Скандал во Италија: Прекинат натпревар во Серија А поради расистичко навивање (ВИДЕО) - Канал 5

Скандал во Италија: Прекинат натпревар во Серија А поради расистичко навивање (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Удинезе и Милан во Серија А за малку ќе беше целосно прекинат поради расизам.

Скандал во Италија: Прекинат натпревар во Серија А поради расистичко навивање (ВИДЕО)

Навивачите на домашниот тим упатија скандалозни крици и извици кон голманот на гостите, Мајко Манјан, поради што тој налутено и демонстративно отиде во соблекувалната.

Цели пет минути делегатот, судијата и соиграчите се обидуваа да го смират Манјан за да може натпреварот да продолжи, но голманот на Милан едноставно не сакаше да се врати меѓу стативите.

Дури по тој период Манјан реши да се врати на теренот, каде го пречека главниот судија кој го праша како се чувствува и дали е подготвен за натпреварот да продолжи.

Тој истакна дека сака натпреварот да продолжи, но нема сомнеж дека Удинезе ќе ги трпи последиците од овој голем скандал. Серија А веќе има нулта толеранција за расизам и се очекува домашната екипа да добие тешка казна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Синкевичиус: Направивме планови за евакуација поради заканите од Русија, ако бидеме нападнати „нема да се предадеме“

Премиерот на Литванија за Би-Би-Си изјави дека дека неговата земја направила планови за евакуација поради заканите од Русија, но додаде дека „нема да се предадат“ доколку бидат нападнати.

Синкевичиус: Направивме планови за евакуација поради заканите од Русија, ако бидеме нападнати „нема да се предадеме“

Премиерот Миндаугас Синкевичиус изјави дека литванците се чувствуваат „постојано загрозени“ од Русија, делумно поради беспилотните летала што влегуваат во воздушниот простор на земјата. Рече дека доколку неговата земја биде нападната, „ќе возвратат. Постојат планови за „различни сценарија“ пример за „непречено“ извлекување на постарите граѓани од градовите и избегнување на сообраќајни метежи. Литванија која е членка на НАТО, дели копнена граница со руската енклава калининград. Ова се случува само една недела откако пилотите на борбените сили на НАТО соборија дрон што влезе во воздушниот простор на литванија. Москва не го коментираше инцидентот. Авионите на НАТО се искачија неколку пати за да соборат залутани украински дронови што годинава влегоа во балтичките земји, Естонија и Латвија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода крадец од Куманово баран по потерница за издржување затворска казна

На 21.09.2026 во 07:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.Д.(45) од Куманово.

Лишен од слобода крадец од Куманово баран по потерница за издржување затворска казна

Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. М.Д. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Мерките на Владата даваат резултати, Македонија со најниски цени на горивата во регионот

Мерките коишто ги презема Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за време ан енергетската криза даваат резултати.

ВМРО-ДПМНЕ: Мерките на Владата даваат резултати, Македонија со најниски цени на горивата во регионот

Македонија останува со најниски цени на горивата од земјите во регионот.

За да и биде појасно на јавноста, ќе ги споредиме малопродажните цени на бензинот и дизелот кај нас и во нашето соседство.

Во Македонија литар бензин 95 се продава за 99 денари, додека цената по која се продава во Грција за 30% повисока и изнесува 129 денари, во Албанија со цена од 126 денари за 27%, понатаму во Србија за 108 денари, односно за 9%.

Следат, Хрватска каде малопродажната цена на бензинот е 107 денари, а споредено со кај нас цената е за 8% повика, па Црна Гора и Словенија со 106 денари или 7% повисока цена, а во Босна и Херцеговина со цената од 104 денари е за 5% поскап.

Следно ќе ги споредиме цените на дизелот кој во Македонија се продава по 104,5 денари, додека во Албанија малопродажната цена е за дури 40,5% повисока и изнесува 147 денари, па следи Грција со 126 денари или за 20%, потоа е Србија со малопродажна цена на дизелот за 18,5% повисока или 124 денари по литар.

Во Словенија дизелот се продава по 122 денари по литар, што е за 17% повисока цена од кај нас, во Хрватска 119 денари, односно за 14% повисока цена, па следи Црна Гора со 117 денари, односно 12% поскапо и Босна и Херцеговина со цена по литар дизел од 116 денари што е за 11% поскапо од кај нас.

Ова се реалните цели на горивата во Македонија и во регионот, македонските граѓани трошат помалку за да ги наполнат своите резервоари на возилата и со тоа им останува повеќе во нивните семејни буџети.

Ова е доказ дека добро испланираните и променети мерки за намалување на цените, како што е намалување на ДДВ и акцизите, даваат резултати и ги држат под контрола малопродажните цени.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ секогаш се води од интересот на државата и стандардот на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер