СветТрамп: Мораме да го вразумиме НетанјахуАмериканскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД треба „малку да го вразумат“ израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кога станува збор за Либан.Опишувајќи го нивниот однос како „добар“, Трамп рече дека може да ги контролира израелските воени активности во Либан затоа што тамошните службеници прават што тој им кажува. Израел инсистира на контрола на јужен Либан и се закани со нови напади доколку не се постигне долгорочен договор со Хезболах и либанските власти. Трамп, пак, ја нагласи американската воена супериорност, истакнувајќи дека САД обезбедуваат оружје и бомбардери Б-2 и тврдејќи дека без негова интервенција, Израел би бил целосно уништен.Тагови: Бенјамин Нетанјаху Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо Собранието последна седница за пратенички прашањаВо Собранието денеска ќе се одржи 113. пленарна седница, последна за пратенички прашања пред заминувањето на пратениците на годишен одмор.Седницата за пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот, а на премиерот и на министрите прашања први им поставуваат пратениците од опозициските партии. Секој последен четврток во месецот се одржува и редовниот брифинг на претседателот на Собранието, Африм Гаши, со новинарите.Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНа ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минутиОд Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) информираат дека интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП „Богородица“, поради зголемена фреквенција на возила, за излез од државата се чека околу 20 минути. Како што информира АМСМ, на останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.Тагови: ГП Богородица Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33Забраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55
МакедонијаТројца грчки пожарникари загинаа во пожари што се закануваат на делови од јужна ЕвропаТројца грчки пожарникари загинаа гасејќи пожари на Крит и на Пелопонез.На Крит,а силните ветрови ги разгореа пожарите, што доведе до евакуација на неколку села, шумски пожари избувнаа и на други места во Грција, на островите Парос и Лезбос во Егејското море и во јужниот град Трифилија на грчкото копно. Во меѓувреме, во Шпанија и Франција започна четвртиот топлотен бран ова лето, а пожарникарите се обидуваат да спречат разгорување на големите пожари кои штотуку беа ставени под контрола. Во јужна Турција, главниот автопат што ги поврзува Фетије и Анталија мораше да биде затворен, а дел од болницата евакуиран поради пожар во покраината мугла.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33Забраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55