3УФЦ шампион преживеа тешка сообраќајка и веднаш потоа отиде на спаринг тренинг: Јас сум идиот (ВИДЕО)
Австралија соопшти дека вештачката интелигенција на „Опенаи“ извршила упад во владин портал за здравствени податоци
1Австралија соопшти дека вештачката интелигенција на „Опенаи“ извршила упад во владин портал за здравствени податоци
МакедонијаСите наши граѓани се на безбедно, земјава ќе прифати 450 лица од АвганистанДоколку не се појави нешто неочекувано, досега успешно е извлекувањето на нашите граѓани од Кабул. Од утринските часови успеавме да ја извлечеме најголемата група на наши граѓани кои беа во Кабул, изјави синоќа министерот за надворешни работи Бујар Османи. Македонските граѓани кои беа регистрирани на аеродромот во Кабул, Авганистан, се качени на воените летови и трансферирани во Доха (Катар) и Абу Даби (ОАЕ). Сите наши граѓани се на безбедно, а дипломатската мрежа на Министерството за надворешни работи во овие земји е во директен контакт и тие наскоро продолжуваат кон Скопје. Министерот за надворешни работи Бујар Османи, вчера изјави педесетина граѓани на Македонија се префрлени од Кабул во Доха и во Абу Даби, а уште 19 наши граѓани се на пат за Доха. Сите потоа со редовни цивилни летови преку Катар и Лондон треба да се вратат во земјава. Според последните информации, 14 наши граѓани сѐ уште се наоѓаат во НАТО базата во Кабул, а дел од нив се очекуваше вчера да бидат безбедно транспортирани. Тројца остануваат во НАТО базата, согласно нивниот распоред на обврски. Владата на Република Македонија продолжува со интензивна координација со сојузничките НАТО сили, со амбасадата на САД во земјава и со меѓународните организации во рамки на меѓународната спасувачка и хуманитарна мисија за прифаќање и спасување на авганистанското цивилно и миротворно население. Владата, како што соопштија вчера, има преземено обврска за прифаќање на 450 граѓани од локално населените од Авганистан и тоа вработени и жени и деца од семејства на вработени во хуманитарните и миротворните мисии, активисти од организациите за човекови права, новинари, преведувачи, студенти, стипендисти, како и граѓани кои изминатите 20 години беа поддршка на НАТО сојузничките сили во Авганистан, вклучително и на македонската армија. Најголем дел од 450-те граѓани кои се очекува да пристигнат до крајот на неделава, се наведува во соопштението, зависно од околностите на аеродромот во Кабул, се координирани и организирани од страна на американската невладина организација Национален демократски институт (НДИ). Инаку, Владата донесе одлука да ги ослободи од трошоци за издавање визи сите граѓани од Авганистан кои ќе пристигнат во земјата, а трошоците за нивното сместување во неколку хотели и мотели во земјава ќе бидат во целост покриени од меѓународните организации и од САД, сѐ до нивното заминување кон САД или до трети земји како нивна крајна дестинација. Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност, пак, се задолжени на брз и ефикасен начин да ги завршуваат сите оперативни, безбедносни и административни обврски за прифаќањето на граѓаните од Авганистан и за нивно спроведување до хотелските капацитети во кои ќе бидат сместени. Владата апелира за внимателно, одговорно и точно информирање во врска со меѓународната хуманитарна мисија за која Македонија презеде иницијатива за вклучување и помагање. Никој нема право да ги плаши граѓаните со неточни, опасни и искривени информации како што се оние дека наводно земјава ќе ја населеле Талибанци екстремисти. Како што вчера соопштија од Владата, граѓаните од Авганистан ќе пристигнат со прецизно организирани авионски летови, истите се вработени или членови на семејства на вработени на локални и меѓународни демократски мисии и воопшто не се нелегални мигранти, тие нема да бидат сместени ниту во прифатниот центар во Гази Баба, ниту во новите превентивни капацитети во Бардовци. – На Македонија не и се случува никаква мигрантска криза, напротив, Македонија е дел од голема светска хуманитарна акција за спасување на авганистанско мирољубиво население кое е под опасност од екстремистичките талибански структури, се наведува во владиното соопштение. Во меѓувреме, премиерот Зоран Заев доби поддршка од претседателот на Националниот демократски институт Дерек Мичел за одлуката за прифање авганистански цивили во земјава. – Националниот демократски институт го поздравува премиерот на Македонија за неговата заложба да прими авганистански цивили во неволја, кои својот живот го посветиле на мирно, мултиетничко општество со еднакви права за сите. Таквото лидерство и солидарност е она што се бара во време на криза, напиша на неговиот твитер налог претседателот на влијателната американска невладина организација која е посветена на унапредување на демократијата во светот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСилен земјотрес ја погоди Турција, луѓето во паника,истрчаа на улиците Земјотрес со јачина од 5,4 степени е регистриран во југоисточниот дел на Турција, во област што беше погодена од разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала во 2023 година.Турската Управа за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) соопшти дека земјотресот, со епицентар во областа Каракопру во регионот Шанлиурфа, имал магнитуда од 5,4 и бил регистриран во 10:40 часот по локално време. Земјотресот бил почувствуван во Шанлиурфа, како и во Адијаман, Газиантеп, Дијарбакир, Елазиг и многу околни провинции, објави „Ен Сон Хабер“ (En Son Haber). Земјотресот предизвика краткотрајна паника во Шанлиурфа, а како што пренесе gazeteipekyol.com, по потресот, некои граѓани ги напуштија своите домови и работни места и излегоа на улиците од претпазливост. На 6 февруари 2023 година, разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала ги погоди југоисточна Турција и северна Сирија, предизвикувајќи катастрофални штети и загуба на повеќе од 53.000 човечки животи. Главниот земјотрес имаше магнитуда од 7,8, а беше проследен со серија разорни последователни потреси, вклучително и нов силен земјотрес со магнитуда од 7,5 истиот ден. Милиони луѓе во Кахраманмараш, Шанлиурфа, Хатај и Газиантеп останаа без дом во една од најголемите природни катастрофи во модерната историја на овој регион.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мега скандал: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски!Во Америка има закон. Ако некој однадвор плаќа лобист да работи кон американски функционери, тоа се пријавува. Се вика FARA.Регистар бр. 6170. Таму пишува: американската куќа Mercury Public Affairs ја плаќа фирма од Скопје - АТС Груп ДООЕЛ. Приватна фирма. Значи не ја плаќа Министерството за надворешни, владата.... Ја плаќа приватна компанија за муниција, шлемови, балистичка опрема. Сопственик: е Шефшет Демировски. Цена: 130.000 долари месечно. Квартално однапред 390.000. Годишно околу 1,56 милиони долари. Договорот трае, низ 2026 и 2027 година. На 2 април 2026 истата куќа, платена од АТС, предава материјал со наслов „Стратешко партнерство САД–Северна Македонија“. Во текстот не стои „продајте ни куршуми“. Стои пакет влада со влада. Име: Трамп и Мицкоски. Нула царини. Американски гас. Стотици милиони за американски ИТ. Повластен пристап за американска одбрана. Енергетски столб од ред 1,5 милијарди долари. Превод за секој што не чита регистри: приватна фирма за оружје плаќа американски лоби да ги турка темите на Мицкоски како да се државни. Ова е мега скандал. Што бара таа фирма? Пазар за наоружување и опрема. Што е антимон? Метал што влегува во воена индустрија - тврди легури, муниција, заштита. Пет милиони долари грант за развој на антимон кај Крстов Дол, Луке, Крива Паланка, Мицкоски го продаде како успех од Америка. За Гета фрлија 5,53 милиони евра народни. Земјата евтина. Концертот скап. Јаловината останува во почва и вода. Затоа ова е многу едноставно. Кога немаш официјален термин, одиш каде што лобистот отвора врата: хотелски фоаје, ходник, 42 секунди, слика од страна. Потоа дома тоа го викаш средба на ултра високо ниво. Заштита на идентитетот. Стратешко партнерство. Проверивме што може да се провери. На сајтовите на Белата куќа, Стејт департментот, агендите на секретарот Марко Рубио и на заменикот Кристофер Ландау, Пентагон, ДФЦ, Конгрес, FARA - за посетата од 15 до 22 септември 2026 нема официјална објава дека Мицкоски имал состанок со Рубио, со Ландау или со друг висок функционер на администрацијата. Нема агенда. Нема заедничко соопштение. Нема потпис. Има Фејсбук. Ако Вашингтон не го запишал, тоа не е државна средба туку неформален контакт. Ако истиот човек дома го продава како самит, тоа е лага. Ако истиот месец приватна каса, приватна фирма плаќа лоби за неговата агенда, тоа не е случајност. Тоа е метод. Педесет души на народен грб. Приватна фирма плаќа врата. Премиерот се слика на ходник. Антимонот влегува како „почеток“. Народот не се прашува. Провизијата се знае кај него. Ризикот останува кај нас: вода, почва, сметка. СДСМ е за сојуз со Америка ама вистински сојуз. Како што ние успеавме. И со САД да ги издигнеме односите на највисоко ниво и НАТО да го затворивме токму ние. Но ние сме против тоа државата да се води од фоаје и од каса на производител на муниција. Ова мириса на корупција и мора да се истражи! Бараме јавно да биде објавена целата документација. Цел извод FARA 6170, материјалот од 2 април, список кого Mercury го барал во име на АТС, кој ја платил делегацијата, и писмен одговор зошто антимон се води како државен интерес додека го лобира приватна воена фирма. Ходникот не е кабинет. Лобито не е дипломатија. Антимонот не е леб. Тоа е руда за оружје. Кој го плаќа лобито, тој ја пишува агендата. Во овој случај не ја пишува народот. Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска, портпаролка и членка на Извршниот одбор Скопје, 24.09.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураМНТ: Премиера на претставата „Три сестри“Претпремиерата на претставата „Три сестри“, по мотиви на А.П. Чехов, во режија на Нела Витошевиќ, ќе се одржи вечерва на 24 септември, а премиерата е закажана за 25 септември.Билетите за претпремиерната и премиерната изведба како и за првата изведба која е закажана за 5 октомври се достапни во продажба, а публиката може навреме да ги обезбеди своите места. Новата сценска адаптација, по текст на Васил Христов и Нела Витошевиќ, а во драматургија на Викторија Рангелова-Петровска, е современо читање на еден од најзначајните драмски класици. Претставата „Три сестри“ во режија на Нела Витошевиќ е работена врз новиот драмски текст под кој како автори се потпишуваат Васил Христов и Нела Витошевиќ. Во драмскиот текст се користат мотиви од истоименото дело на Чехов, поставени во постмодерна драмска структура - со динамичен и скоро документарно природен дијалог, суптилен хумор, разорна карактерна психологизација и поетичен драмски јазик. Во претставата „Три сестри“ се преиспитува денешната стварност преку галерија ликови заробени помеѓу спомените, изгубените идеали и копнежот по поинаков живот. Драмското дејство е поместено на овие наши простори, во современи општествени околности. Карактерите се лица кои постепено се оддалечуваат од сопствените желби, од самите себе и од оние кои вистински ги сакаат. Семејството станува мала слика за едно општество во распаѓање, во кое старите вредности исчезнуваат, а новите сè уште не се родени. „Три сестри“ не ја гледам само како приказна за едно семејство кое не успева да се придвижи. Ја гледам како приказна за луѓе и за едно општество заглавени во мртва точка. Сите знаат дека треба да се помрднат, сите зборуваат за промена, сите сонуваат за некаде и некогаш, но никој не успева навистина да тргне, вели режисерката на претставата Нела Витошевиќ. Во претставата настапуваат: Дарја Ризова – Ирина, Наталија Теодосиева – Маша, Верица Недеска – Олга, Дамјан Цветановски – Андреј, Благој Веселинов – Александар, Емил Рубен – Иван, Ивица Димитријевиќ – Игор, Нина Деан – Наташа и Антонио Ташковски – Никола. Креативниот тим го сочинуваат сценографот Игор Васиљев, костимографката Роза Трајческа, композиторот Огнен Анастасовски, а извршни продуценти се Симона Угриновска и Виктор Рубен. Портретната фотографија од режисерката е од фотографот: Кристијан Теодоров Фотограф на претставата е Кире ГалевскиТагови: МНТ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter