Синот на Нетанјаху си го смени името и презимето - Канал 5

Синот на Нетанјаху си го смени името и презимето

Јаир Нетанјаху, најстариот син на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, официјално го смени своето име во Јонатан Хун, објави израелскиот весник „Хаарец“, повикувајќи се на даночни документи.

Синот на Нетанјаху си го смени името и презимето

Според весникот, Нетанјаху ја поднел својата даночна пријава за 2026 година под ново име, но со ист идентификациски број и адреса како и неговата даночна пријава за 2024 година, која била поднесена под неговото родено име.

Јонатан беше името на неговиот чичко

Во Израел, по официјалната промена на името, името не може повторно да се промени во период од седум години. Не е познато дали Нетанјаху планира да се претстави под ново име во иднина или го променил од други причини. Тој продолжува да го користи своето оригинално име на социјалните мрежи.

Името Јонатан го носел чичкото на Јаир, братот на премиерот Бенјамин Нетанјаху. Јонатан (Јони) Нетанјаху бил убиен во 1976 година за време на операцијата Ентебе, во која израелските сили ослободиле заложници држени од киднапери во Уганда. Хун е оригиналното презиме на неговиот дедо по мајчина линија, Шмуел Бен-Арци, кој пред хебреизацијата се викал Самуел Хун.

„Хаарец“ наведува дека најстариот син на премиерот со години го користи презимето Хун на одредени профили на социјалните мрежи, но не е познато зошто решил официјално да го усвои токму сега.

Тој живее во Флорида во последните неколку години

34-годишниот Јаир е познат како десничарски активист и водител на подкасти, а во последните неколку години живее во Флорида. Се издвојува по своите провокативни објави на социјалните мрежи и врските со крајно десничарски политичари и јавни личности во Европа и САД.

Неговиот помлад брат Авнер исто така официјално го променил своето име порано. Откако купил стан во Лондон, бил регистриран во земјишниот регистар како Ави Сегал, користејќи законски одобрен псевдоним земен од моминското презиме на неговата баба по таткова линија. Минатата година, тој изјави дека одлучил да го промени своето име од безбедносни причини за време на студиите во британската престолнина.

И Бенџамин Нетанјаху за време на студиите на МИТ во 1970-тите го променил своето име во Бенџамин „Бен“ Нитаи. Подоцна објаснил дека го направил ова за да им го олесни на Американците да го изговараат неговото презиме.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Спортист од светска категорија – Ристовски го пречека Ален Рустемовски по историскиот успех на ЕП во Бугарија

Министерот за спорт Борко Ристовски, денеска го пречека македонскиот боксер Ален Рустемовски и му честиташе за историскиот успех и освоениот бронзен медал на Европското сениорско првенство во Софија, Бугарија.

Спортист од светска категорија – Ристовски го пречека Ален Рустемовски по историскиот успех на ЕП во Бугарија

Рустемовски со три последователни победи стигна до полуфиналето во категоријата до 60 килограми и го обезбеди бронзениот медал за Македонија.

Со овој резултат Македонија повторно има европски медал во сениорски бокс, прв пат по 2008 година кога Вели Мумин освои бронза на Европското првенство во Ливерпул.

Согласно Правилникот за категоризација на спортистите од Република Македонија, со освоениот бронзен медал на Европското првенство Рустемовски влегува во категоријата „Спортист од светска категорија“, со што се стекнува со право на паричен надомест од државата во висина од две просечни плати во период од четири години.

Со трите победи и бронзениот медал на ЕП, Рустемовски се стекнува и со право на највисокото Национално спортско признание што се доделува на македонските спортисти за врвни спортски остварувања по навршување на 40-годишна возраст.

„Ален покажа дека Македонија има боксер за големата европска и светска сцена. Овој медал е резултат на огромна работа, дисциплина и карактер и претставува потврда дека младите македонски спортисти имаат квалитет за најголеми натпреварувања. Како Министерство за спорт, наша обврска е да стоиме зад нив, да ги препознаеме нивните резултати и да создадеме услови тие да продолжат да напредуваат. Ален заслужено добива нов статус како Спортист од светска категорија, а со него и конкретна државна поддршка. Му честитам за историскиот резултат и му посакувам уште поголеми успеси“ - истакна министерот Ристовски.

Минатата година Министерството за спорт го прогласи Ален Рустемовски за најдобар млад спортист, признание кое тој го оправда со новиот голем успех на европската сцена.

Бронзата од Софија е второ големо одличје за Рустемовски во период од неполн месец. Претходно тој освои бронзен медал и на Медитеранските игри во Таранто, Италија.

Ова е историски успех за македонскиот бокс бидејќи Ворлд бокс е органзација преку која се обезбедува учество на Олимписките игри. Со овој резултат кој му носи 300 рејтинг поени, Рустемовски се наметнува и како кандидат за учество на Олимпијадата 2028 година во Лос Анеџелес.

Министерството за спорт останува посветено на поддршката на македонските спортисти кои со своите резултати го афирмираат македонскиот спорт на најголемите меѓународни натпревари.

Министерство за спорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД и Кина објавија намалени царини за производи во вредност од 30 милијарди долари

По минатонеделната средба на Трамп и Џинпинг, САД и Кина објавија листи на производи, за кои ќе бидат намалени царините во рамките на договорот со кој се поттикнува билатералната трговија.

САД и Кина објавија намалени царини за производи во вредност од 30 милијарди долари

Намалени се царините за производи во вредност од 30 милијарди долари.

На списоците се наоѓаат 1.619 американски артикли што се извезуваат во Кина, меѓу кои се земјоделски производи, јаглен, производи за лична нега до медицинска опрема.

Како и 77 кинески производи што ги увезуваат меѓу кои пиротехнички средства, прибор за јадење, стаклени и дрвени лампиони и фудбалски топки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем штрајк во Загреб – од утрово нема трамвај и автобуси, на протест се и работниците од комунална хигиена

Сообраќајот во Загреб во колапс.. Утрово започна голем штрајк на вработените од Загрепскиот електричен трамвај откако синдикатот и менаџментот не постигнаа договор за платите и нов колективен договор.

Голем штрајк во Загреб – од утрово нема трамвај и автобуси,  на протест се и работниците од комунална хигиена

Главниот град на Хрватска се соочува и со друг голем проблем- штрајкуваат и вработените од комуналното претпријатие задолжено за хигиената на Загреб, па во следниот период се очекуваат потешкотии во справување со отпадот и со одржувањето на зелените површини и патиштата.

Според првичните информации не сообраќаат ниту трамваите ниту автобусите, па бројни граѓани бараат алтернативен превоз за да стигнат до работа, факултет или училиште. Хрватските медиуми информираат дека за да има минимален проток за оние кои немаат друга можност за патување, подоцна биле пуштени во сообраќај само два трамваи и еден автобус, а на располагање зе и градската и приградската железница кои работат според редовниот возен ред.

Синдикатите уште утре ќе се соочат со тужби од фирмите за покренувањето на овој штрајк, за чија законитост ќе одлучува загрепскиот жупаниски суд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер