Синот на фудбалска легенда на 13 годишна возраст потпиша договор со Реал

Ензо Алвес Виеира потпиша договор со Реал Мадрид.

Веројатно немаше да добие простор во медиумите доколку зад името не се криеше 13-годишниот син на клупската легенда и најодликуван играч на шпанскиот гигант, Марсело. Бразилскиот лев бек играше за Реал Мадрид од 2007 до оваа година кога потпиша за Олимпијакос.

Со Реал освои 25 титули, од кои шест за најдобриот тим во шпанското првенство и пет за најдобриот тим во Лигата на шампионите. Има две деца. Енцо има 13 години, постар брат на 7-годишниот Лијам. Марка го опишува младиот фудбалер како „голем скапоцен камен“ на младиот тим на Реал. Тој игра на позицијата напаѓач.

Изминатата недела санкционирани 207 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

Јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје, во периодот од 4 до 10 овој месец санкционирале 207 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

-Со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 120 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 87 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, соопштуваат денеска од ЈП Паркинзи на Општина Центар.

Оттаму посочуваат дека за трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура.

Жестоки борби во Кан Јунис - новиот епицентар на војната во Газа

Во текот на ноќта беа извршени силни воздушни напади врз градот Кан Јунис на југот на Појасот Газа, кој е новиот епицентар на војната. 

Појасот Газа и денеска е цел на силни израелски воздушни напади, кои се случуваат во време на закани од палестинското исламистичко движење Хамас дека нема да ги ослободат преостанатите „живи“ заложници без преговори и дека бараат исполнување на сите нивни барања.

Во текот на ноќта беа извршени силни воздушни напади врз градот Кан Јунис на југот на Појасот Газа, кој е новиот епицентар на војната. Кан Јунис моментално е дом на стотици илјади цивили кои, по совет на Израел, избегаа од другите делови на палестинската енклава кога почнаа бомбардирањата во Газа.

Исламскиот џихад, другото вооружено исламистичко движење во Газа, соопшти дека во делови на градот Газа се водат тешки борби.

Во однос на повторуваните израелски повици жителите на Газа да се евакуираат од целиот Појас, Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) вели дека ниту еден дел од енклавата не е безбеден за жителите.

- Изгубивме повеќе од 130 колеги, половина од нив беа убиени во централните и јужните области, изјави за Ал Џезира Џулиет Тума, директор за комуникации во УНРВА. „Ова е само еден пример што покажува дека никаде не е безбедно“.

Израелската армија денеска информира дека од Газа биле истрелани ракети, како и дека вчера се воделе „жестоки битки“ во секторите на градот Газа и во Кан Јунис.

Палестинското движење Хамас вчера предупреди дека ниту еден од заложниците кои беа киднапирани за време на нападот на 7 октомври и се уште се во Појасот Газа нема да замине „жив“ без преговори и „без одговор на нивните барања“./МИА

Спасовски: Го исплаќаме надоместокот за годишен одмор (регрес) за 2023 за вработените во МВР

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објави дека од денеска почнува исплатата на надоместокот за годишен одмор (регрес) за 2023 година во износ од 10.000 денари за вработените во МВР.

Спасовски на „Фејсбук“ наведе дека се работи за бруто износ од 125.498.745 денари.

- Како раководство на МВР се обврзавме кон континуирано унапредување на социјалниот статус на полициските службеници и вработените во МВР - со зголемување на платите за 35 отсто откако сум на чело на МВР и со редовно исплаќање на 6 бонус плати, а со една единствена цел - создавање задоволна и мотивирана полиција која ја гарантира безбедноста на граѓаните, напиша Спасовски.

притисни ентер