Симпатизери на ДУИ протестираа во Тетово против одлуката на Уставениот суд за преименуваните улици - Канал 5

Симпатизери на ДУИ протестираа во Тетово против одлуката на Уставениот суд за преименуваните улици

На повик на ДУИ, членови и симпатизери на партијата синоќа излегоа на протестен марш во Тетово против одлуката на Уставниот суд со која се укина преименувањето на дел од улиците и плоштадот во градот..

Симпатизери на ДУИ протестираа во Тетово против одлуката на Уставениот суд за преименуваните улици

Граѓаните носеа транспаретни во рацете, вееја албански знамиња, а се скандираше и „УЧК“.

Протестот започна на градскиот плоштад, од каде присутните се упатија кон зградата на Општина Тетово.

На протестот, како што пренесоа медиумите, немаше јавни обраќања. Пред зградата, присутните ги оставија и транспарентите кои ги носеа на протестниот марш, по што мирно си си заминаа од пред зградата на Општина Тетово.

Уставниот суд ја укина одлуката за преименување на дел од улиците и централниот плоштад во Тетово, донесена во 2007 година кога градоначалник на општината беше Хазби Лика од ДУИ, со образложение дека тогашното раководство на локалната самоуправа не го испочитувало законскиот услов претходно да добие согласност од Владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Забрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?

Вонредна здравствена состојба во Гостивар.

Забрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?

Поради загадена вода за само неколку дена дури 1.200 граѓани побарале медицинска помош. Пациентите, меѓу кои има и многу деца, се јавуваат со симптоми на труење.

Првичните информации од полицијата упатуваат на сомнеж дека локалниот водовод ја загадил водата со отпадни води во обид да го зголеми притисокот во мрежата.

Во меѓувреме издадена е забрана за пиење на водата во тој регион.

Во Гостивар е нашиот Дејан Србиновски, до имаме во живо.. Дејан каква е моменталната состојба на лицата кои се затруени?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Леброн Џејмс за својот иден НБА тим: Ќе биде забавно

Леброн Џејмс пред да избере нов НБА клуб изјави дека „без разлика каде ќе заврши оваа есен, ќе биде забавно“. 

Леброн Џејмс за својот иден НБА тим: Ќе биде забавно

Џејмс, кој влегува во својата 24-та сезона, неодамна објави на 41-годишна возраст дека ги напушта Лос Анџелес Лејкерс, со кои ја освои шампионската титула во 2020 година. И покрај ова, тој не се повлекува од кошарката и сака да им докаже на критичарите дека сè уште може да биде одлучувачки играч во лигата.

„Се надевам дека навивачите и критичарите ќе ме следат. Каде и да одам, ќе биде забавно, ќе го правам она што го правам најдобро. Ме мотивира кога ми велат дека повеќе не сум доминантен играч“, рече Џејмс и се осврна на своето време во Лос Анџелес: „Поминав осум одлични години со Лос Анџелес Лејкерс, една од најпознатите франшизи во светот. Ќе ми недостига. Со нетрпение очекувам што носи иднината додека полека влегувам во крајот на мојата кариера“.

Леброн Џејмс го држи рекордот во НБА по број на одиграни сезони (23), одиграни натпревари (1.622) и освоени поени (43.440). Досега има освоено четири титули во НБА, две со Мајами Хит, една со Кливленд и една со ЛА Лејкерс.

Мајами и Кливленд се опции за враќање, додека потенцијалните заминувања во Голден Стејт или Минесота би значеле дека би играл за четврти НБА клуб во текот на неговата тешко повторувачка кариера.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пирати грабнаа танкер за хемикалии во близина на Јемен- бродот испрати повик за помош

Вооружени напаѓачи денеска се качија на танкерот за хемикалии Асана во Аденскиот Залив, покрај јужниот брег на Јемен, и се верува дека ја презеле контролата врз бродот. 

Пирати грабнаа танкер за хемикалии во близина на Јемен- бродот испрати повик за помош

Инцидентот беше објавен од извори за поморска безбедност, објави Ројтерс.

Сомневања за сомалиски пирати

Податоците од следењето покажаа дека малиот танкер, кој плови без потврдено знаме, го навел сомалиското пристаниште Босасо како своја дестинација. Еден безбедносен извор рече дека првичните проценки укажуваат дека нападот го извршиле сомалиските пирати, а не јеменските Хути, поддржани од Иран.

Околностите и состојбата на екипажот се нејасни

Организацијата за поморска трговија на Велика Британија (UKMTO) соопшти дека на бродот се качиле неовластени лица додека пловел во Аденскиот Залив, 65 наутички милји јужно од јеменското пристаниште Ал Мукала.

Британската фирма за управување со поморски ризици Вангард изјави: „Деталите за бројот на напаѓачи, околностите на нападот и состојбата на бродот и екипажот остануваат нејасни“. Службеник од грчката фирма за поморска безбедност Диаплус потврди дека јужнокорејски воен брод е испратен во областа.

Танкер без обезбедување

Британската фирма за поморска безбедност „Амбреј“ соопшти дека бродот упатил повик за помош околу 6:20 часот по Гринич во петокот и дека во времето на инцидентот немало вооружено обезбедување на бродот. Напаѓачите се осомничени дека се дел од организирана пиратска група.

Операторот на бродот е наведен во поморските бази на податоци како „Ексон Енерџи“ од Маршалските Острови, но неговите претставници не беа достапни за коментар.

Во меѓувреме, „Ројтерс“ во четвртокот објави, повикувајќи се на извори, дека Иран побарал од јеменските Хути да бидат подготвени да ги блокираат нафтените патишта во Црвеното Море доколку САД ја нападнат иранската енергетска инфраструктура, што претставува нова закана за глобалните резерви на енергија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер