Вакцините против сезонски грип до крајот на месецов - доцнат поради глобален проблем во производството
2Вакцините против сезонски грип до крајот на месецов - доцнат поради глобален проблем во производството
ФудбалСите парови за последната рудна во квалификациите за ЛШСамо уште една пречка ги дели дванаесетте екипи кои успеаја да стигнат до четвртата квалификациска рунда од фудбалската Лига на шампионите.Македонскиот првак Шкендија синоќа беше запрен од Салцбург кој во следната рунда ќе игра со белградските „црвено-бели“. Двојки за плеј-офот во ЛШ: Црвена ѕвезда (Србија) – Салцбург (Австрија), БАТЕ Борисов (Белорусија) - ПСВ (Холандија), Јанг Бојс (Швајцарија) – Динамо Загреб (Хрватска) Видеотон (Унгарија) - АЕК (Грција), Бенфика (Португалија) - ПАОК (Грција), Ајакс (Холандија) - Динамо Киев (Украина). Првите натпревари ќе се играат на 21/22 август, реваншите на 28/29 август. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Осомничените за криминал во Државна лотарија се од време на СДС и ДУИ, или Таче и ГрубиКога во јавноста има вести од типот како службени лица купуваат со пари од државата и државни компании работи за лична употреба како брендирани чанти Хермес, Луј Витон, Диор сметаме дека треба јавноста да ги знае сите детали. Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје има поднесено кривична пријава против две службени лица вработени во АД Државна лотарија поради постоење на сомнение за сторени кривични дела Проневера во службата и Фалсификување или уништување деловни книги, двете дела предвидени во казнениот законик. Лицата кои наместо дневниот промет од продажните места на АД Државна лотарија да го депонираат на трансакциските сметки на друштвото во банките, го присвојувале за себе. Јавноста треба да знае дека овие лица се во Државна лотарија од времето на Димитар Ковачевски - Таче, кога Артан Груби беше вицепремиер, а Перпарим Бајрами беше генерален директор на Државна лотарија, сега првообвинет во судскиот случај поврзан со финансиски злоупотреби и проневера во државната компанија. Во тек е судење за Груби и Бајрами и затоа сакаме само да информираме од кога се овие лица во Државна лотарија кои се сега осомничени за извршени казнени дела во Државна лотарија, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПодготовки за најлошото: Системите „Патриот“ пристигнуваат границата со УкраинаПолска ќе распореди батерии од системот за противвоздушна одбрана „Патриот“ во Лублинското војводство, веднаш на границата со Украина, објави денеска полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш.„Одлуката за распоредување на батеријата 'Патриот', донесена во соработка со воената команда, има за цел да го заштити Лублинското војводство. Планот е осмислен така што на луѓето ќе им пружи чувство на сигурност. Покрај тоа, важно е да се максимизира безбедноста на воздушниот сообраќај – кој се одвива овде, но често е прекинуван поради предупредувања – за летовите да можат да се одвиваат во најбезбедни можни услови секогаш кога тоа е дозволено“, изјави тој, а пренесе Полско радио. Според Косињак-Камиш, системите за противвоздушна одбрана ќе бидат распоредени и во областа на аеродромот во Лублин. Тој исто така најави формирање нови воени единици, вклучувајќи и единици за беспилотни летала, напоменувајќи дека тие првенствено ќе бидат стационирани во Билгорај, Лукув и Поњатова. Медиумите претходно објавија дека Полска подготвува таканаречен „предвоен закон“ наменет за зголемување на подготвеноста на земјата за можен вооружен конфликт, вклучувајќи ги и „поуките извлечени од војната на Русија против Украина“. Извор: Б92Тагови: Патриот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
МакедонијаОпштина Чаир: На Бит пазар станува збор за замена на постојните продажни боксовиВо однос на актуелните активности на Бит Пазар, Општина Чаир информира дека станува збор за замена на постојните продажни боксови, кои со текот на годините се амортизирани, со нови и современи боксови.Целта е Бит Пазар да добие целосно уреден, модерен и унифициран изглед, како што веќе има поголемиот дел од пазарот. Со обновувањето на преостанатиот дел се создаваат подобри и похигиенски услови за работа за продавачите, но и поуредна, почиста и попријатна средина за сите граѓани кои секојдневно го посетуваат пазарот. Важно е да се нагласи дека суштинската намена на просторот не се менува. Постојните продажни места остануваат, но добиваат нов и посовремен изглед, а продавачите продолжуваат да ја извршуваат својата дејност. Целта е процесот на модернизација да придонесе Бит Пазар да стане пофункционален, поуреден и попријатен простор и за оние кои работат таму и за граѓаните. Воедно, станува збор за активности на приватен имот во сопственост на „Скопски пазар“. Општина Чаир го поздравува секое уредување и подобрување кое придонесува за почиста, посовремена и поуредна средина за граѓаните. Нашата заедничка цел треба да биде Бит Пазар да го задржи своето значење и традиција, но истовремено да добие современ изглед и услови што одговараат на потребите на граѓаните и на времето во кое живееме, се наведува во соопштението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook