3Тошковски во посета на Археолошкиот музеј: Македонија располага со исклучително богато археолошко и културно наследство
МакедонијаПревентивни активности за спречување насилство и зголемување на безбедноста во сообраќајотВо рамки на активноста беше поделен и печатен едукативен материјал.Денеска (09.10.2026) полициски службеници од ОВР Кавадарци реализираа превентивна активност „Секој може да биде жртва“, при што на граѓаните им беа дадени совети за поголема лична и имотна безбедност и насоки како да се заштитат од имотни деликти односно како да го намалат ризикот да станат жртви на овие кривични дела. Во рамки на активноста беше поделен и печатен едукативен материјал. Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес денеска реализираа сообраќајни превентивни активности, со цел да им се укаже на возачите за потребата и обврската своите возила да ги паркираат на обележани паркинг простори, додека вчера попладне спроведоа активности насочени кон спречување на појавите кои можат да го нарушат јавниот ред и мир и да ја загрозат безбедноста на граѓаните и имотот, во пресрет на одржување на манифестацијата „Питијада 2026“. Превентивна активност за потребата од прописно паркирање беше спроведена и во Штип, од страна на полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип, а во Делчево полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Делчево реализираа превентивни активности „Не биди нем сведок“ и „Има помош за живот без насилство“. Преку непосредна комуникација, граѓаните беа информирани за појавите на семејно насилство, како и мерките за заштита, при што беа споделени постапките и процедурите при појава на овој вид на случаи, како и достапноста на помош, заштита и привремен престој, со акцент на важноста од навремено пријавување на сите облици на насилство. Во Пробиштип пак, полициски службеници од ОВР Пробиштип во ООУ „Браќа Миладиновци” во Пробиштип реализираа едукативно предавање со учениците од осмо одделение, со цел превенција од меѓуврсничко насилство. како и безбедно користење на интернет, заштита на личните податоци, приватноста на профилите и слично.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДоживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18
МакедонијаЦеремонија на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет пред најмлади посетителиТрадиционалната церемонија ја реализираше Баталјонот за почести при македонската армија, придружуван од воениот оркестар.По повод церемонијата на менување на државното знаме, којашто се одржува секој втор петок во месецот, денеска Кабинетот на претседателот го посетија учениците од ООУ „Гоце Делчев“ од Виница и деца од скопските градинки „Орце Николов“ - Карпош, Британска детска Академија и „Изворче – Монтесори“, како и дел од нивните наставници и воспитувачи. Традиционалната церемонија ја реализираше Баталјонот за почести при македонската армија, придружуван од воениот оркестар. Децата љубопитно го проследија настанот, со почит се вклучија во интонирањето на македонската химна, а на крајот го крунисаа моментот со заедничка фотографија. Заинтересирано ги разгледаа кабинетските простории, а посебно внимание им посветија на двата прекрасни мозаици на Чемерски во свечената сала. Највозбудлив дел од посетата беше бурниот разговор со претседателката, која беше изненадена од умните прашања за нејзините омилени игри и училишни предмети, домашните миленици, но и за тежината и предизвиците во вршењето на претседателската функција. Одговарајќи им, претседателката искрено призна дека нивните прашања ја вратиле во најубавиот период од животот, којшто никогаш никој не го заборава.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПетмина се уапсени поради кражба на четири ремек дела од музејот на Реноар Француската полиција уапси најмалку пет лица поврзани со кражбата на четири уметнички дела од музејот Реноар на 8 септември.Се верува дека меѓу уапсените се двајца директни сторители. Според весникот „Нис-Матен“, кој прв извести за апсењата, осомничените би можеле да бидат дел од организирана криминална група, пишува „Еуроњуз“. Кражбата се случила во зори на 8 септември. Градоначалникот Брајан Масон изјавил за локалната станица „Иси Азур“ дека сторителите биле добро опремени и добро информирани. Тие влегле во музејот низ градината, каде што ја исекле оградата, а потоа го скршиле прозорецот на приземјето од зградата. Тие користеле електрична пила за да ги исечат држачите што ги прицврстувале рамките за слики. Масон додаде дека дуото било „забележано благодарение на градските камери за надзор“. 🇫🇷🖼️ Tableaux de Renoir volés sur la Côte d'Azur: cinq personnes ont été interpellées dans le cadre de l'enquête ouverte après le vol de deux tableaux au musée Renoir de Cagnes-sur-mer en septembre. https://t.co/HU61keznxl — Agence France-Presse (@afpfr) October 7, 2026 Плен вреден девет милиони евра Вкупната вредност на украдената уметност се проценува на девет милиони евра. Две слики се пронајдени во градината на музејот. Според изјавата доставена до агенцијата АП, крадците ги отфрлиле за време на нивното бегство од полицијата, која била активирана од алармот. Потрагата по преостанатите две слики сè уште е во тек. Станува збор за делата „Портрет на г-ѓа Колона Романо“ од 1910 година и „Млада жена на бунарот“ од 1886 година. Музејот на Реноар се наоѓа во медитерански град помеѓу Кан и Ница и е негова најпозната знаменитост. Музејот е отворен во 1960 година во куќата што била последниот дом на сликарот. Реноар живеел таму до својата смрт во 1919 година, кога починал од пневмонија на 78-годишна возраст.Тагови: музејот Реноар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТошковски во посета на Археолошкиот музеј: Македонија располага со исклучително богато археолошко и културно наследствоМинисерот за внатрешни работи беше во посета на Археолошкиот музеј во Скопје.„Неодамнешните кражби на вредни историски и археолошки предмети од музеи во повеќе европски земји нè потсетуваат колку е значајна заштитата на културното наследство и колку е важно навременото преземање превентивни мерки. Токму на оваа тема денеска разговаравме при мојата посета на Археолошкиот музеј во Скопје, каде што ги разгледавме можностите за унапредување на институционалната соработка и зајакнување на безбедноста на културните добра. Македонија располага со исклучително богато археолошко и културно наследство, кое сведочи за долгата и разновидна историја на овие простори. Секој археолошки предмет, секој историски артефакт е дел од нашата колективна меморија и културен идентитет, богатство кое имаме обврска да го зачуваме за идните генерации. Заштитата на ова непроценливо богатство не е само прашање на културата, туку и важно безбедносно прашање. Спречувањето на кражбите, нелегалната трговија со културни добра и другите облици на загрозување на културното наследство бараат постојана будност, превенција и координирано дејствување на надлежните институции.“- објави Тошковски.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter