Петрушевски: Слугувањето на Филипче на официјална Софија му се удира од глава, ја води СДС кон исчезнување и и штети на Македонија
Младеновска: „Твоја држава, твоја шанса“: Плати што го следат животот, економија што работи за луѓето
1Петрушевски: Слугувањето на Филипче на официјална Софија му се удира од глава, ја води СДС кон исчезнување и и штети на Македонија
2Младеновска: „Твоја држава, твоја шанса“: Плати што го следат животот, економија што работи за луѓето
3Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата
ТенисСинер го освои Мастерсот во СинсинатиЛидерот на АТП листата, Италијанецот Јаник Синер ноќеска го победи Американецот Френсис Тиафо во финалето на турнирот во Синсинати, САД со резултат 7:6 (7:4) и 6:2.Во меч што траеше 1 час и 38 минути, 23-годишниот Италијанец сервираше 13 аса, направи 2 двојни грешки и освои две 2 брејк топки од 8 шанси. За светскиот рекет број еден ова е петта титула во 2024 година. Синер претходно ги освои турнирите во Ротердам, Мајами, Хал, како и Австралија Опен. Наградниот фонд на турнирот изнесуваше 6,8 милиони долариКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПетрушевски: Слугувањето на Филипче на официјална Софија му се удира од глава, ја води СДС кон исчезнување и и штети на МакедонијаВенко Филипче и раководството на СДС заслепени од желбата за власт, а поради неможноста да дојдат до истата, бидејќи само тонат за што има и податоци, решително се ставија на страната на официјална Софија.Тие како и да не разбираат дека токму држењето на оваа страна и слугувањето на софиското раководство се причината за нивното тонење. Почитувани, Дали е можно некој да е подготвен до тој степен да распродаде се свое, се македонско, дали е можно некој безусловно да прифаќа диктати од официјална Софија за внесување на Бугари во Уставот, притоа знаејќи дека барањата не сопираат тука, односно дека истите удираат и по македонскиот идентитет, историја. Да, можно е, и на тоа сведочиме секојдневно, го гледаме Филипче како слугува на официјална Софија, кој се однесува како специјален претставник на бугарската политика во Македонија. Токму тоа го гледаме од човекот кој може да се нарече секако само не политичар кој се грижи за Македонија и граѓаните. Полтронскиот однос на Филипче кон Бугарија му се удира секојдневно од глава. За разлика од Филипче и раководството на СДС, ВМРО-ДПМНЕ јасно ја става сопствената држава Македонија пред се останато. Потоа јасно работи за доброто на секој еден граѓанин во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ јасно чекори кон исполнување на европските вредности, нивната секојдневна употреба. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Бране Петрушевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58Мицкоски на пуштање во употреба на Дом за стари лица во Илинден09:19Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37Пожар и панична евакуација на станарите, изгореле електрични кабли пред зграда во Кисела Вода 15:00
Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58
Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58
Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37
МакедонијаМладеновска: „Твоја држава, твоја шанса“: Плати што го следат животот, економија што работи за луѓетоВистината е дека македонската економија се распаѓа - граѓаните живеат се полошо и имаат помалку пари.На средина од годината нема пари во буџетот, веќе е испразнет. Дури и планираниот годишен дефицит е веќе пробиен за над 18 милиони евра. Владата на Мицкоски создаде нов долг од 2,5 милијарди евра а пари нема. Нема за граѓаните, нема за 600 евра минимална плата, нема за земјоделците. Само за криминални тендери има пари. Сега снемува пари и за тендери штом му се брза со избори. СДСМ во Платформата „Твоја држава, твоја шанса“ нуди нов економски пристап, економијата да работи за луѓето, а не само за малкумина привилегирани. Правично е државната поддршка да ја добиваат компании што носат резултати и придонесуваат во економијата, а не фирми што се блиски до власта и напредуваат по партиска линија. Затоа предвидуваме строга ревизија на секои 18 месеци, на секоја мерка. Ако компанијата не испорачува резултати, ако нема ефект врз продуктивноста, средствата ќе се пренасочуваат кај поуспешни корисници. Предвидуваме долгорочна поддршка и следење на компаниите што се извозно ориентирани и имаат потенцијал за раст, преку Развојната банка на Македонија. Економијата мора да се развива во сите региони. Затоа ќе развиваме индустриски кластери според локалните потенцијали. Финансиската поддршка за компаниите ќе биде условена со обука на работниците, воведување стандарди и пристап до нови пазари. Праведно е пари да се даваат за успех, а не за преживување. Економијата не е бројка на хартија, тоа е платата што работникот ја носи дома, пензијата на пензионерот, цената на храната и сметките - достоинството на секое семејство. Затоа, во нашата платформа, за работниците создаваме шанса за повисоки плати и достоинствен живот. Минималната плата автоматски ќе се усогласува со трошоците за живот, инфлацијата и просечната плата. Ако растат цените, мора да растат и платите. Ако профитот на компанијата расте, ќе мора да расте и платата на работникот. Така е правично. Твоја држава, твоја шанса! Прес конференција на СДСМ, Рената Младеновска – членка на Извршниот одборТагови: Рената Младеновска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државатаИзјава за медиуми на премиерот Мицкоски од пуштање во употреба на Дом за стари лица во Илинден.„Почитувани претставници на медиумите Денеска сме овде да го одбележиме отворањето на овој прекрасен објект, приватна инвестиција целосно. Наша цел и задача како Влада е да поддржуваме приватни иницијативи, посебно кога тие иницијативи имаат цел да го олеснат животот, да бидат додадена вредност и да го зголемат квалитетот на животот на нашите сограѓани, така што ние како Влада апсолутно поддржуваме ваков претприемачки дух. Јас му честитам и на инвеститорот и на сопственикот на овој објект и на луѓето коишто ќе ги користат услугите на овој објект, бидејќи навистина претставува храброст пред сè да се влезе во една ваква инвестиција, за мене луѓето коишто влегуваат во вакви инвестиции се во суштина најголемите патриоти коишто обезбедуваат едно работно место повеќе, коишто се грижат да обезбедат плата повеќе во месецот, така што ние како Влада секогаш ќе бидеме на страната на бизнисот коишто секогаш се труди да направи повеќе. Колку е поуспешен бизнисот толку е и државата поуспешна, тоа јас сум го кажал многупати, а колку е државата пак поуспешна тогаш и бизнисот е повреден, тоа е отприлика како двонасочна улица, така што за мене претставува чест и благодарност до сопственикот на објектот, овде за денеска што ме покани да свечено го отвориме овој објект. Благодарам и до градоначалникот на Општина Илинден којшто како институција застана целосно позади реализацијата на оваа инвестиција и се разбира уште многу инвестиции да се множат во периодот којшто следи. Ви благодарам.“ Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter