Синдикатот на Клинички центар бара реализација на ветувањето за 100 илјади денари плата

Самостојниот синдикат на Клинички центар реагира дека и покрај ветувањата дека платата на доктор специјалист во терцијалното здравство ќе биде 100 000 илјади денари, сегашната основна нето плата на доктрот специјалист во Клинички центар е 44 илјади.

Во случај платата на здравствените работници да биде зголемена согласно програмата, информираат од Синдикатот, со право ќе го побарате и ќе можете да сметате на гласот на здравствените работници на претстојните парламентарни избори, а јавно ќе побараме од своето членство да ја поддржи Вашата политичка опција.

Во спротивно, посочуваат од Синдикатот, ќе ја загубите довербата не само кај здравствените работници, туку и кај поголемиот дел од граѓаните, бидејќи на трибините и јавните настапи, постојано истакнувавте дека здравството и спречувањето на одливот на здравствениот персонал е еден од врвните приоритети.

Актерот за врската со 16 години повозрасната светска ѕвезда Шакира

Актер за врската со Шакира, која е 16 години постара

Актерот Лисјен Лависконт од неодамна е во врска со 16 години постарата светска ммузичка ѕвезда Шакира.

Нивната љубов започна со деловна соработка, откако ѕвездата од серијата „Емили во Париз“ беше поканета во Мајами да го снима нејзиниот спот.

Иако не сакаат да зборуваат за нивната врска, Лисјен проговори за соработката со пејачката, па јасно е дека не може да ја сокрие својата љубов.

"Шакира е една од најневеројатните уметници што некогаш ја украсила планетата. Нејзината посветеност на нејзината работа, нејзините обожаватели и нејзината љубов кон животот се навистина инспиративни. Таа е една од најубавите и највредните луѓе што некогаш сум ги запознал", изјавил актерот за US Weekly.

Станува збор за спотот за песната „Punteria“ кој Шакира го сними со Карди Би, а кога се јави Лисјен ја снимаше хит серијата „Емили во Париз“, па и покрај бројните обврски успеаја да се договорат .

„Во тоа време го снимав „Емили во Париз“, но успеавме да ги одредиме датумите и бев на следниот лет за Мајами“, откри тој и додаде дека набрзо почнале да се забавуваат. Тој и официјално е нејзиниот прв партнер по разводот со фудбалерот Жерар Пике, од кого пејачката се разведе пред две години, наводно поради неговата измама, пренесува „ЦДМ“.

Најмалку тројца загинати во експлозија на киоск во Дизелдорф

Три лица загинаа, а 16 се повредени во синоќешната експлозија на киоск лоциран во станбена зграда во германскиот град Дизелдорф.

Помеѓу повредените двајца се во животна опасност.

Противпожарната служба соопшти дека киоскот целосно изгорел, а пожарот го зафатил и првиот кат од станбената зграда. Пожарот подоцна бил изгаснат, а истрагата за причините за пожарот е во тек, соопшти германската полиција.

ОЈО Скопје прибавува и анализира докази за Палчо

ОЈО Скопје прибавува и анализира докази за Палчо, истрагата за останатите петмина осомничени во завршна фаза.

Обвинителството презема истражни дејствија на прибавување и анализа на докази за првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо, кој вчера беше екстрадиран од Турција.

Како што соопштија од ОЈО Скопје, за петмината други осомничени во оваа постапка, истрагата е во завршна фаза.

- За петмина осомничени, од кои тројца соизвршители во тешките кривични дела – две грабнувања и две убиства на свиреп начин, еден осомничен за помагање при грабнувањето на малолетно лице и еден осомничен за помагање по извршеното кривично дело, истрагата е во завршна фаза, стои во соопштението од Обвинителство.

Оттаму дополнуваат дека продолжуваат да преземаат истражни дејствија во предметот.

Палевски, кој минатата година на 6 декември беше уапсен во Баликесир, Турција, синоќа со конвој од пет возила на Интерпол беше спроведен во Истражниот затвор Шутка. Во затворот тој е под специјален безбедносен режим, без контакт со други притвореници.

Тој е осомничен за убиство на малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември 2023, а пронајдени мртви во близина на Велес и на Скопје на 3 декември.

За соучество за убиството се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје. Во домашен притвор од неодамна е и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека помагал во грабнувањето.

Со мерки на претпазливост за овој случај е и Стефан Димовски, возачот на Палчо, кој е осомничен за помагање при бегството.

притисни ентер