Сите нови модели на „Дајмлер" до 2025 ќе бидат само со електричен погон

Компанијата планира да отвори осум фабрики за батерии, клучен дел за електричните модели.

Германската компанија „Дајмлер", производител на „Мерцедес-Бенц", денеска соопшти дека од 2022 година планира да инвестира повеќе од 40 милијарди евра во развој на електрични возила, со цел до 2030 година да биде подготвена за пазарот со целосно електрични автомобили.

Компанијата планира да отвори осум фабрики за батерии, клучен дел за електричните модели.

Ова е знак дека автомобилскиот сектор брзо се откажува од традиционалното гориво, бидејќи се заоструваат прописите за животната средина.

„Дајмлер" соопшти дека до 2025 година сите нови модели ќе бидат само со електричен погон, но не наведе кога планира да го запре производството на автомобили со класични мотори со внатрешно согорување. ј

Фото: Адријана Лима позира гола под месечевата светлина

Бразилската манекенка Адријана Лима објави нова фотографија на Инстаграм на која позира целосно гола.

Славната манекенка го покажа своето совршено тело позирајќи гола на месечевата светлина.

-Кога ќе се сретнат двете Месечини, напиша Адријана во описот на објавата.

Иако манекенката минатиот месец наполни 40 години, се уште изгледа феноменално и не покажува знаци на стареење.

Фото: Ѓоковиќ со белгиските гимнастичарки стана хит на интернет

Новак Ѓоковиќ повторно воодушеви бројни фанови на спортот ширум светот, неговиот ведар дух и дружељубивост секогаш се препознаваат.

Овој пат тој влегол на тренинг од олимписки гимнастичарки и им се придружил.

На интернет стана хит фотографијата која на својот Инстаграм профил ја објави белгиската олимписка гимнастичарка Нина Дерваел.

На фотографијата Нина вежба пред натпреварот а во изведувањето на шпага и се придружил и Новак Ѓокович и уште некои белгиски натпреварувачки.

„Кога Новак Ѓоковиќ ќе те замоли за фотографија, едноставно не можеш да одбиеш“, напиша Нина во описот на фотографијата.

Насмевнатиот Ѓоковиќ со шпагата ги освои срцата на фановите на белгиската натпреварувачка, а објавата е преполна со позитивни реакции.

Видео: Американски пожарникари возат низ голем пожар

Шумските пожари и понатаму беснеат на западот од САД.

Се бележат рекордни теператури, многу граѓани морале да ги напуштат своите домови, а пожарникарите се борат против пожарите во екстремни услови.

Двајца пожарникари загинале во пад на авион. На северот од Невада, недалеку од границата со Калифорнија, дошло до масовна евакуација поради избивање на пожар предизвикан од гром. Еден пожар создал голем облак од чад и пепел кој во комбинација со временските услови создал сопствени молњи.

Во Орегон пожарот зафаќа површина од 311 километри квадратни.

Пожарникарите објавија снимка од возење во сред пожар. Погледнете ја:

притисни ентер