Скопјанец обвинува- неговата 11-месечна ќерка била тешко повредена во градинка во Шуто Оризари

Скопјанецот Имер Салиу, инаку син на претседателот на Демократските сили на Ромите во Македонија обвинува дека неговата 11-месечна ќерка била тешко повредена во градинката „8-ми Април“ во Шуто Оризари..

Канал 5 не успеа да стапи во контакт со директорката на градинката, но градоначалникот на општината Курто Дудуш вели дека има одредени сомнежи за настанот, но дека очекува надлежните да утврдат што навистина се случило..

Серхи Роберто е слободен агент

 Играчот од средниот ред Серхи Роберто и официјално стана слободен играч. Фудбалерот реши да не го продолжи договорот со Барселона. Неговиот договор траеше до 30 јуни.

Се известува дека доколку Каталонците ги решат проблемите со регистрацијата, Роберто ќе потпише нов договор со Барса.

Интер и Жирона покажуваат интерес за Роберто и се потенцијална нова клупска за него.

Минатата сезона 32-годишниот фудбалер одигра 24 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи три гола и три асистенции.

Општина Радовиш субвенцинира полагање возачки испит и купување велосипед

Со 8.000 и до 6.000 денари Општина Радовиш ќе субенционира полагање возачки испит од „Б“ категорија и купување нов велосипед, објави локалната самоуправа на официјалната веб страница.

Според објавеното, на барателот што ги исполнува критериумите на овој јавен повик ќе му се надоместат дел од трошоците направени за полагањето на возачки испит при стекнување на возачка дозвола од „Б“ категорија во висина од 8.000 денари.

Средствата по барањето ќе се исплатат по доставување на доказ за положен возачки испит-добиена возачка дозвола од „Б“ категорија до комисијата во Општина Радовиш. Доколку барателот не го положи возачкиот испит во тековната година по поднесеното барање најдоцна до 1 декември и не поднесе доказ за положен возачки испит најдоцна до 1 декември во тековната година, го губи правото на субвенционирање и предвидените средства нема да му бидат исплатени.

Право на користење на финансиски средства имаат редовни и вонредни ученици во трета или четврта година во СОУ „Коста Сусинов“- Радовиш и невработени млади лица до 26 годишна возраст кои ќе поднесат барање со потребната документација од денот на објавувањето на јавниот повик до денот на завршување на повикот.

Право на субвенционирање на велосипед имаат оние граѓани кои ќе купат велосипед од минимум 26 инчи од денот на објавувањето на јавниот повик до денот на завршување на повикот и ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на велосипед.

На барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени при набавката на велосипед во висина од 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 6.000 денари. Двата јавни повици траат 30 дена од денот на објавувањето.

Екслузивна репортажа на Канал 5 од Мала Преспа: "Не оставивте како сирачиња...."

Во вестите на Канал 5 во 18 часот гледајте ја репортажата која ја направи Александар Видиновски од Мала Преспа.

притисни ентер