Шоу бизХоливудски продуцент осуден на 146 години затвор за двојно убиство и серија силувањаХоливудскиот продуцент Дејвид Пирс е осуден на 146 години затвор откако беше прогласен за виновен за смртта на две жени во 2021 година, како и за серија сексуални напади врз други жени. Пирс е одговорен за смртта на моделот Кристи Џајлс и нејзината пријателка Хилда Марсела Кабралес-Арзола, кои починаа од предозирање со фентанил. Тој ги оставил пред болница Според канцеларијата на окружниот обвинител на Лос Анџелес, Пирс и друг маж, Брант Осборн, се сретнале со Џајлс и Кабралес-Арзола во ноември 2021 година. Властите велат дека жените отишле со нив во станот на Пирс, каде што им била дадена смртоносна доза од лековите „GHB“ и фентанил. Иако Кабралес-Арзола побарала превоз околу 35 минути по пристигнувањето во станот, таа на крајот не си заминала. Откако жените ја изгубиле свеста, Пирс и Осборн ги изнеле од станот и ги оставиле пред две различни болници во областа на Лос Анџелес. Џајлс починала пред да стигне до болницата, додека Кабралес-Арзола поминала 11 дена на апарати за одржување во живот пред нејзиното семејство да донесе одлука да ги исклучи. Кристи Џајлс Низа обвиненија за силување Покрај смртта на двете жени, Пирс беше осуден за силување на седум други жени помеѓу 2007 и 2021 година. Обвиненијата вклучуваа три обвиненија за силување со употреба на сила, две обвиненија за сексуална пенетрација со употреба на сила, едно обвинение за силување додека жртвата била во несвест и едно обвинение за присилна содомија. По неговото апсење во декември 2021 година, седум жени излегоа со обвинувања. Пирс ги негираше сите обвиненија на судењето, тврдејќи дека никогаш не се сретнал со една од жените и дека другите средби биле консензуални. Правда за жртвите „Оваа пресуда носи долгоочекувана правда за починатите девојки и храбрите жртви на сексуален напад кои излегоа и сведочеа“, рече окружниот обвинител на округот Лос Анџелес, Натан Џ. Хохман. „Жртвите не само што беа сексуално нападнати, туку животите на Кабралес-Арзола и Џајлс беа украдени на еден од најразорните можни начини - преку сексуалниот напад предизвикан од фентанил од страна на Пирс.“ Ко-обвинетиот на Пирс, Брант Осборн, треба да се соочи со повторно судење следниот месец, во ноември 2025 година, откако поротата не успеа да донесе едногласна пресуда против него по две точки од обвинението за соучество во убиство.Тагови: Убиство Холивудски продуцент силувања Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
ФудбалВидео: Фудбалски спектакл во Париз, европскиот шампион ПСЖ подобар од фуриозната Барселона Сè што сакаме од фудбалот видовме синоќа на Паркот на принцовите во Париз. Дуелот меѓу во моментов сигурно двете најдобри екипи на светот европскиот првак ПСЖ и шпанскиот шампион Барселона покажа зошто фудбалот е најпопуларниот спорт на планетаБранителот на тронот ПСЖ во спектакуларен дуел го победи големиот ривал Барселона во рамките на 3 коло од Лигата на шампионите со 4-2. Целиот свет со големо нетрпение го очекуваше овој натпревар и, без сомнение, овој спектакл ги оправда сите очекувања. Во меч во кој топката скоро никогаш не мируваше видовме многу феноменални порези од фудбалерите на двете екипи , се редеа шанси пред двата гола и на крајот сосема заслужено трите пода останаа на контотои на домаќинот ПСЖ, иако ако победеше и барселона тоа немаше да биде незаслужено. Предводникот на Барса , Флик дури и на ваков супер дерби успеа да одмори неколку свои ѕвезди пред неделното ел класико против Реал. Мадрид. Седум натпревари се одиграа во вечерната сесија од 3.коло во Лигата на шампионите. ПСЖ - Барселона 4:2 (Дуе 38', Ернандез 72', Витиња 81', Руиз 86' / Еспарт 55', Јамал 79') Манчестер Сити - АЕК 5:1 (Андерсон 12', Фоден 34', 65', 76' Черки 57' / Пилиос 52') Рома - Слован 4:0 (Хермосо 21', Молина 39', Писили 52', Мален 58' - 11 м.) Порто - ПСВ 0:1 Ливерпул - Виљареал 4:3 (Мак Алистер 36', 65' Араухо 45+2', Вирц 68' / Микаутадзе 4', Кардона 29', Олувасеи 87') Штутгарт - Атлетико Мадрид 1:1 (Левелинг 36' / Алварез 47') Наполи - Бодо/Глимт 4:3 (Политано 1', МекТоминај 41', 75', Бјортуфт 88' - аг / Хауге 27', Хелмерсен 62', Фет 90+4') Вечерва играат : среда 18.45 Комо - М. Јунајтед Лил – Галатасарај 21.00 Астон Вила - Викинг Баерн - Арсенал Бетис - Феенорд Клуб Бриж - Ланс Интер - Шахтјор Реал Мадрид - Лајпциг Спортинг - ЛАСККрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
МакедонијаТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ Во сообраќајна несреќа синоќа на мостот Беласица во Скопје при судир на две возила повредени се три лица.Според информациите од МВР, несреќата била пријавена околу 20:50 часот, кај крстосницата со улицата Ѓуро Ѓоновиќ, во правец кон трговскиот центар. Во несреќата учествувале патничко возило „мерцедес“, управувано од 37-годишниот М.П. од Скопје, и автомобил „ауди“ управуван од 21-годишниот О.Ц., исто така од Скопје. Од судирот, двајцата возачи и еден сопатник се здобиле со телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЗеленски: Украина сака што поскоро да ја заврши војната со Русија и е подготвена за преговори Зеленски по разговорите во Осло изјави дека Украина сака што поскоро да ја заврши војната со Русија и е подготвена за преговори.Финскиот претседател Александар Стуб изјави дека на средбата со американскиот претставник Стив Виткоф е постигнат вистински напредок и дека предлозите за мир ќе бидат доставени до руската страна, пишува Би-Би-Си. Зеленски потврди дека американскиот систем за рано предупредување против руски напади сега повторно функционира и им се заблагодари на САД за соработката.„благодарни сме на американската страна. - Сега функционира, одлично е“рече Зеленски нагласувајќи колку се важни навремените предупредувања за безбедноста на украинското население. Неговата изјава доаѓа по неколкудневните тензии меѓу Киев и Вашингтон поради украинските тврдења дека САД повеќе не даваат навремени информации за руските ракетни напади. Американскиот државен секретар Марко Рубио претходно ги отфрли обвинувањата дека Вашингтон намерно крие разузнавачки информации од Украина. Тој тврдеше дека немало политичка одлука за прекин на соработката, туку дека проблемите се од техничка природа. Финскиот претседател Александар Стуб изјави дека учесниците на состанокот постигнале вистински напредок по две важни групи прашања – долгорочни мировни решенија и итни мерки што би можеле да го намалат бројот на жртви. Зборувајќи за долгорочното решение, тој рече дека се пронајдени одредени елементи од можен мировен договор и дека предлозите ќе ѝ бидат презентирани на руската страна за време на утрешните разговори во Русија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook