Синдикална минимална кошница за месец јули 2026 изнесува 68 498 денари, за 156 денари пониска - Канал 5

Синдикална минимална кошница за месец јули 2026 изнесува 68 498 денари, за 156 денари пониска

Синдикална минимална кошница за месец јули 2026 изнесува 68 498 денари, за 156 денари пониска
Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Ги расчистуваме дивите депонии и ги санираме проблемите низ маалата

Екипите на Општина Центар и овој викенд беа на терен. На повеќе локации низ општината се расчистуваа диви депонии и наталожен отпад, а паралелно се работи и на санација на проблемите на јавните површини.

Герасимовски: Ги расчистуваме дивите депонии и ги санираме проблемите низ маалата

Општина Центар ја започна и есенската офанзива, во рамки на која општинските служби ги обиколуваат маалата и урбаните заедници и пристапуваат кон решавање на проблемите на терен. Се санираат ударни дупки, оштетена урбана опрема, паднати и оштетени столпчиња и други оштетувања кои се во надлежност на Општината.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека екипите ќе продолжат со засилена работа на терен и во наредниот период.

„И овој викенд нашите екипи се на терен и ги расчистуваат дивите депонии. Паралелно, со есенската офанзива одиме маало по маало, улица по улица, ги лоцираме проблемите и реагираме. Ги санираме ударните дупки, оштетената урбана опрема, столпчињата и сè она што е во наша надлежност. Проблемите што ги гледаме на терен, но и оние што ни ги пријавуваат граѓаните, ги решаваме етапно и во најкраток можен рок. Продолжуваме со работа во сите маала во Центар“, порача Герасимовски.

Есенската офанзива ќе ги опфати сите урбани заедници на територијата на Општина Центар. Општинските служби ќе продолжат да ги следат пријавите од граѓаните и да интервенираат на локациите каде што е потребно, со цел Центар да биде почист, поуреден и побезбеден.

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рекација на ВРЕДИ: ВЛЕН денес гради, ДУИ обезбедуваше лаги

ДУИ повторно се фали со својата омилена работа – дека нешто „обезбедила“, а лаже.

Рекација на ВРЕДИ: ВЛЕН денес гради, ДУИ обезбедуваше лаги

Дваесет години на празни обезбедуваа пари, најавуваа проекти, цртаа патишта и сечеа ленти на презентации. Цел свет полн со лажни ветувања. На граѓаните им останаа ветувањата, а на партиската елита на ДУИ, привилегиите.

Разликата денес е едноставна и се гледа со голо око.

ВЛЕН не раскажува за проекти. Проектите се градат. Проектите се гледаат.

Се гради автопат кон Гостивар.

Се пробива автопатско поврзувањето кон Кичево.

Започна да се гради автопатската врска кон Косово.

Се гради Коридорот 8.

Она што со години беше цртано на карти, најавувано на прес-конференции и користено пред избори, денес е градилиште.

Додека ДУИ се слика, ВЛЕН гради на терен.

ДУИ денес вели: „Ние ги обезбедивме парите“.

Граѓаните со право прашуваат: ако сè сте обезбедиле, зошто за 20 години не го изградивте? Каде ги чувате? Каде стоеја тие пари? Некаде беа скриени?

Зошто западниот дел од Македонија две децении остануваше со тесни грла, опасни патишта, недовршени траси и инфраструктура која не одговара на потребите на граѓаните?

Додека ДУИ беше незаменлив дел од секоја власт, големите инфраструктурни приказни завршуваа со фотографии и тендерски најави. Западна Македонија чекаше, а приоритетите одеа на други страни. Се градеше за Штип и Гевгелија.

Денес сликата е поинаква.

Се градат булевари во Тетово.

Се инвестира во новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.

Се инвестира во булевари и инфраструктура во Струга.

Се градат улици, канализации, водоводи, канали и локална инфраструктура низ општините каде живеат Албанците.

Багерите се на терен, а ДУИ е на прес-конференција, плаче и лаже.

Тоа е целата разлика.

Дваесет години ДУИ им објаснуваше на Албанците што е „обезбедено“, што „ќе почне“, што „се планира“ и што „ќе се гради“.

Од нивната ера остана спомениците од „Скопје 2014“, додека Чаир, Тетово, Гостивар, Кичево, Струга и другите средини со години ги чекаа основните инфраструктурни инвестиции.

Сега кога конечно се гради, ДУИ сака да се запише како автор на секој километар асфалт.

Не оди така.

Пари што стојат на хартија не се автопат. Проект во фиока не е булевар. Ветување на прес-конференција не е инфраструктура.

Граѓаните не возат по соопштенијата на ДУИ.

Граѓаните возат по патиштата што денес се градат.

И токму затоа ДУИ е нервозна: по 20 години зборови, за првпат може директно да се спореди што ветувале тие и што се гради денес.

Секој проект што ВЛЕН го ветил, ќе го оствари, тоа го знаат граѓаните. Тоа ги прави ДУИ нервозни.

ДУИ остави папки. ВЛЕН остава патишта, се наведува во партиската реакција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лепа Брена се огласи по откажаниот концерт во Крива Паланка: Ви благодарам за разбирањето

Лепа Брена беше принудена да го одложи концертот што требаше да го одржи вчера во Крива Паланка, поради неочекувани и неповолни временски услови.

Лепа Брена се огласи по откажаниот концерт во Крива Паланка: Ви благодарам за разбирањето

Пејачката веднаш се огласи преку својот официјален Инстаграм профил и ја информираше публиката за промената на плановите, објави Телеграф.

- Поради неочекувани и неповолни временски услови, вечервашниот концерт во Крива Паланка за жал е одложен - сподели пејачката со своите следбеници.

Сепак, нејзините обожаватели нема да мора да чекаат долго за концертот. Како што изјави пејачката, настапот е одложен за вечерва, 30 август, на истата локација.

Брена им се заблагодари на публиката за разбирањето и трпението, ветувајќи им дека ќе им пружи незаборавно време.

- Ви благодарам за разбирањето и трпението. Се гледаме утре! Ветувам лудо време! - рече Брена во својата објава.

Патем, Лепа Брена неодамна имаше лоша среќа на сцената во Будва, кога падна за време на еден настап, по што ѝ беше укажана помош.

Повеќе пати кршеше раце и нозе

За потсетување, југословенската ѕвезда Лепа Брена неодамна во подкаст зборуваше за сериозните повреди што ги претрпела во текот на годините, вклучувајќи скршени раце и нозе.

Пејачката призна дека речиси сите нејзини екстремитети претрпеле повеќекратни фрактури, нагласувајќи колку нејзиното тело било изложено на голем стрес и напрегање.

- Јогата многу ми помогна, бидејќи се скршив самата. Ги скршив и левата и десната нога и десната и левата рака. Скршив сè, и тоа неколку пати - рече Брена во „Восткаст“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер