Силна магнетна бура ќе ја погоди Земјата, предупредуваат научниците (ВИДЕО) - Канал 5

Силна магнетна бура ќе ја погоди Земјата, предупредуваат научниците (ВИДЕО)

Руските научници предупредија на силна магнетна бура, поради денешниот дополнителен ефект на коронална дупка, која ги доведе набљудуваните параметри на сончевиот ветер до целосно екстремни вредности.

Силна магнетна бура ќе ја погоди Земјата, предупредуваат научниците (ВИДЕО)

Земјата влезе во плазматскиот тек од коронална дупка на Сонцето, а се очекува и пристигнување на два плазма облаци исфрлени поради силни сончеви ерупции, објави Лабораторијата за сончева астрономија на Институтот за вселенски истражувања (IKI) на Руската академија на науките.

Како што претходно изјавија научниците, се очекува Земјата да ја доживее најсилната геомагнетна бура оваа година и една од најсилните во последните години, пренесува РИА Новости.

- Земјата треба истовремено да влезе во зоната на дејствување на голема коронална дупка, како и да го издржи пристигнувањето на два плазма облаци исфрлени за време на големите сончеви ерупции што се случија пред два дена... Судејќи според податоците од копнените и вселенските инструменти, првата точка од денешниот распоред е веќе исполнета - се наведува на Телеграм каналот на лабораторијата, пренесе Телеграф.

Се забележува дека магнетните бури започнале вчера, а денешниот дополнителен ефект на короналната дупка „ги довел набљудуваните параметри на сончевиот ветер до целосно екстремни вредности“. Засега, магнетосферата на Земјата реагирала умерено на настаните, објави лабораторијата.

Од утрово, магнетните бури повторно се активирани и моментално се на долните и средните нивоа на G1–G2, но најверојатно наскоро ќе се претворат во силни настани од категоријата G3.

- Во секој случај, сè што се случува е само вовед и подготовка на позадината за главниот настан - пристигнувањето на сончевиот плазма облак. Постои голема веројатност дека најбрзите делови од сончевите исфрлања веќе стигнале до Земјата и сега дејствуваат заедно со сончевиот ветер. Главната маса на плазмата ќе пристигне во текот на следните 24 часа. Засега не е сосема јасно колку шокови на крајот ќе мора да издржи планетата. Веројатно сценарио е дека плазма облаците се споиле во еден на својот пат, така што границата меѓу нив нема да биде препознатлива - предвидуваат научниците.

Прелиминарното моделирање, според вработените во лабораторијата, покажа дека најгустите делови од сончевите ерупции сепак ќе поминат покрај Земјата и дека само нивните надворешни региони ќе влијаат на планетата. Во тој случај, геомагнетните бури нема да го надминат нивото четири од можни пет.

Доколку проценката е погрешна и Земјата биде погодена од фронтален удар, постои можност бурите да достигнат највисоко ниво, G5, прецизираше лабораторијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Шкотските навивачи  ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи?

Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Скопје денеска живее во фудбалски ритам. 

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка.

Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици.

Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат.

За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија.

Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер