СветМаж (61) почина откако бил повлечен во апарат за магнетна резонанца во ЊујоркМаж, 61-годишен, почина откако бил вовлечен во апарат за магнетна резонанца (МРИ) во медицинскиот центар „Насау опен МРИ“ (Nassau Open MRI) во Њујорк, поради синџирот од тежок метал којшто го носел на себе.Апаратите за магнетна резонанца користат силни магнети за да ги произведат потребните слики за здравствено-медицински потреби. Човекот, за жал, влегол во МРИ-собата додека апаратот за магнетна резонанца работел во тој миг, соопшти полицијата на Округот Насау. Пациентка во установата, којашто инаку се наоѓа на Лонг Ајленд, за тамошните медиуми изјави дека нејзиниот сопруг е оној што починал. Таа, вели, го повикала во собата откако имала скенирање во средата. Службениците велат дека по немилиот настан, мажот бил однесен во болница, каде што во четвртокот починал, јави денеска Си-Ен-Ен. „Машката жртва носела голем метален синџир околу вратот, што предизвикало да биде вовлечен во машината, што резултирало со медицински инцидент“, соопшти Полициската управа на Округот Насау, којашто го истражува несреќниот случај. Од пациентите обично се бара да ги остават металните предмети и да се пресоблечат, пред да се подложат на МРИ-скенирања или да му се приближат до апаратот. Иако полицијата официјално сѐ уште не ја именувала жртвата, пациентката по име Адриен Џонс-Мекалистер за ТВ-станицата „Њуз 12 Лонг Ајленд“ (News 12 Long Island) раскажа како починал нејзиниот сопруг, Кит. - Тој само ми мавна за збогум, а потоа целото тело му се омалакса. Во тој миг, машината го превртела, го повлекла внатре и тој се удри во магнетната резонанца, рече таа низ солзи. Техничарот се обидел да го одвлече нејзиниот сопруг од машината, но безуспешно. Сопругата потврди дека починатиот на себе носел синџир од 9 кг што го користел за тренинг за тежината. Според американската Управа за храна и лекови, апаратите за магнетна резонанца имаат магнетни полиња коишто привлекуваат метални предмети од сите големини - клучеви, мобилни телефони, па дури и резервоари за кислород - кои „можат да предизвикаат оштетување на скенерот или повреда на пациентот или медицинските лица“ ако тие предмети се најдат близу магнетот. Во 2001 година, шестгодишно момче почина од фрактура на черепот во медицински центар во Њујорк, додека било подложуваше на МРИ-преглед, откако моќниот магнет повлекол резервоар за кислород во просторијата. Тагови: Њујорк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДрама: Авион исчезна над океанотСпоред неофицијални информации, авион од типот „ Gulfstream G100# со шест лица во него – кој летал од Бермудски Острови кон Бостон – се урнал во Атлантскиот Океан.Авионот изгубил контакт за време на летот, по што започнала потрага по леталото и лицата во него. Врз основа на моментално достапните информации, авионот исчезнал рано утринава, а потрагата е насочена кон областа во близина на брегот на Нантакет, Масачусетс. Американската крајбрежна стража потврди дека во потрагата се вклучени воздушни и поморски единици, пренесува британскиот таблоид „The Sun“. Засега нема официјална потврда дека авионот навистина се урнал, ниту пак се познати околностите на наводната несреќа. Надлежните служби ја продолжуваат потрагата, а дополнителни информации се очекуваат штом ќе бидат познати резултатите од операцијата. BREAKING: Gulfstream G100 with 6 persons on board has reportedly crashed into the Atlantic while flying from Bermuda to Boston pic.twitter.com/gHZI5Sq2vc — Breaking Aviation News & Videos (@aviationbrk) October 3, 2026 Тагови: авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМаскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контролаПротестите на средношколците од посиромашните предградија на Париз ја зафатија целата земја. Десетици илјади ученици и нивни поддржувачи излегоа на улиците во Франција и се чини излегоа од контрола.Како што јавија дел од медиумите маскиран тинејџер во Марсеј бил приведен откако се обидел со спреј и запалка да запали лице на жена. Причината за протестите е поради лошата состојба на училиштата, преполните училници и недостигот на наставен кадар, а особено е лоша состојбата во посиромашните населби, тврдат демоинстрантите Неделава на протестите учествуваа ученици од над 1000 средни училишта, а за време на немирите беа уапсени повеќе од 5000 лица, но имаше и сериозно повредени демонстранти, еден ученик бил повреден од гумен куршум Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез повика на враќање на редот. Протестите започнаа во предградијата на Париз, каде што нивото на сиромаштија е високо, а потоа се проширија во самиот Париз и други француски градови, вклучувајќи ги Марсеј, Стразбур, Тур и Лил. Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураАКТО завршува во недела со „Бистро на еден ден" во дворот на Железничката зградаСо настанот „Бистро на еден ден", утре, 4 октомври, се затвора 21. издание на фестивалот АКТО. Во периодот од 12 до 16 часот, во дворот на Железничката зграда (ул. Борка Талески бр.26, Скопје) ќе се одржи интервенција во јавен простор, едукативна програма за деца, музичка програма и перформативно готвење во живо. Настанот БИСТРО НА ЕДЕН ДЕН претставува еден од серијата јавни настани/интервенции, развиени во рамките на едукативната платформа ,,Градот како сцена: Изведување на јавниот простор". Еден од главните фокуси во рамките на оваа платформа е активирање на просторот на киното во Железничката зграда, како потенцијален заеднички простор за пошироката заедница на граѓани. Програмата вклучува перформативен настан „Ручаме солидарно" - готвење со колективот ХНУ перформанс и SCEN[ски] дизајн, музички настап на Хана Корнети (12:00) и винил DJ сетови на Chvare (13:00) и SHEF SHEF (15:00). За најмладите е подготвена детската ликовна работилница „Креативна игра", а дел од настанот се и креативната работилница 5 до 12, The Dude Specialty Coffee, пиварата БАК, како и издавачките куќи ИЛИ-ИЛИ и Шарла. Влезот е слободен. Со овој завршен настан, посветен на заедницата и јавниот простор, 21. АКТО [26] ја заокружува петдневната програма, која вклучуваше изведба на перформативен радио есеј, Лабораторија за перформативно-просторни практики, предавање на проф. Радивоје Динуловиќ и доделување на наградата ДЕНЕС 2026. Проектот 21. АКТО фестивал за современи уметности е поддржан од Гете институт Скопје и Министерство за култура и туризам на Република Северна Македонија, како и преку проектот „Култура за развој" на Владата на Швајцарија, кој го имплементира Хартефакт Фонд. Тимот на АКТО фестивал за современи уметностиТагови: АКТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter