Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија, Бразил – 2026
2Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија, Бразил – 2026
БизарноСкандал на гробишта: Сосема голи во интимен занес- не им било прв пат (ФОТО)Бизарниот инцидент наводно бил снимен на гробишта во малезиската држава Пенанг.Неименуван маж (58) и жена (37) биле фатени на дело. Целиот настан го снимила огорчена минувачка која тврди дека го видела парот на истото место и претходно. „Ве најдов повторно тука“ Шокантната снимка го прикажува мажот како стои целосно гол, со грб свртен, додека жената седи на надгробен споменик, гола од половината надолу. Жената што го снимила инцидентот може да се слушне како вели: „Ве најдов повторно тука! Неколку пати си бил гол. Луѓето доаѓаат да се молат, а ти доаѓаш да водиш љубов. Не го почитуваш починатиот со тоа што извршуваш таков неморален чин, ќе ја повикам полицијата.“ Мажот брзо ги облекува панталоните и почнува да се извинува, но авторот на снимката вели дека тоа не било доволно, објавува Дејли Стар. Уапсени следниот ден Локалниот шеф на полицијата потврди за медиумите дека парот бил уапсен во Џорџтаун следниот ден. „Првичните проверки покажаа дека не биле во брак“, рече тој. Портпаролот на гробиштата изјави дека слушнал тврдења дека двојката била постојано видена во слични несоодветни дела. Патем, гробиштата се наоѓаат во долина, опкружена со шуми и ридови, што го отежнува следењето на активностите од влезот. Се верува дека уапсените се странци, а доколку бидат осудени, се соочуваат со казни од три месеци до пет години.Тагови: Гробишта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПроменливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дождВо текот на денешниот ден среда, 17 јуни територијата на Македонија ќе биде под влијание на атмосферски фронт од север со поладен воздух на висина. Во ваква ситуација, денес времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради загреаната атмосфера, исполнета со енергија локално атмосферските процеси ќе бидат интензивни и ќе има појава на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Токму поради ваквата ситуација апелирам кај граѓаните за поголема внимателност во случај на појава на невреме, силен ветер и на силни електрични празнења. И во делови од Скопскиот регион денес среда, 17 јуни ќе има услови за појава на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, а во Скопје и околината максималната дневна температура на воздухот денес ќе се искачи до 30 степени.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалХет-трик на Меси за историја на стартот на Аргентина на СП2026Бранителот на тронот Аргентина со лесна победа над Алжир со хет трикот на волшебникот Лео Меси за историја го започна настапот на 23 Светски фудбалски шампионат Аргентина на убедлив начин ја почна одбраната на светската титула, откако славеше со 3:0 против Алжир, а во центарот на вниманието повторно беше легендарниот Лионел Меси. Триесет и осумгодишниот капитен постигна хет-трик и го израмни рекордот на Германецот Мирослав Клозе како најдобар стрелец во историјата на светските првенства со вкупно 16 погодоци. На другите две средби од утринската мундијалска програма Халанд ја водеше Норвешка до сигурна победа над Ирак од 4-1 , а Австрија беше подобра од Јордан со 3-1. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 17. јуни 2026 година Дневен хороскоп за среда, 17. јуни 2026 година. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Пред вас е прекрасен ден за секој вид дружење , воспоставување на нови контакти и за ширење на хоризонтите. Искористете го тоа. Кариера Доколку имате работа што вклучува односи со луѓе , ќе ви биде убаво. Во другите дејности ќе барате друштво. Здравје и совет Почитувајте ги другите. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе ги заборавите непотребните грижи и ќе се обидете да се концентрирате на она што мора да се решава во односите. Нема веќе да се збунувате. Кариера Вашиот позитивен став ќе ви донесе поен повеќе во договарањето на работите. Ќе го употребите и својот шарм. Здравје и совет Не сте на трка . Опуштете се. Лав 23.7-22.8. Љубов Посветеноста кон љубовните тајни ќе доведе до едно интересно откритие , кое ќе ве заинтригира. Кариера Во предложената работа со пријателите немојте да бидете попустливи , зашто и покрај добрите намери , ќе бидете во загуба. Здравје и совет Утре ќе биде сосема поинаку. Бидете трпеливи. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе се потпирате на вашето шесто чуло. Тоа ќе ве поттикнува за подобро да соработувате со другата страна. Кариера Ништо нема да ви биде премногу, нити премалку. Токму вие ќе бидете онаа личност , која работите ќе ги доведете во рамнотежа. Здравје и совет Понекогаш ви е од се преку глава. Поминете го денот осамени. Вага 24.9.-23.10 Љубов Пред вас е квалитетен ден во кој ќе ги игнорирате повремените мали нервози и со љубов ќе ги победувате. Кариера На цврстите темели вие почнувате да развивате нов долгорочен план на дејности кои имаат иднина. Здравје и совет Ја одржувате добрата форма. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Би можеле да се најдете на малечка вага меѓу чувствата и должностите. За среќа, набргу ќе го препознаете вистинскиот пат. Кариера Денеска не влегувајте во расправии, а доколку може, ниту разговарајте со шефовите , зашто тие ќе мислат едно , а вие сосема друго. Здравје и совет Обидете се да бидете полежерни. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Некои денеска ќе ја покажат својата сентиментална нишка, а тоа малку ќе ја збуни личноста која ве сака. Таа ќе очекува да бидете поцврсти. Кариера Според вашите идеи би можело да се покрене еден проект , но во сето тоа има и доста заблуди. Здравје и совет Разделете ја реалноста од фантазијата. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Повторно ќе станете онаа позната заводлива личност , која предизвикува внимание каде и да се појави. Ќе проивлечете доста внимание на забавите што се пред вас. Кариера Ќе решавате мали финансиски проблеми и ќе најдете решение. Во нив ќе има и тактика и претприемништво во исто време. Здравје и совет Внимавајте на грлото. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Зближувањето со саканата личност дава резултати , па денеска ќе дадете се од себе така да остане. Кариера Малкумина ќе се решат да вложат средства во вашите напредни идеи , поради што се чувствувате по малку осамени. Здравје и совет Честопати сте пред своето време. Искористете ја предноста. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Колку ќе имате потреба за нежност, толку ќе имате и за грубости. Ќе бидете во подвоена состојба. Кариера Повеќето од работите што ќе ги преземете , ќе вродат со плод , а вие ќе имате многу причини за задоволство. Здравје и совет Бидете трпеливи во љубовта. Овен 21.3-20.4. Љубов Поради празнината што ја чувствувате , ќе се трудите да бидете што пољубезни , но ќе се препознае дека тоа не е природно. Кариера Во договорите и преговорите ќе бидете склони на другите да им го препуштите главниот збор , дури и тогаш кога ќе бидете во право. Здравје и совет Искреноста е доблест. Бик 21.4- 20.5. Љубов Тешко денеска ќе го разберете партнерот зашто кон вас ќе се однесува на моменти мирно , а на моменти налутено. Подгответе се за тоа. Кариера Она што сте го замислиле нема да се развива според планот. Потребно е поголемо разбирање за другите и почеток на сериозна соработка. Здравје и совет Бидете искрени кон себеси и кон другите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter