Скандал во Хрватска: Докторка во итна помош снимена како шмрка кокаин - Канал 5

Скандал во Хрватска: Докторка во итна помош снимена како шмрка кокаин

Хрватските медиуми објавија шокантна приказна за докторка од итната помош, за која прво добиле информации, а потоа и фотографии од нејзиното шмркање кокаин.

Скандал во Хрватска: Докторка во итна помош снимена како шмрка кокаин

Потврда за оваа приказна дојде од неколку извори, пишува порталот Dnevnik.hr.

Станува збор за докторка која минатата година предизвикала хаос на своето поранешно работно место кога ги повикала своите колеги во итната помош и ги поканила на интервенција, која се покажала како непостоечка. Таа никогаш не била одговорна за тоа.

Нејзините претпоставени сега ќе ги истражат информациите дека таа консумира кокаин. Она што е неоспорно, се наведува, е дека самата докторка очигледно има потреба од помош.

Пораката и фотографиите, додаваат тие, на кои се гледа докторката како консумира кокаин, биле примени од Проверено на почетокот на февруари.

Извештај дека 36-годишната докторка од итната помош работи под дејство на опијати добиле и нејзините претпоставени во Загребскиот жупански институт за итна медицина.

Кога Проверено се обидела да ја контактира, таа побарала одмор, а сè уште не е тестирана од специјалисти за трудова медицина. „Денес таа е на одмор две недели, но кога ќе се врати, или пред да продолжи со работа, ќе биде испратена на вонреден медицински преглед“, кој треба да ја утврди нејзината способност за работа, објаснува Даворин Гајник, директор на Институтот за итна медицина во округот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Два силни земјотреси регистрирани во Мексико

 Два земјотреса, со јачина од 5,0 и 4,0 степени според Рихтеровата скала, денеска го погодија Мексико, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Два силни земјотреси регистрирани во Мексико

Епицентарот на посилниот земјотрес бил на длабочина од 80 километри, на југот од земјата, недалеку од брегот на Пацификот. Досега нема извештаи за повредени или материјална штета.

Според сведоштвата објавени на веб-страницата на EMSC, земјотресот се почувствувал силно, а во некои куќи се треселе масите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Управа за финансиска полиција: Поднесена кривична пријава против три физички лица за „Даночно затајување“

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против три физички лица,за сторено кривично дело „Даночно затајување“ .

Управа за финансиска полиција: Поднесена кривична пријава против три физички лица за „Даночно затајување“

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против три физички лица, управители и сопственици на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување“ од член 279 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Првопријавениот Д.П. во својство на управител, заедно со второпријавениот Г.З. во својство на сопственик и овластен потписник на банкарската сметка и третопријавениот И.Ѓ. во својство на претходен сопственик на правното лице, во текот на април 2024 година договориле и извршиле продажба на линија за производство на кабли во вкупен износ од 14.514.000 денари, која не ја евидентирале во сметководствената евиденција на правното лице. Дел од средствата од продажбата, во износ од 2.701.189 денари, ги присвоиле за себе преку префрлање на сопствени банкарски сметки и сметки на блиски лица, без притоа да ги евидентираат во сметководствената евиденција на правното лице, а дел од продажбата го реализирале преку компензација со патничко моторно возило во износ од 1.537.500 денари и кабли во вредност од 1.516.500 денари, кои исто така не биле евидентирани и не биле пронајдени кај правното лице.

Исто така, првопријавениот Д.П., во име и за сметка на правното лице, не ги отпишал и не ги оданочил неплатените обврски спрема домашни и странски добавувачи од 2022 година во вкупен износ од 17.380.716 денари.

Со наведените дејствија пријавените не пресметале, не пријавиле и не уплатиле данок на додадена вредност во износ од 272.970 денари, данок на добивка во износ од 3.764.991 денари и данок на личен доход во износ од 639.401 денари, со што го оштетиле Буџетот на Република Македонија за вкупен износ од 4.677.362 денари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ансамблот „10-те Бузуки на Домна“ од Грција го отвораат јубилејното 20 -тото издание на Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест – музика и традиција“

Годинешното јубилејно 20-тото издание на Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест – музика и традиција“ се отвора во Хераклеја со спектакуларниот настап на ансамблот „10-те бузуки на Домна“ од Грција.

Ансамблот „10-те Бузуки на Домна“ од Грција го отвораат јубилејното 20 -тото издание на Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест – музика и традиција“

Под ѕвезденото небо на Античкиот театар, публиката ќе ужива во уникатен музички спој на традиција, емоција и виртуозност, преку звуците на 10 бузуки, гитара, контрабас и впечатливи вокални изведби како и танцувачка група.

„10-те Бузуки на Домна“ (грчки: Ta 10 Bouzoukia tis Domnas) е познат грчки музички ансамбл специјализиран за изведба на традиционална и современа грчка музика со доминантна улога на бузуки инструментот. Ансамблот е основан од Јанис Карасавас член и основач на ансамблот кој го сочинуваат врвни музичари и виртуози на бузуки, кои преку своите концерти ја претставуваат богатата музичка традиција на Грција. Нивниот репертоар опфаќа rеbetiko, лаико, народни песни од различни региони на Грција, како и современи композиции инспирирани од традиционалните музички форми.

Со настапи на бројни фестивали и културни манифестации во Грција и странство, ансамблот се истакнува по својата енергична интерпретација, виртуозна изведба и автентичен грчки музички израз. Нивните концерти претставуваат музичко патување низ историјата и културата на Грција, пренесувајќи ја атмосферата на грчките острови, градови и традиционални свечености.

Една од целите на овој настан е интензивирање на пограничната културна соработка како алатка за развој на културниот туризам преку промовирање на културното наследство и традиција како сцена и атрактивен туристички мотив, заложба која Локум фест ја промовира со години. Концертот е резултат на соработката со Амбасадата на Република Грција во Скопје и Генералниот конзулат во Битола.

Локум фест е проект од национален интерес поддржан од Министерство за култура и туризам и Општина Битола, а се одржува во рамките на Бит фест 2026 г. Оваа година ќе се одржи од 16. до 18.јули. Втората и третата вечер се резервирани за концерти во автентичната атмосфера на Старата битолска чаршија, каде што пред 20 години почна „Локум фест“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер