Уапсен во Германија, а потоа депортиран во Србија летово: Што се знае за терористот кој ја нападна израелската амбасада
Поп-Илиоски: Менторот Филипче и Горан Бетон Герасимовски, ветуваа затворање на Дебар Маало, а го прават животот на жителите уште потежок
1Уапсен во Германија, а потоа депортиран во Србија летово: Што се знае за терористот кој ја нападна израелската амбасада
2Поп-Илиоски: Менторот Филипче и Горан Бетон Герасимовски, ветуваа затворање на Дебар Маало, а го прават животот на жителите уште потежок
ФудбалКристијано Роналдо се огласи по збогувањето на Меси: Никој не ги очекуваше овие зборови...Лионел Меси се прости од аргентинската репрезентација со емотивна порака по својот последен настап во дресот на „Гаучосите“, а набрзо потоа и Кристијано Роналдо ја коментираше неговата објава.Еден од најдобрите свтески фудбалери во историјата, волшебникот со буба мара Лионел Меси се прости од аргентинската репрезентација со емотивна порака по својот последен настап во дресот на „Гаучосите“, а набрзо потоа и Кристијано Роналдо ја коментираше неговата објава. Аргентинецот се осврна на својата репрезентативна кариера и призна дека веќе му недостига носењето на славниот сино-бел дрес. „Вчера го одиграв последниот натпревар и веќе ми недостига сино-белиот дрес. Знам дека ја носам вистинската одлука. Тоа беше неверојатно патување, исполнето со радост и некои тажни моменти, но целосно сум убеден дека вредеше за секој чекор“, напиша Меси. Тој особено им се заблагодари на своето семејство, пријателите, соиграчите и тренерите кои беа покрај него во текот на кариерата, но не го заборави ниту Диего Марадона. „Не сакам да го заборавам Диего, кој ја издигна нашата земја таму каде што заслужуваше да биде и кој – како што секогаш велам – беше со нас на секој чекор, овде со нас, но и од небото“, рече Меси. Во емотивна порака, тој им се заблагодари на клубовите за кои настапуваше, како и на Бога, а на крајот повторно им се обрати на навивачите. „Ве сакам многу, ќе ми недостигате и засекогаш ќе бидам благодарен што бевте со нас – и со мене“, заклучи Меси. А потоа уследи реакција што привлече посебно внимание. Под објавата на Меси се огласи Кристијано Роналдо, неговиот долгогодишен ривал од ерата што го одбележа светскиот фудбал. „Лео, толку многу години во одбрана на твојата земја и историја што ќе остане засекогаш. Целосна почит за она што го постигна со Аргентина. Поздрав“, напиша Роналдо. Меси ја заврши кариерата во националниот тим по финалето на Светското првенство во 2026 година, во кое Аргентина загуби од Шпанија со 0:1. Сепак, тој се прости од репрезентацијата и на ревијалниот натпревар против Бенин, на кој Аргентина победи со 3:0. Двајцата беа најголеми ривали во светскиот фудбал повеќе од 15 години, но пораката на Роналдо уште еднаш покажа дека големото ривалство на теренот не мора да значи и недостаток на почит надвор од него.Тагови: Кристијано Роналдо Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканУапсен во Германија, а потоа депортиран во Србија летово: Што се знае за терористот кој ја нападна израелската амбасадаМалолетник, кој утрово загина по напад врз припадник на Жандармеријата пред израелската амбасада во Белград, бил уапсен во Минхен во мај под сомнение дека подготвувал терористички чин, а во јули бил депортиран во Србија.Дел од медиимите од извор во полицијата отркиваат дека малолетникот кој беше убиен пред израелската амбасада по напад врз припадник на Жандармеријата, е роден во околината на Шабац, а во мај оваа година бил уапсен во Минхен, Германија, под сомнение дека таму подготвувал терористички чин. Потоа, во јули годинава, тој бил депортиран во Србија. Германските власти детално го испрашале малолетникот, кој им опишал како почнал да се интересира за содржини на интернет поврзани со исламскиот фундаментализам и терористички организации, како што се Ал Каеда и Исламската држава. Откако стапил во контакт со непознато лице во Германија, тој почнал да планира напад врз еврејската заедница во Минхен. За потсетување, министерот за внатрешни работи во техничкиот мандат, Ивица Дачиќ, изјави дека вечерва, 15 минути по полноќ, во Белград бил извршен терористички напад врз припадник на Жандармеријата кој ја обезбедувал Амбасадата на Израел. Поради тоа, наредено е подигнување на нивото на безбедносна закана од тероризам на највисоко ниво, како и зголемување на присуството на полицијата на клучните локации. Како што додаде тој, припадник на Жандармеријата го усмртил напаѓачот, кој бил малолетен. Нејасно е како српските безбедносни служби, првенствено БИА, дозволиле малолетникот во оваа ситуација да остане без надзор, па така да може да стигне до Амбасадата и да се обиде да убие припадник на Жандармеријата . „Иако неговиот идентитет сè уште не е утврден, нашата служба го следеше и познато е дека тој бил поддржувач на Исламската држава. На својот профил на Инстаграм, тој имал објавено црно знаме и симболот на Исламската држава“, изјави Дачиќ. Тој додаде дека, заедно со директорот на полицијата, генералот Драган Васиљевиќ, го посетил повредениот припадник на Жандармеријата, кој се чувствува добро и денеска ќе биде пуштен на домашно лекување.Тагови: Србија терорист Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39
МакедонијаПоп-Илиоски: Менторот Филипче и Горан Бетон Герасимовски, ветуваа затворање на Дебар Маало, а го прават животот на жителите уште потежокДенес сме на улицата „Рузвелтова“, каде што се отвора сериозно прашање за безбедноста на граѓаните. Почитувани центарци, Почитувани претставници на медиумите, Денес сме на улицата „Рузвелтова“, каде што се отвора сериозно прашање за безбедноста на граѓаните. Влезот во објектот е предвиден од главната улица, наместо од задната страна, со што се отвора прашањето за безбедноста на пешаците и возилата. Во населба каде што паркирањето е огромен проблем, а зеленилото сè помалку, секое вакво решение дополнително го оптоварува просторот. Господине Горан Бетон Герасимовски, ветувавте дека ќе го затворате Дебар Маало за да го заштитите квалитетот на живот на жителите. А денес, наместо да им го олесните животот, дополнително им ги отежнувате секојдневието и движењето! Каде се ветените решенија за безбедноста, паркирањето и зеленилото? Герасимовски, граѓаните заслужуваат да знаат кој ги одобрил ваквите решенија и дали е направена соодветна процена на безбедноста. Не може да се ветува уредено и хумано Дебар Маало, а притоа да се носат одлуки што отвораат нови проблеми за луѓето што веќе живеат таму. Дебар Маало не е простор за експериментирање на сметка на граѓаните! Бараме Општина Центар да ја преиспита безбедноста на влезот од „Рузвелтова“ и јавно да објасни како ќе ги заштити пешаците, ќе го решава паркирањето и ќе го зачува зеленилото. Жителите заслужуваат решенија, а не уште едно неисполнето ветување! Сашо Поп-Илиоски, претседател на правна комисија на ОК Центар Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаХоџа: Пет дигитални модули за поголема транспарентност и поефикасна заштита на животната срединаМинистерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на денешната прес-конференција ги презентираше петте модули на иницијативата „Зелен пресврт низ дигитализација“, насочени кон поголема транспарентност.Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на денешната прес-конференција ги презентираше петте модули на иницијативата „Зелен пресврт низ дигитализација“, насочени кон поголема транспарентност, поефикасни административни постапки и подобро управување со податоците и процесите поврзани со животната средина. „Дигитализацијата за нас не е само софтвер. Таа е политичка алатка за правда. Таа е сурова транспарентност. Каде што има дигитален систем, нема простор за криење. Таму завршува неефикасноста на системот“, истакна Хоџа. Првиот модул, „ТЕМЕЛИ“, ќе овозможи граѓаните, медиумите и граѓанските организации да имаат увид во проектите што ги реализира Министерството, нивната вредност, роковите, локациите и изворите на финансирање. Модулот „ЈАДРО“ опфаќа дигитализација на архивата и просторно-информативниот систем. Дигиталната архива ќе овозможи електронско следење на предметите, увид во нивниот статус и информација за службеникот задолжен за нивното постапување. Овој процес се реализира во соработка со Министерството за дигитална трансформација. Дигитализацијата на просторно-информативниот систем е веќе завршена и овозможува подобро управување со геопросторните податоци за заштитените подрачја и поголема транспарентност во постапките поврзани со нив. Преку модулот „ВРЕМЕ“, Министерството учествува во реформите за поедноставување на административните постапки. Целта е граѓаните да се ослободат од сложени процедури. Од околу 30 чекори за поедноставување на постапките поврзани со Министерството, 15 се предвидени во првата фаза, која треба да заврши до крајот на годината. Модулот „ЗЕМЈА“ предвидува дигитално мапирање на дивите депонии во општините, со цел полесно планирање на средствата и ресурсите за нивно расчистување, како и подготовка за воспоставување на регионалните центри за управување со отпад. Функционалноста на платформата ќе биде предмет на консултации со граѓанските организации, ЗЕЛС и стручната јавност, а нејзината реализација е предвидена во буџетот за 2027 година. Паралелно, во неколку општини се спроведува пилот-проект за видео-надзор на дивите депонии. Петтиот модул, „ВОЗДУХ“, предвидува воспоставување дигитален регистар во кој 140 иматели на А-интегрирани еколошки дозволи ќе ги објавуваат податоците за емисиите согласно условите од издадените дозволи. Регистарот е поврзан со Законот за контрола на емисиите во воздухот, кој стапува во сила во септември 2027 година. Во наредниот период Министерството ќе ги презентира модулите поединечно, со детални информации за нивната функционалност и придобивките за граѓаните. „Ова не е само дигитализација. Ова е нов вредносен систем. Ова е нашиот зелен пресврт“, порача Хоџа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook