Силвестер Сталоне по веста за разводот објави романтична фотографија со сопругата (ФОТО)

Јавноста беше изненадена од веста на крајот на август дека актерот Силвестер Сталоне и неговата сопруга Џенифер Флавин се разведуваат по 25 години брак.

Актерот сега ги збуни следбениците објавувајќи романтична фотографија со Џенифер.

„Убава“, напишал тој во описот на објавата на која се гледа како Сталоне се држи за рака со Џенифер на романтична прошетка. На друга фотографија е прикажана фотографија на која Сталоне и Џенифер позираат со своите ќерки.

„Повторно сте заедно?“, „Прекрасно. Се надевам дека се обидувате да поминете низ тежок период“, „Се надевам дека ќе ја промените нејзината одлука за развод“, „Вие сте толку прекрасен пар“, се некои од коментарите на следбениците под објавата на актерот.

По веста за разводот, актерот ги демантираше шпекулациите дека тоа се случило бидејќи ја прекрил тетоважата на неговата сопруга со нова тетоважа од нивниот ротвајлер Двајт.

„Не раскинавме од толку тривијална причина“, рече тој, а пренесуваат странските медиуми. „Сите едноставно тргнаа во друга насока. Имам многу почит кон Џенифер. И секогаш ќе ја сакам, таа е неверојатна жена. Најслатката личност што некогаш сум ја сретнал“.

Сталоне, исто така, ги негираше тврдењата дека „намерно го расфрлал семејниот имот, што имало негативен ефект врз брачниот имот“.

Да потсетиме, Силвестер Сталоне и Џенифер Флавин се венчаа во 1997. Парот има три ќерки: Скарлет, Систин и Софија.

Остин разговарал со Галант пред извештаите за експлозии во Иран

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант за „регионалните закани и дестабилизирачките дејства на Иран на Блискиот Исток“, соопшти денеска Пентагон.

Повикот е остварен пред Израел, како што пренесуваат медиумите, да изврши напад на територијата на Иран, а во соопштението на Пентагон не се споменува дискусија за плановите на Израел за тој напад, јави Си-Ен-Ен. Неименуван висок американски функционер за Си-Ен-Ен изјави дека Израел во четвртокот ги известил САД дека во наредните денови ќе возврати на нападот на Иран извршен минатиот викенд и дека Вашингтон не ја поддржува таа акција на Тел Авив.

Тензиите меѓу Тел Авив и Техеран се зголемија по нападот на Иран врз Израел на 13 април, со повеќе од 300 беспилотни летала и проектили. Неименуван американски функционер претходно за Си-Ен-Ен изјави дека Израел утринава извршил напад на иранска територија, а иранската државна телевизија објави дека три беспилотни летала биле забележани над небото во Исфахан и биле уништени откако системот за противвоздушна одбрана на земјата бил активиран. /МИА

САД ставија вето на барањето на Палестинците за полноправно членство во Обединетите нации

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за „државата Палестина да биде прифатена како членка на Обединетите нации“.

Нацрт-резолуцијата претставена од Алжир, која „препорачува на Генералното собрание државата Палестина да биде примена во членството на ОН“, доби 12 гласа „за“, еден против и два воздржани.

За прием на една земја во ОН, мора прво да добие позитивна препорака од Советот за безбедност (најмалку девет од 15 гласови за него, и без вето од која било постојана членка), а потоа да биде одобрена од Генералното собрание на ОН со двотретинско мнозинство.

Во септември 2011 година, претседателот на палестинската управа, Махмуд Абас, ја покрена процедурата, барајќи „пристапување на државата Палестина во ОН“, но оттогаш постапката не е завршена. И тогаш САД ставија вето.

Во ноември 2012 година, палестинската самоуправа доби статус на „држава набљудувач која не е членка“ на ОН.

Палестинците го ажурираа своето барање за членство во ОН со писмо до Советот за безбедност на ОН на почетокот на април, укажувајќи на израелската офанзива во Газа. /МИА

Премиера на претставата „Хенгинг Араунд“ во МНТ

Во Македонскиот народен театар  вечер од 20 часот премиерно ќе биде изведена  претставата „Хенгинг Араунд“ по текст на Љупчо Јованов, во режија и адаптација на Бојан Трифуновски.

МНТ соопшти дека дејството во претставата се случува во светот на бајките, а местото и времето се ирелевантни. Главните ликови во приказната 0 (Хенгинг) и 1 (Араунд) се изгубени во светот на бајките и не се знае како влегле во овој свет, но главна цел им е да се вратат во реалноста, во нивните топли огништа.

-Можеби се Дисмас и Гестас, но пред да ги распнат, можеби некако им избегале на Римјаните и продолжиле да го живеат својот динамичен живот, овојпат празен и лишен од средба со Спасителот. Можеби патем решиле да се смират, да создадат семејство со единствена цел, да умрат во длабока старост почитувани од пријателите и сакани и жалени од најблиските. Дали нивниот карактер, судбина, ги натерала повторно да си ја пробаат среќата и да започнат нова авантура, да влезат во нова приказна..., наведува Македонскиот народен театар.

Во претставата играат Сашко Коцев, Александар Михајловски, Стефан Спасов, Гораст Цветковски, Борче Начев, Ана Стојановска, Софиа Насевска-Трифуновска и Нела Павловска.

притисни ентер