Скопје одбележува 58 години од катастрофалниот земјотрес - Канал 5

Скопје одбележува 58 години од катастрофалниот земјотрес

Скопје денеска со повеќе активности и манифестации ќе одбележи 58 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, кога се разбуди во урнатини под кои 1.070 лица го загубија животот, а 3.000 беа повредени.

Скопје одбележува 58 години од катастрофалниот земјотрес

И оваа година поради корона пандемијата одбележувањето ќе биде според строгите мерки протоколи.

Традиционално, во 10 часот, пред Споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес на Градските гробишта во Бутел, официјални делегации и претставници на институции ќе положат цвеќе. Цвеќе ќе положат скопскиот градоначалник Петре Шилегов и делегација на Советот на Град Скопје.

Општинската организација на Црвениот крст од Кисела Вода во соработка со Институтот за трансфузиологија ја организира традиционалната крводарителска акција. Акцијата ќе почне во 9 часот и ќе трае до 17 часот, во Дневниот центар за дарување крв во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз".

По повод годишнината од земјотресот, традиционално, и Град Скопје и јавните културни установи ќе организираат многубројни настани.

Во Музејот на Град Скопје во 19 часот ќе се одржи поетско читање на Организацијата на жени на Град Скопје, а во 20 часот ќе се отвори изложбата „Колаж на еден разурнат град".

Во 9 часот ќе се организира „Скопска аванТУРА" – Детска едукативна прошетка низ минатото на Скопје, а почетната точка ќе биде Феудална кула кај Домот на АРМ.

Во 19 часот ќе се одржи и свеченото пуштање во употреба на новиот кеј „13 Ноември", на кое ќе присуствува градоначалникот Шилегов. Ќе има и настап на Градски дувачки оркестар и изложба на отворено „Сигналитика на централното подрачје на Скопје".

Во Национална опера и балет во 20:30 часот, како дел од 42-то издание на „Скопско лето", ќе се одржи балетската претстава „Сви марш на плес" (Balkan Dance Project). Ќе учествуваат танчери од земјава, од Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Србија.

Кореограф е Игор Киров, драматург е Горан Головко, музиката е на „Бјело Дугме", а светло мајстор е Амир Ахиќ. Балетскиот ансамбл го сочинуваат: Бранко Митровиќ, Јакша Филиповац, Лука Живковиќ, Енди Шротер, Емир Фејзлиќ, Мојца Мајцен, Теодора Радивојевиќ, Зулејха Кецо и Ана Кузмановиќ.

Програмата за одбележување на 26 јули ќе биде заокружена со централниот настан во 21 часот во Градскиот парк, каде што ќе се одржи концерт на Филхармонија и „Архангел", насловен „Филхармонија и Архангел за Скопје". На концертот ќе присуствува и градоначалникот Шилегов.

Како дел од активностите на кандидатурата на Град Скопје за „Европска престолнина на културата за 2028 година", назначени се две локации за легални ѕидови за слободно користење од уличните уметници за пишување и цртање графити, сликање мурали, тагови,… Локациите се потпорниот ѕид на улицата „Војвода Васил Чакаларов" („Адолф Циборовски") по „Реплек", како и ѕидовите од двете страни на булевар „Гоце Делчев" под поранешна Стоковна куќа „Мост", денес Универзитет на Југоисточна Европа.

Легалните ѕидови ќе бидат означени со табли со кои се потврдува слободата и безбедноста за нивно користење за креативен израз од страна на уличните уметници. Легалните ѕидови ќе бидат назначени и слободни за користење денеска, на Денот на солидарноста како сеќавање на катастрофалниот земјотрес во Скопје.

Акцијата за цртање графити се организираше викендов, во соработка со Младинскиот културен центар.

Катастрофалниот земјотрес во Скопје се случи на 26 јули 1963 година во пет часот и 17 минути, а помали потреси имаше до пет часот и 43 минути. Беа урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе остана без покрив над глава.

Од трагедијата на Скопје целиот свет беше вознемирен и ангажиран. Меѓународниот Црвен крст упати апел до сите национални организации да организираат исхрана за скопските деца. Интерпарламентарната унија упати препорака до сите парламенти и влади да помогнат во обновата на градот. Хуманитарните организации во многу земји пристапија кон собирање помош за Скопје. Така Скопје стана град на меѓународна солидарност.

Обединетите нации веднаш по катастрофата презедоа активности за плански и долгорочно да му се помогне на разурнатиот град. Во времето кога екипи стручњаци на ОН почнаа да пристигнуваат во Скопје, во седиштето на меѓународната организација беше речено дека Скопје ќе биде споменик на човечката солидарност. На 23 септември 1963 година 35 земји побараа Генералното собрание да стави на дневен ред од своето заседание точка за преземање мерки по повод земјотресот во Скопје. По четири дена, на 27 септември, Генералното собрание и даде приоритет на меѓународната акција за давање помош на Скопје.

На 14 октомври, по двочасовна дискусија, Генералното собрание на Обединетите нации едногласно усвои Резолуција за давање помош на југословенската влада при реконструкцијата на Скопје. Во Резолуцијата се изразува жалење по повод големата катастрофа. Во дебатата за давање помош на Скопје, Генералното собрание го ислуша излагањето на претставници од над 20 земји од сите континенти. Тој ден остана во аналите на Обединетите нации како ден на Скопје.

Во својата долга историја, градот повеќе пати пропаѓал и одново се раѓал. На просторот меѓу селата Злокуќани и Бардовци постоел град Скупи, метропола на провинцијата Дарданија. Овој римски град во 518 година бил наполно разурнат од земјотрес. Тогаш во провинцијата Дарданија биле урнати 24 градски тврдини. Јачината на овој земјотрес изнесувала 10 до 11 степени. Катастрофалниот земјотрес наполно го уништил Скупи. За време на потресот биле создадени многу пукнатини во земјиштето. Од околните ридови се урнале големи маси карпи. Скопје потоа бил изграден на денешното место.

И новиот град не бил поштеден од сеизмички појави. Наредниот катастрофален земјотрес се случил во 1555 година. Неговата јачина изнесувала околу 10 степени, по што градот вторпат бил разурнат.

Последното трето големо катастрофално разурнување на Скопје се случи пред 58 години, на 26 јули 1963 година, кога Скопје беше погодено од земјотрес со јачина од девет степени по Меркалиевата скала или шест според Рихтеровата со епицентар на плоштадот „Македонија".

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно,со температура од 8 до 15 степени

Променливо облачно, во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. 

Променливо облачно,со температура од 8 до 15 степени

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.

Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До недела ќе се задржи стабилно време со сончеви периоди. За време на викендот утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а по одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Во почетокот на следната седмица ќе има услови за слаб локален дожд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 5. ноември 2026 година

Дневен хороскоп за четврток, 5. ноември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 5. ноември 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе имате потреба да отидете што подалеку од дома. Ако живеете со партнерот , ќе ви треба објаснување. Ако не, нема да ве најдат дома.

Кариера

Ќе мислите само како што побргу да ги завршите работните обврски и да одите некаде за да се опуштите.

Здравје и совет

Поврзете се со луѓето.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Освен што добро ќе се забавувате , во вас ќе расте потребата да бидете главни. партнерот можеби и да се изнервира од вашата потреба.

Кариера

Потрудете се уште малку и ќе се појават резултатите . Тоа што уште не ги гледате, не значи дека се далеку.

Здравје и совет

Разбистрете си го умот.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе бидете малку повеќе сентимантални и понежни од вообичаено. На саканата личност тоа нема да и пречи, напротив.

Кариера

Ќе ја одработите работатат како да танцувате. Едноставно , се ќе ви биде лесно. Нема да поставувате непотребни прашања.

Здравје и совет

Во добра форма сте.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Секој има свој став , но проблем настанува кога има два става во заедничкиот живот. Денеска ќе мора да се соочите со ова.

Кариера

Отворената соработка со другите е единствениот начин за даси го подобрите својот статус на работното место.

Здравје и совет

Бидете мудри.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ви претстои пријатно излегување со потврда за вашата популарност во друштвото. Но , внатре и натаму ќе чувствувате празнина.

Кариера

Можеби нема да бидете најдобро разбрани , па затоа држете се до професионалните стандарди и правила.

Здравје и совет

Издржете.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Во попладневните часови ќе бидете поопуштени , а ќес е подобри и вашиот однос со лицата кои ви се блиски.

Кариера

Се што ќе работите или евентуално прегледувате, ќе мора да го објасните . Ќе имате успех во таа работа.

Здравје и совет

Радувајте се . Имате зошто.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Во вториот дел од денот ќе бидете поотворени за секаков вид забава и дружење , а ќе има и можност за тоа.

Кариера

Вашите идеи добро напредуваат , а вие сте задоволни што е така. Денеска работете на детали.

Здравје и совет

Едноставно верувајте.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Многумина ќе посакаат малку поголема слобода и оттргнување од грижите, што ги мачат. Затоа ќе побараат друштво без обврски.

Кариера

Ќе финиширате една задача што ви е здодевна. Оваа фаза на работата веќе доволно чекаше за да биде завршена.

Здравје и совет

Преземете одговорност.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Истовремено ќе лумпувате и ќе фантазирате за идеалистичка љубавна приказна. Тоа ќе биде вистински емотивен стерео.

Кариера

Сигурно е дека можете и подобро , но моменталните услови можеби тоа не ви го овозможуваат. Само немојте други да обвинувате.

Здравје и совет

Ќе ширите позитивна енергија.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Вашата елоквентност , шарм и снаодливост би можеле денеска да ви донесат нови љубовни поени.

Кариера

Ќе решавате моментално и без застој. Ќе бидете прецизни и во можност да препознаете долгорочна шанса.

Здравје и совет

Бидете отворени.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Повторно ќе играте на картата на љубезност и фино однесување , но работата е во тоа што станува збор само за надворешност. Љубовта доаѓа од срцето.

Кариера

Без оглед што можеби најдобро ја знаете работата , ослободете се од потребата да доминирате. Треба да се соработува.

Здравје и совет

Наспијте се.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Нема да се двоумите околу своите чувства. Ќе бидете јасни , а некои и директни . МОжете да остварите повеќето од вашите идеи.

Кариера

Сите работи поврзани со луѓе , како и оние од апстрактен карактер ќе ви тргнат од рака.

Здравје и совет

Ќе се чувствувате добро во својата кожа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Андреј Жерновски во „Само интервју“

Почитувани, вечерва во Само Интервју ќе гостува Секретарот за меѓународна соработка и член на Извршниот одбор на СДСМ Андреј Жерновски.

Андреј Жерновски во „Само интервју“

Еврокомесарката Кос ни порача дека и покрај подготвеноста, единствен начин да се излезе од ќорсокакот се уставните измени и дека топката е кај нас, возможен ли е и како до национален консензус?

Дали и какви последици ќе почувствува Македонија од падот на Вучиќ?

Можни ли се промени во владината коалиција по изборите во Брвеница?

Вечерва Гоце Михајлоски во Само Интервју со Андреј Жерновски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер