ЛиДеМ и Форум на жени на ЛДП: Откако им кажа на првачињата родителите да им се сексаат, сега слуша попови за сексуалното здравје! Има ли крај лудилово?
2ЛиДеМ и Форум на жени на ЛДП: Откако им кажа на првачињата родителите да им се сексаат, сега слуша попови за сексуалното здравје! Има ли крај лудилово?
Од 2 до 8 септември, се пријавени два нови случаи на заболени и двајца починати од западно-нилска треска
1Од 2 до 8 септември, се пријавени два нови случаи на заболени и двајца починати од западно-нилска треска
3Три работи за себе кои не треба да ги откривате пред сите: Укажуваат на вашите слабости, а манипулаторите се хранат со нив
ФудбалSky Sports: Манечестер ќе го избрка Роналдо, доколку не го смени односот (ВИДЕО)Манчестер Јунајтед го продолжи разочарувачкиот почеток на сезоната со гостувањето кај Брентфорд во саботата.Натпреварот заврши 4:0 за домаќинот, кој таа предност ја создаде до 35. минута во игра која стручњаците ја опишаа како ново дно за славниот клуб од Олд Трафорд. За лошиот настап на тимот придонесе и Кристијано Роналдо. Португалскиот напаѓач овојпат го одигра целиот натпревар, но се уште е без гол за Јунајтед оваа сезона. По последниот свиреж на судијата, тој отиде директно во соблекувалната, гестикулирајќи и неволно се ракуваше со другите учесници. Тој не се ни поздрави со својот тренер Ерик тен Хаг, кој замислен со рацете на грб стоеше на линијата, туку само помина покрај него. Незадоволството на Роналдо во Манчестер не е премногу голема вест. Тој покажа фрустрација пред почетокот на сезоната, кога побара од клубот да го пушти. Португалецот наводно сака да игра во Лигата на шампионите, но тоа нема да може да го направи со Манчестер оваа сезона. Скај Спортс дознава дека Манчестер ќе го раскине договорот со Роналдо доколку тој не го подобри своето однесување. Роналдо покажа недисциплина, замина еден натпревар порано во подготвителната сезона, а Тен Хаг го остави на клупата против Брајтон во првото коло од првата минута и го викна само во вториот дел. Менаџерот на Роналдо, Жорге Мендеш наводно веќе некое време бара нов клуб за 37-годишниот напаѓач. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
СветНајмалку пет лица загинале, а 80 се водат како исчезнати откако избувнал пожар на траект (ВИДЕО)Најмалку пет лица загинале, а 80 се водат како исчезнати откако избувнал пожар на патнички траект во близина на брег на Филипините.Портпаролката на филипинската крајбрежна стража, соопшти дека во спасувачките акции што се уште траат досега од бродот се извлечени 42 лица. Траектот синоќа пловел од главниот град Манила кон Корон, кога ненадејно се запалил на околу два километри од брегот. Засега не е позната причината за пожарот. На траектот имало 134 лица. Властите започнаа истрага за причината за пожарот, како и за евентуално прекршување на безбедносните прописи, вклучително и дали траектот бил преоптоварен и дали на сите патници им биле обезбедени спасувачки елеци. PHILIPPINES FERRY FIRE LEAVES 5 DEAD, 87 MISSING At least five people died and 87 were reported missing after passenger ferry MV June Aster caught fire near Coron, Palawan. So far, 42 people have been rescued. A total of 134 people were onboard. pic.twitter.com/uLtsHnxCCP — Subodh Kumar (@kumarsubodh_) September 10, 2026 Тагови: пожар траект Филипините Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаЛиДеМ и Форум на жени на ЛДП: Откако им кажа на првачињата родителите да им се сексаат, сега слуша попови за сексуалното здравје! Има ли крај лудилово?Министерката Весна Јаневска го изгуби целосно компасот на почетокот на учебната година и сега го доведе Министерството за образование до степен на целосен средновековен опскурантизам. Откако пред само неколку дена ја шокираше јавноста со бизарна изјава во која им порачуваше на шестгодишни деца нивните родители да прават деца т.е. братчиња и сестричиња, сега доживеавме нов институционален срам: наставната програма за Сеопфатно сексуално образование (ССО) за средношколци се повлекува одлучно и експресно, само затоа што еден владика ѝ напишал отворено писмо! „Иако министерката самата јавно призна дека „не е стручна“, наместо да ги слуша експертите, медицината, УНИЦЕФ, ИНТЕРПОЛ и Светската здравствена организација, таа одлучи здравствената едукација на младите да ја диктираат црковни догми“, изјави Тамара Гарческа од Либерално-демократската младина (ЛиДем). Таа ги постави следните прашања од ЛиДеМ и ФЖ на ЛДП: Дали беше стручна кога препорачуваше кога промовираше зголемена сексуална и репродуктивна активност на родителите? Дали министерката навистина мисли дека со повлекувањето на образованието од училиштата ќе ги исчезне ризиците на кои средношколците се изложени секој ден? Дали знае министерката за случајот од оваа недела за 15-годишната средношколка од Македонија сексуално малтретирана на летот Скопје-Загреб? Дали знае во кој век живееме и каде тера? Податоците на домашните и меѓународните истражувања покажуваат сурова реалност што МОН свесно избира да ја игнорира: над 12.000 деца во Македонија се изложени на онлајн сексуална експлоатација, уцени, малтретирање и споделување интимни фотографии без нивна согласност. Во земја каде што малолетничките бремености се трипати повисоки од просекот во ЕУ и каде што се регистрираат сѐ поголем број нови случаи на ХИВ, повлекувањето на ССО не ги отстранува насилниците, ниту социјалните мрежи како ТикТок и Снепчет. Тоа само им го одзема на младите единственото оружје — знаењето како да се заштитат, како да препознаат злоупотреба, да постават граници и да кажат „НЕ“. ЛиДеМ и Форумот на жени на ЛДП порачуваат дека образованието не смее да се води од страв, верски притисоци и политички кукавичлук. “Запрете го лудилото и оставете ги младите да се едуцираат врз основа на наука, превенција и факти, а не од темните агли на интернетот и догматски сфаќања!“ порачува Тамара Гарческа од младите на ЛДП. Либерално-демократска партијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУтре започнува четвртото издание на „Taste the South“ на нова локација во ГевгелијаУтре, 11 септември, во Гевгелија започнува четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the South“. Во текот на три фестивалски дена, посетителите ќе имаат можност да уживаат во традиционални вкусови, локални гастрономски производи, вина, музика и програма наменета за сите генерации. Годинешното издание ќе се одржи на нова локација – во Mega Shopping Park во Гевгелија. Фестивалот ќе започне утре во 18:30 часот, а програмата во петок и сабота ќе трае до 01:00 часот по полноќ. Во недела, содржините ќе започнат во 14:00 часот и ќе продолжат до полноќ. „Taste the South“ четврта година по ред ги обединува гастрономската традиција, локалните производители, културното наследство и музиката во единствено фестивалско доживување. Секој фестивалски ден ќе биде посветен на различен препознатлив вкус од југот. Во петок, посетителите ќе можат да ја проследат подготовката и да дегустираат домашен ајвар. Саботата ќе биде посветена на смоквите и производите од нив, додека во недела ќе се одржи дегустација на традиционална ракија. Во фестивалската понуда ќе учествуваат и локални производители и винарии, кои пред посетителите ќе претстават избор на производи и вина. На тој начин, фестивалот ја промовира автентичната гастрономија на гевгелискиот регион и го доближува неговото културно и кулинарско наследство до домашните и странските посетители. Петок, 11 септември Музичката програма ќе започне во 18:30 часот со настапите на ЗГУД „Негорци“ од Негорци и ЗГУД „Браќа Толеви“ од Прдејци. Во 19:30 часот ќе настапи Филип Стојанов, во 20:45 часот „Пауза за ракија“, а во 22:10 часот „Куку Леле“. Првата фестивалска вечер ќе ја заокружат „Брас Брадарс“, чиј настап е закажан за 23:50 часот. Петочната гастрономска програма ќе биде посветена на подготовката и дегустацијата на ајвар. Сабота, 12 септември Саботната програма ќе започне во 18:30 часот со КУД „Танец“ од Миравци. Во 19:15 часот ќе настапи „Леге Артис“, а во 20:15 часот Кико Болеро и „Болеро бенд“. Во 21:30 часот на сцената ќе се појави „Нокаут“, додека вечерта ќе продолжи со настапот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе“ од 23:15 часот. Вториот фестивалски ден ќе ги стави во фокус смоквите и локалните специјалитети подготвени од нив. Недела, 13 септември Последниот фестивалски ден ќе понуди програма за малите и за големите. Во 14:00 часот ќе настапи Школото за гитари при Пионерскиот дом, а во 15:00 часот Школата за тапани при Пионерскиот дом. Во 17:00 часот следува настапот на Ансамбл „Бојмија“, а во 17:45 часот ќе настапи „Мистик“. Во 18:30 часот ќе започне Интернационалниот детски музички фестивал „Калинка“. Вечерната програма продолжува со Наталија Данаилова во 19:45 часот, „Два Бона“ во 21:00 часот и Каролина Гочева во 22:30 часот. Неделата ќе биде посветена на традиционалната ракија, со дегустација и гастрономски содржини, како и целодневна забава за посетителите од сите возрасти. Низ тридневната програма, публиката ќе ја водат „Диверзија“ и Марко „Дај побрзај“. Со спојот на храната, виното, традицијата и музиката, „Taste the South“ продолжува да ја претставува Гевгелија како гостопримлива дестинација со препознатлива јужна енергија и автентична фестивалска понуда. „Taste the South“ ќе се одржи од 11 до 13 септември 2026 година во Mega Shopping Park, Гевгелија. Фестивалот е бренд на Општина Гевгелија.Тагови: Гевгелија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook