Герасимовски: Започнува јавната анкета за Нацрт ДУП-от „Барутана“, граѓаните директно вклучени во одлучувањетo
Трамп одговори на условите на Иран за мировен договор:иран да плати отштета за луѓето убиени во војни и протести
1Герасимовски: Започнува јавната анкета за Нацрт ДУП-от „Барутана“, граѓаните директно вклучени во одлучувањетo
2Трамп одговори на условите на Иран за мировен договор:иран да плати отштета за луѓето убиени во војни и протести
3Времето на чекање на аеродромите низ Европа е двојно зголемено по воведувањето на новиот електронски систем
ТенисСкандал во Дубаи: Рубљев е дисквалификуван, откако го опцу судијата (ВИДЕО)Рускиот тенисер Андреј Рубљев предизвика огромен скандал на турнирот во Дубаи, каде против Александар Бублик буквално полуде на линискиот судија, му се втурна во лице и почна да го пцуе откако го загуби гемот во решавачкиот трет сет.Имено, при резултат 6:7, 7:6, 6:5, Андреј Рубљов полуде по еден поен, односно поенот со кој Бублик го освои шестиот гем во овој сет. Потоа, Рубљев збесна, бидејќи според него топката била во надворешното поле, што судијата не го видел. Тој го загуби тој поен, откако самиот ја истурка топката. Одеднаш отишол кај линискиот судија и почнал да го пцуе, да му се впушта во лице и да го навредува на руски, што тој го разбрал и се пожалил на главниот судија и организаторите. Набргу дојдоа кај Рубљев и му рекоа дека мора да го дисквалификуваат. Andrey Rublev is defaulted from the Dubai semi-final, sending Alexander Bublik through to the #DDFTennis final pic.twitter.com/tclfcXxDYY — Tennis TV (@TennisTV) March 1, 2024 Рубљев потоа се бранеше и рече дека зборувал на англиски и дека никого не навредувал, но тоа не му одело. Поради ова Русинот остана без бодови, но и без освоените пари, што значи дека ќе испадне од првата петорка во светот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Нејзините раскошни облини и денес предизвикуваат воздишкиТаа беше и останува можеби најважниот топ-модел на 90-тите, нејзините раскошни облини и денес предизвикуваат воздишкиХајди Клум уште еднаш докажа дека е мајка што изгледа супер привлечно и провокативно – особено кога носи бикини. Со најновите фотографии, таа повторно ги „запали“ социјалните мрежи. Позната по своите атрактивни изданија што измамуваат воздишки и погледи, манекенката Хајди Клум уште еднаш ги воодушеви своите верни обожаватели ширум светот. Таа неодамна позираше за најновата колекција костими за капење на брендот „Calzedonia“ и притоа покажа навистина многу. Славната Хајди не се срамеше да ги покаже своите прекрасни облини на 54-годишна возраст и со тој потег предизвика восхит кај многумина. Како што може да се види, таа позираше во различни модели и дезени на бикини, но најголемо внимание привлече оној со животински дезен. Инаку, овој модел на бикини е најголемиот летен хит и оваа година, а Хајди покажа како да се носи.Тагови: Хајди Клум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Започнува јавната анкета за Нацрт ДУП-от „Барутана“, граѓаните директно вклучени во одлучувањетoОпштина Центар започнува јавна анкета по Нацрт Деталниот урбанистички план за Градска четврт Ј 05 – Барутана, продолжувајќи ја практиката на транспарентно урбанистичко планирање и активно учество на граѓаните во процесите на донесување одлуки.Градоначалникот Горан Герасимовски ги повика жителите активно да се вклучат и да достават свои предлози, мислења и забелешки. „Ниту една одлука не е само моја, ниту само на Општината или Советот. Одлуките треба да ги носиме заедно со граѓаните. Затоа ги повикувам сите жители да се вклучат во јавната анкета, бидејќи секое мислење е важно и секој предлог заслужува внимание. Само преку отворен дијалог можеме да носиме одлуки што ќе бидат во интерес на граѓаните“, порача Герасимовски. Јавната анкета ќе се спроведува во периодот од 13 август до 14 септември 2026 година. Граѓаните ќе можат да пополнат анкетни листови во писмена форма, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот, во просториите на ООУ „Кочо Рацин“ (ул. „Салвадор Аљенде“ бр. 2), каде што нацрт-планот ќе биде изложен во хартиена форма. Анкетните листови ќе бидат достапни и во електронска форма преку веб-страницата на Општина Центар www.centar.gov.mk, како и преку информацискиот систем е-урбанизам www.e-urbanizam.mk. Дополнително, јавната презентација на Нацрт ДУП-от ќе се одржи на 3 септември 2026 година, со почеток во 12.00 часот, во просториите на Општина Центар (ул. „Михаил Цоков“ бр. 1), во сала за состаноци, барака 6. Нацрт-Деталниот урбанистички план се однесува на Градска четврт Ј 05 – Барутана, за планскиот период 2025–2030 година. Планскиот опфат е дефиниран на север, исток и запад по оска на новопланираната собирна улица „Јужна обиколница“, а на југ по границата на Генералниот урбанистички план на Град Скопје. Вкупната површина на планскиот опфат изнесува 6,89 хектари.. За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на телефоните 02/3203-605 и 02/3203-660, или на е-пошта [email protected].Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп одговори на условите на Иран за мировен договор:иран да плати отштета за луѓето убиени во војни и протестиПредлогот на Трамп е одговор на барањата на Техеран за компензација и укинување на санкциите. Иранските барања беа во голема мера во согласност со условите на прелиминарниот мировен договор потпишан во јуни, кој пропадна.Американскиот претседател Трамп вчера одговори на условите на Иран за мировен договор со свои барања иран да плати отштета за луѓето убиени во војни, напади и протести, во реторичка ескалација што веројатно ќе ги комплицира напорите за повторно отворање на Ормутскиот Теснец. Предлогот на Трамп е одговор на барањата на Техеран за компензација и укинување на санкциите. Иранските барања беа во голема мера во согласност со условите на прелиминарниот мировен договор потпишан во јуни, кој пропадна. Откако започна војната во февруари, Трамп постојано осцилира помеѓу заканите за ескалација и тврдењата дека мировниот договор е неизбежен. „Ќе побараме пари за штетата што ја направија во период од 50 години“, рече Трамп во Белата куќа, велејќи дека исплатите ќе ги покријат смртните случаи и за цивилните демонстранти и за американските сили во регионот. „Значи, ако има штети што треба да се платат, мислам дека иран треба да ги плати тие штети“, рече Трамп. Цените на нафтата вчера се зголемија за 5% откако барањата ги намалија изгледите за договор за повторно отворање на Теснецот.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook