3Муцунски: Досегашните разговори со Софија се без напредок, потребна ни е помош од ЕУ како најзасегната страна
Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
2Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
ФудбалСкандал го тресе англискиот фудбал: Ѕвезда на Манчестер организирал оргии (ВИДЕО)Голем скандал ја тресе Англија, не само нејзиниот фудбал. Најскапиот десен бек во историјата и sвезда на Манчестер Сити среде пандемијата на коронавирус организирал оргии со соиграчи и група проститутки.Пред три години, откако Сити плати 50 милиони фунти отштета за него, Кајл Вокер стана најскапиот десен бек во историјата на фудбалот. Сега , по освојувањето на две титули во Премиер лигата, еден ФА Куп, три Лига Купови и играч со 48 настапи за Англија направи нешто од историјата на глупоста. Среде пандемија на коронавирус, која инфицираше повеќе од 50.000 луѓе во Велика Британија и над 5.000 починаа од болеста и со тешки мерки за изолација и ограничување во земјата, Кајл Вокер во својот стан поканил пријател, а потоа две дами да го практикуваат својот најстар занает. Се разбира, четворицата мажи кои им се придружиле не ги следеле правилата на „социјална дистанца“, но според зборовите на една од проститутките, подоцна потврдени од Вокер, се занеле во тричасовна сесија. За да го направи Вокер неверојатно глупавиот и опасен чин уште полош, самата sвезда на Сити се погрижи. Во средата наутро, само неколку часа откако проститутките и пријателите излегле од неговиот дом, во статус на Твитер ги повикал милионите следбеници вечерта да не ги посетуваат „најблиските“, па снимил видео со молба до фановите да останат дома и да не се дружат со никого за да го шират коронавирусот и така да го намалат притисокот врз веќе потрошениот медицински персонал во земјата. "Останете во вашите домови и станови, постојано мијте ги рацете и почитувајте ги упатствата на надлежните, затоа што тоа е единствениот начин да ги заштитиме луѓето што работат во нашите болници. Знам дека е тешко да не ги гледаме блиските луѓе и да не се дружиме со нив, но пред сè р најважно, треба да размислиме на здравјето на другите луѓе и да внимаваме да не се инфицираат“. Well, if Wembley won’t do it... 🤣 pic.twitter.com/P0Rd0i9paT — Kyle Walker (@kylewalker2) March 24, 2020 Кога една од проститутките ја видела оваа порака на Вокер, навредена од неговото лицемерие, таа одлучила да им каже на новинарите што направил само неколку часа порано. Луис Мекнамара (21) изјави дека била нарачана во луксузен стан во Хале заедно со три години постара Бразилка. "Човекот што нè повика се претстави како Каи, но по пристигнувањето таму, јас препознав кој е тој. Пред да заминеме во собата, бевме платени 2200 фунти во готово.Ништо од ова не би го открила јавно, доколку Кајл Вокер не се покажеше дека е дволичен. Треба да знаете дека не можете да поканите странци на секс во вечерните часови, а потоа да држите предавања на сите наутро за тоа како треба да се чуваат и изолираат. Тој е лицемер и човек кој со своето однесување ги става во опасност другите“. Вокер призна што направил и се покаја: „Сакам јавно да се извинам за она што го сторив претходно оваа недела. Свесен сум дека мојата професија ја носи одговорноста . Како таков, сакам да им се извинам на семејството, пријателите, клубот,навивачите и јавноста затоа што ги изневерив. “. View this post on Instagram 🙏🏾 #StayHomeSaveLives A post shared by Kyle Walker (@kylewalker2) on Mar 28, 2020 at 8:02am PDT Манчестер Сити исто така одговори: „Разочарани сме од обвиненијата против Кајл, но мора да го истакнеме и неговиот брз одговор на нив и извинувањето. Ќе спроведеме внатрешна истрага во наредните денови и ќе преземеме соодветна дисциплинска постапка“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски на промоција на третата фаза од ревитализацијата на хидроелектраните на АД ЕСМПретседателот на владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на промоцијата на капиталниот проект на АД ЕСМ „Ревитализација на хидроелектраните – фаза 3“.Претседателот на владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на промоцијата на капиталниот проект на АД ЕСМ „Ревитализација на хидроелектраните – фаза 3“, со кој официјално ќе биде означен почетокот на реализацијата на новата фаза од модернизацијата на хидроенергетските капацитети во државата. Настанот ќе се одржи во Музејот на Град Скопје, каде АД ЕСМ ќе ја претстави третата фаза од проектот за ревитализација на хидроелектраните. Во рамки на настанот ќе биде отворена и изложбата „моќта на водата ја преточуваме во енергија“, посветена на развојот на хидроенергетиката и значењето на обновливите извори на енергија. Проектот „Ревитализација на хидроелектраните – фаза 3“ е кофинансиран од Европската унија, Германската развојна банка и владата на Германија.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалМакедонија по реакција во Љубљана: Седлоски најави промениНајдобрата фудбалска репрезентација на Македонија, денеска ја очекува вториот натпревар во Лигата на нации, против Словенија на стадионот „Стожице“ во Љубљана. По поразот од Швајцарија во Скопје, селекторот Гоце Седлоски најави промени во составот и реакција од своите фудбалери. „Добро го анализиравме натпреварот со Швајцарија и знаеме каде треба да ги поправиме грешките. Играчите се подготвени и очекувам од сите максимален ангажман. Словенија е квалитетна репрезентација, настапуваше на последното Европско првенство и заслужува максимален респект. Ќе има освежување во составот, во повеќе линии“, изјави Седлоски. Селекторот посочи дека верува во играчите со кои располага и дека атмосферата во репрезентативниот табор е на високо ниво. „Имаме одличен ростер, комбинација од млади и искусни фудбалери. Атмосферата е добра и сите сме мотивирани да одиграме подобро. Јас сум одговорен за изборот на играчите, но од нив очекувам да покажат поголем квалитет и карактер на теренот. Словенија не смее да биде потценета и мора да бидеме максимално подготвени.“ Капитенот Столе Димитриевски, пак, истакна дека репрезентативците разговарале за пропустите од првиот натпревар и дека сега фокусот е целосно насочен кон Словенија. „Знаеме дека не одигравме на посакуваното ниво против Швајцарија. Разговаравме меѓу себе и сега мора да покажеме реакција. Имаме малку време меѓу натпреварите, но мора да се подготвиме, да се поддржиме и максимално да одговориме на задачата. Овој дрес и Македонија заслужуваат да дадеме се од себе“, порача Димитриевски. Голманот на Македонија го очекува и новиот дуел со Јан Облак, со кого со години се среќава во шпанската Ла Лига. „Со Облак имаме натпревари повеќе од десет години и добро знам за каков голман станува збор. Тој е еден од најдобрите. Јас се надевам дека ќе ја завршам мојата работа, ќе ја сочувам мрежата и дека заедно ќе одиграме добар натпревар. Ни требаат неколку квалитетни меча за да ја подигнеме самодовербата“, додаде Димитриевски. Натпреварот Словенија – Македонија се игра од 20:45 часот на „Стожице“ во Љубљана.Тагови: ФФМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеСветскиот ден на срцето, Институтот за јавно здравје организира теренска превентивна активностСветскиот ден на срцето се одбележува денеска под слоганот „Болеста на срцето може да биде незабележлива: Фати го ритамот на срцето! Не пропуштај ниту едно отчукување!“.Фокусот е на препознавањето на скриените симптоми, едукацијата на населението и активностите насочени кон носителите на одлуки со цел да се обезбеди универзален пристап до кардиолошка нега и превентивни скрининзи. Светскиот ден на срцето е воспоставен во 2000 година со цел јавноста ширум светот да се информира за значењето и мерките за превенција од болестите на срцето и крвните садови. Според најновите податоци на Светската федерација за срце и Светската здравствена организација, болестите на срцето и крвните садови претставуваат водечка глобална причина за смртност, со околу 20,5 милиони смртни случаи секоја година. Се проценува дека денес повеќе од 620 милиони луѓе живеат со некаков кардиоваскуларен проблем, при што најчести се акутниот инфаркт на миокардот и мозочниот удар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter