Славен продуцент ја одби соработката со Анџелина Џоли: Разгалена е и минимално талентирана (ВИДЕО) - Канал 5

Славен продуцент ја одби соработката со Анџелина Џоли: Разгалена е и минимално талентирана (ВИДЕО)

Иако повеќето филмски режисери и продуценти би биле воодушевени да соработуваат со Анџелина Џоли, еден продуцент реагираше сосема спротивно.

Славен продуцент ја одби соработката со Анџелина Џоли: Разгалена е и минимално талентирана (ВИДЕО)

Имено, Скот Рудин беше крајно незадоволен од можноста за соработка, а околностите на крајот доведоа до тоа филмот воопшто да не биде снимен. Проектот се однесуваше на нова верзија на „Клеопатра“, која е во развој повеќе од една деценија и сè уште не е блиску до реализација.

Претходната верзија на филмот ја имаше Анџелина Џоли во главната улога, а Дејвид Финчер како режисер, што, според протечените е-пораки на Рудин, му предизвика големо незадоволство. Наводно, тој бил изненаден од обидот на Џоли да го убеди Финчер да се откаже од планираниот биографски филм за Стив Џобс и да го одложи почетокот на Клеопатра додека не го заврши своето режисерско деби „Во земјата на крвта и медот“, објавува списанието Far Out.

Не му се допадна што таа се обидува да ја преземе контролата

Во порака до колешката Ејми Паскал, Рудин напиша: „Нема да ја уништам мојата кариера поради разгалено детиште без талент кое немаше проблем да одложува проект 18 месеци за да режира филм“.

Продуцентот Рудин продолжи со многу остри критики. Во истите е-пораки, тој напиша: „Нема филм за Клеопатра што треба да се направи. И како тоа би било лошо, со оглед на лудилото и преголемото его на оваа разгалена жена и цената на филмот?“ Веројатно е јасно дека не му се допаднал нејзиниот наводен обид да ја преземе контролата врз проектот.

Иако Рудин несомнено посакува тие е-пораки никогаш да не беа објавени, фактот што и Џоли и Финчер на крајот се откажаа од проектот можеби му ги олеснија работите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Две кумановки и пет банкарки злоупотребиле лични податоци се офајдиле со 194 илјади евра

Две кумановки и пет банкарски служебници добиле кривични пријави за измама, злоупотреба на лични податоци и злоупотреба на службена положба и овластување, поради сомнеж дека оштетиле повеќе граѓани за сума од над 194 милиони денари..

Две кумановки и пет банкарки злоупотребиле лични податоци се офајдиле со 194 илјади евра

Во периодот од јануари до јули 2026 година во 18 наврати, искористувајќи лични податоци на повеќе лица, во нивно име и без нивна согласност аплицирала за брзи потрошувачки кредити, а по одобрувањето и исплата на парите , тие биле противправно присвоени од прво и второпријавената.

Додека, останатите пријавени, вработени како банкарски службеници во филијала на една банка, овозможиле реализација на измамата и располагање со парични средства, со што им овозможиле на прво и второпријавената да се стекнат со противправна имотна корист во вкупен износ од 194 илјади евра, информираа од МВР...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Крилца

Во четврток (15.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Оливер Лозаноски.

„Гответе со Дракче“ - Крилца

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. пилешки крилца

150 гр. криспи брашно

масло

сол и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ врати долг од 2,31 милијарди евра за две години, наспроти 806 милиони евра во времето на СДС и ДУИ

Фактите се мерат со бројки. Вратен долг (отплатена главнина) во првите 24 месеци од мандатот:

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ врати долг од 2,31 милијарди евра за две години, наспроти 806 милиони евра во времето на СДС и ДУИ

СДС–ДУИ: 49,6 милијарди денари - 806 милони евра вратена главнина на долг.

ВМРО-ДПМНЕ: 142,2 милијарди денари - 2,31 милијарди евра вратена главнина на долг.

Тоа се 2,87 пати или 187% повеќе средства насочени кон сервисирање на доспеаната главнина.

Важно е да се напомене дека средствата што ги исплаќа оваа влада се без исклучок земени во мандатот на претходната влада.

Одговорното управување со јавните финансии значи обврските да се сервисираат навреме, а истовремено да се обезбедат средства за функционирање на државата, инвестиции и развој.

2,31 милијарди евра вратена главнина за две години.

Бројките најдобро ја покажуваат тежината на обврските што државата ги сервисира.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер