На ТикТок неодамна се појави снимка од Нови Сад која предизвика бура на оваа социјална мрежа, па за краток временски период доби повеќе од милион прегледи.
На видеото, група момчиња седат пред обложувалница и држат големи листови на кои се испишани одредени бројки. Кога покрај нив поминуваат девојки, овие момчиња креваат лист со одреден број за да го „оценат“ изгледот на девојките и сите заедно се смеат.
Сето ова се случува додека во позадина одат стиховите: „Ние Балканците никаде не сме странци, каде и да сме ние сме прваци“.
Видеото стана вирално, но коментарите не се на страната на овие момчиња.
„Штета“, „Колку би било смешно нив да ги оценуваат“, „Како би било некој да ги оценува вашите мајки или сестри?“ ...
А имаше и коментари во кои овие момчиња се „кралеви на хуморот“:
„Кралеви, хахаха“, „Плачам“, „Одамна не сум видел нешто подобро на ТикТок, браво момци“!
Извор: zena.blic.rs