,68 промили алкохол во крвта.

Две лица управувале возило и покрај активна забрана за управување со моторно возило. Станува збор за А.Ш.(39) од село Обедник, демирхисарско, и Р.Л.(55) од Охрид, кој претходно учествувал во сообраќајна незгода управувајќи патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки.

Г.Р.(53) од село Мусинци, општина Могила, управувал возило без положен возачки испит и под дејство на алкохол, при што му биле измерени 2,92 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, под дејство на алкохол или за време на активна забрана за управување. Особено апелираме до родителите да не им дозволуваат на малолетни лица да управуваат моторни возила пред да се стекнат со законско право за тоа. Одговорното однесување во сообраќајот е од суштинско значење за спречување на сообраќајни незгоди и заштита на човечките животи, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен е охриѓанец- во неговиот дом се пронајдени дрога и пари

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдена дрога и пари.

Уапсен е охриѓанец- во неговиот дом се пронајдени дрога и пари

На 07.11.2026 година, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(49) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени три опаковки со бела прашкаста материја и пари.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер