Синот на Гадафи сака да се кандидира за претседател на Либија

Синот на поранешниот либиски претседател Моамер Гадафи, Саиф ал-Ислам Гадафи (48), планира да се врати во јавниот живот и сака да се кандидира за претседател на претстојните избори, дознава „Тајмс“.

Саиф ал-Ислам Гадафи, кој претходно беше сметан за наследник на неговиот татко како претседател, не се појавувал во јавноста откако е виден пред десет години во либиската пустина.

„Тајмс“ наведува дека Саиф се обидел да стигне до западните и други дипломати со цел тие да го потврдат неговиот идентитет, бидејќи тој се враќа во јавниот живот.

Синот на Гадафи сепак е сè уште на списокот на барање во Меѓународниот кривичен суд во Хаг, кој го сомничи за воени злосторства.

Неговите соработници изјавија дека Саиф ал-Ислам брзо ќе и се обрати на јавноста.

Планот е да се кандидира на претседателските избори на 24 декември, но неговите соработници велат дека сегашната номинација ќе биде предвремена, пред ратификувањето на изборниот закон, бидејќи постои можност неговите противници да побараат клаузула за забрана за негово учество.

СТО: Можно производство на вакцини против Ковид-19 во Африка

Регионалните производствени капацитети и отворениот синџир на снабдување даваат можност за подобра подготвеност во идните кризни периоди.

Генералната директорка на Светската трговска организација (СТО) Нгози Оконџо Ивеала потврди денеска дека африканските земји преговараат со ЕУ и други партенри за започнување производство на вакцини против коронавирусот во Јужна Африка, Сенегал, Руанда, а можеби и во Нигерија.

Таа на денешниот видео самит изјави дека се покажало оти прекумерната централизација на производството на вакцини е некомпатибилна со еднаков пристап до вакцините во кризни ситуации.

– Регионалните производствени капацитети и отворениот синџир на снабдување даваат можност за подобра подготвеност во идните кризни периоди, истакна генералната директорка на СТО.

МЗ: Починати две лица, 3 новозаболени, 15 оздравени

Во последните 24 часа се направени 1.601 тестирања, а регистрирани се 3 нови случаи на КОВИД-19.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 1.601 тестирања, а регистрирани се 3 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје – 3.

Регистрирани се 15 оздравени пациенти од:

Скопје – 6, Прилеп, Битола и Кичево – по 2, Тетово, Неготино и Виница – по 1.

Пријавени се две починати лица: од Скопје (76г) и Куманово (75г).

Пациентите се починати во болнички услови.

Направени се 1.601 тестови преку: ИЈЗ-30, ЦЈЗ Скопје-15, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово–7, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија-0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-88, Авицена-137, Биотек-177, Систина-132, лабораторија Лаор-0, Синлаб-1, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа–0, Никоб лаб-94, ВФВ Медикал-7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 910.

Досега во земјата се направени вкупно 856.274 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.627, бројката на оздравени пациенти е 149.877, на починати е 5.477, а бројот на активни случаи изнесува 273.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)

Скопје 68643, Активни 102

Куманово 8878, Активни 34

Прилеп 8326, Активни 24

Тетово 7241, Активни 23

Битола 6304, Активни 8

Велес 5472, Активни 4

Гостивар 5181, Активни 8

Кавадарци 5153, Активни 0

Охрид 5016, Активни 14

Штип 4960, Активни 1

Струмица 4117, Активни 5

Струга 2981, Активни 1

Кочани 2792, Активни 3

Кичево 2591, Активни 20

Гевгелија 2195, Активни 2

Неготино 2184, Активни 0

Свети Николе 1523, Активни 0

Ресен 1234, Активни 0

Крива Паланка 1226, Активни 6

Радовиш 1161, Активни 2

Берово 1029, Активни 0

Делчево 973, Активни 1

Дебар 941, Активни 1

Виница 886, Активни 4

Пробиштип 789, Активни 0

Валандово 666, Активни 1

Богданци 494, Активни 0

Крушево 490, Активни 1

Демир Хисар 400, Активни 3

Демир Капија 396, Активни 0

Кратово 377, Активни 4

Македонски Брод 359, Активни 1

Пехчево 268, Активни 0

Македонска Каменица 249, Активни 0

Дојран 132, Активни 0

Со почит,

Одделение за односи со јавност

Министерство за здравство

Продолжува извршното дејствие околу одлуката за уривање на галијата, ново рочиште на 7 јули

Одлуката за уривање на галијата во Вардар се носи по основ на извршната клаузула во договорот што го има постигнато Градот Скопје со корисникот на просторот.

Ние веќе продолживме минатата недела со извршното дејствие со надлежниот извршител ангажиран од страна на градот и таа постапка како континуитет си продолжува, соопшти градоначалникот Шилегов на денешната промоција на новонабавените специјални комунални возила-камиони за собирање и транспорт на комунален отпад.

Шилегов воедно истакна дека временската рамка била укината, како и дека ново рочиште било закажано на 7 јули.

– Одлуката на Апелациониот суд во Скопје е да ја укине времената мерка на Основниот суд и ние заради тоа продолживме со извршните дејствија, а Основниот суд во Скопје закажа рочиште на 7 јули на кое што јас кажав дека ќе го застапувам Град Скопје. За оние кои не знаат, согласно Законот, законски застапник на институцијата е градоначалникот и јас имам право да го застапувам овој град во секоја постапка, нагласи Шилегов.

Тој воедно информира дека по надминатите проблемите од формален карактер, наскоро ќе започнат активностите околу уредување на зелениот покрив на Мавровка.

притисни ентер