Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....
1Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....
БалканСилна експлозија во Белград: Некој фрлил бомба во фризерски салонВо Белград рано утрово некој фрлил бомба во фризерски салон.Како што пишува Нова.рс, околу пет часот наутро на улицата Браничевска во Врачар се случила силна експлозија. Сопственичката на салонот е шокирана. „Веднаш дојдов овде, за среќа нема повредени, а направена е поголема материјална штета. На снимката од камерата може да се забележи како лице трча од правец на црквата Свети Сава, како го крши стаклото на вратата од салонот со чекан и вметнува експлозивна направа.По неколку секунди дошло до експлозија, а лицето побегнало“, раскажува шокираната сопственичка на салонот. Вели дека нема непријатели, дека е семејна жена и не знае кој и зошто би направил вакво нешто. "Во шок сум. Немам поим кој би можел да направи вакво нешто. Се чувствувам загрозено бидејќи не знам кое е ова лице подготвено да направи вакво нешто. Детонацијата го разбуди целото соседство, а чуварот од градбата од другата страна на улицата видел млад човек кој трча кон соседната улица. Се надевам дека полицијата ќе го направи своето“, вели сопственичката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
КултураСиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст и вечна љубов кон уметноста.Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, го прогласи за отворено 47. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ и ја врачи наградата „Златна камера 300“ на годинашниот лауреат, данскиот кинематографер, Дан Лаустсен. Во своето обраќање, таа посочи дека „Браќа Манаки“ одамна не е само фестивал, туку и културна институција со препознатлив меѓународен авторитет, докажан културен идентитет и долг, духовен и емоционален мост што ја поврзува македонската и балканската кинематографија со светската. За неа, особено значајно е што меѓу 12-те кинематографери чии филмови се во официјалната селекција се најдоа и два македонски филма, со кои ќе се отворат и затворат 47. издание на Фестивалот, што претставува признание и импулс за македонскиот филм. Таа укажа дека камерата не е само техничко средство за создавање филмска слика, туку и моќен естетски инструмент и сведок на времето, кој не само што го регистрира и прикажува светот, туку му дава значење и ни овозможува да го разбереме. Според претседателката, овогодишното мото на Фестивалот „Ткајачи на филм“ е исклучително силна метафора, оти филмот се ткае од светлина и сенка, од боја и движење, од звук и тишина, од вулкански емоции, оригинални идеи и моќни визии, од минатото, сегашноста и иднината, од традицијата и иновацијата, од искуството на големите мајстори и храброста на новите генерации. „Од пионерскиот подвиг на Јанаки и Милтон Манаки, до современите врвни достигнувања на светската кинематографија, оваа фестивалска приказна се ткае и ткае како драгоцено културно наследство на филмскиот разбој“, рече таа. Сиљановска-Давкова нагласи дека наша должност е да го поддржиме, сочуваме и продолжиме ова драгоцено наследство, создавајќи услови новите генерации уметници слободно да творат, експериментираат, поставуваат смели прашања и храбро да ги поместуваат хоризонтите на можностите. Таа потсети дека, и покрај молскавичните промени, дигиталната поплава и модерните визуелни технологии, човекот и неговата емоција остануваат најважните ткајачи на филмските приказни, како што бабите се највештите ткајачки на килими и шехерезади. „Нека Теона, Тамара, Дина, Косара и Марија поттикнат други авторски таленти и гласови во филмската ткајачка фабрика, нека искуството и мудроста се сретнат со младоста и непослушноста, нека блесне светлата страна на Балканот, Европа и светот и нека помогне во протерувањето на темната!“, порача претседателката. Во продолжение е интегралното обраќање на претседателката Сиљановска-Давкова: Почитувани кинематографери, почитувани организатори, почитувани гости, почитувани ткајачи на филмови, драги Манакиевци, Присуството на Манаки во Битола, пред сѐ, е чест и привилегија, но и специфичен естетски и интелектуален предизвик. Споделувањето филмски искуства и водењето уметнички дијалог со светски познатите кинематографери, волшебници за и зад камерата, е недовршена книга на засега исткаени 46 приказни, чуени и видени во Битола, градот на татковците на кинематографското ткаење, првите балкански филмски сниматели, браќата Јанаки и Милтон Манаки. Битола е позната по жедта за култура, а фестивалот стана неопходна духовна храна за битолчани. Градот под Пелистер живее за фестивалот, но и фестивалот живее во и со градот. По битолските сокаци, коишто браќата Манаки ги овековечија на филмската лента, доаѓаат филмаџии од целиот свет да ги презентираат своите дела и да се инспирираат од делата на другите. Да ве потсетам на зборовите на големиот Бергман: „Нема уметност што поминува низ нашата совест на начин на којшто тоа го прави филмот, допирајќи ги директно нашите емоции, длабоко во темните простори на нашата душа. А, темнината има автор и тој доаѓа во Битола“. Луцидна мисла, посветена на светски познатиот кинематографер Џеф Кроненвет кој, покрај Ден Лаустсен важи за главна ѕвезда на фестивалот. Не помалку значајни се и 12. кинематографери на филмовите во официјалната селекција. А, меѓу нив, за што особено треба да бидеме горди, се најдоа два македонски филма со кои ќе се отвори и затвори 47. издание на Фестивалот. Во овој чин препознавам признание, но и импулс за македонскиот филм. Драги пријатели, И на ова издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, ќе ја потврдиме посветеноста кон уметноста, културата и творештвото како возвишени облици на човечката духовна слобода. Впрочем, „Браќа Манаки“ одамна не е само фестивал. Тој е културна институција со препознатлив меѓународен авторитет, докажан културен идентитет и долг, духовен и емоционален мост што ја поврзува македонската и балканска кинематографија со светската. Во раскошната ткаенина е вградена една исклучително важна кинематографска вистина: камерата не е само техничко средство за создавање филмска слика, туку клучен сведок и моќен естетски инструмент. Не само што го регистрира времето, туку, истовремено му дава значење. Не само што го покажува светот, туку ни овозможува да го протолкуваме и разбереме. Токму во тоа е големината на кинематограферите и на нивната уметност. Тие ја претвораат светлината во приказна, просторот во атмосфера, мигот во меморија, а човечкиот поглед во универзален јазик. Во таа смисла, овогодишното мото на фестивалот, „Ткајачи на филм“, е исклучително силна метафора. Вистина е дека филмот се ткае од светлина и сенка, од боја и движење, од звук и тишина, од вулкански емоции, од оригинални идеи, од визии. Се ткае во сегашноста, но и од минатото и од иднината, од традицијата и од иновацијата, од искуството на големите мајстори и од храброста на новите генерации. Токму вакво ткаење е историјата на „Браќа Манаки“. Од пионерскиот подвиг на Јанаки и Милтон Манаки, до современите врвни достигнувања на светската кинематографија, оваа фестивалска приказна се ткае и ткае како драгоцено културно наследство на филмскиот разбој. Наша должност е да ја поддржиме, сочуваме и да ја продолжиме. Должни сме да создадеме услови новите генерации уметници да творат, да експериментираат, да поставуваат смели прашања и да го поместуваат хоризонтот на можностите. Во време на молскавични промени, дигитална поплава и модерни визуелни технологии, пред кинематографијата се отвораат незамисливи можности и предизвици. Но, чинам дека, колку и да се менуваат технологиите, останува темелното и суштинско сознание дека човекот и неговата емоција се најважните ткајачи на филмските приказни, како што бабите се најдобрите ткајачки на килими и шехерезади. Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст и вечна љубов кон уметноста. Нека Теона, Тамара, Дина, Косара и Марија поттикнат други авторски таленти и гласови во филмската ткајачка фабрика, нека искуството и мудроста се сретнат со младоста и непослушноста, нека блесне светлата страна на Балканот, Европа и светот и нека помогне во протерувањето на темната! Со особена чест и задоволство, дозволете ми да го прогласам за отворено 47. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ и да ве препуштам на ткајачите!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоПроменливо облачно и топло со сончеви периодиВремето денес ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеорлошки работи.Попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд и наместа појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. Во Скопје, променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во понеделник ќе се задржи променливо облачно и топло време со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Од вторник и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и значително посвежо. Температурите ќе опаднат за 7 до 10 степени. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа во (l/m2) 16 Крушево, 14 Ѓуриште, 11 Прилеп, 2 Берово, 1 Битола, Скопје – Петровец. Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 20. септември 2026 година Дневен хороскоп за недела, 20. септември 2026 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Пред вас е многу ветувачки љубовен ден. Ќе имате можност да поминете преубаво заедничко време со саканата личност. Кариера Држете се до своите деловни партнери , зашто тие во моментов одлично ја водат целата работа. Не им замерувајте ако понекогаш се малку поостри. Здравје и совет Прошетајте се на свеж воздух. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе покажете дека цврсто верувате во своите љубовни идеали и дека од саканата лилчност очекувате повеќе отколку што мисли. Кариера Во стручните прашања би можело да дојде до една расправија или натпревар во докажување кој е во право. По обичај , никој. Здравје и совет Несоница по кошмарните сништа. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Во вашата работна средина би можеле денеска да забележитер личност која ви е посебно наклонета. Кариера Ќе бидете мотивирани само за многу интѕересни теми како што се алтернативни , уметнички и слично. Здравје и совет Не манипулирајте со луѓето. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Разговорот што ќе го водите со личност која ви е особено драга , ќе биде доста сериозен , па дури и мрачен. Кариера Ако тргнувате на деловно патување , проверете ја состојбата на автомобилот , дали сте ги набавиле сите дозволи и слично. Здравје и совет Не е исклучена кашлица.. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веројатно ви претстои убаво помионато време во тишината на домот. Оние во врска , ќе го повикаат партнерот кај себе , а самците ќе размислуваат дали да излезат. Кариера Ќе мора малку повеќе да се потрудите околу финансиите . Имате добра шанса , па би било штета да ја пропуштите. Здравје и совет Одете кон својата цел. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе почуствувате колку е тешко постојано да објаснувате зошто избегнувате блискост. Едбноставно дистанцата ви одговара. Кариера Ќе се обидете да ги направите поедноставно работите околу финансиските трансакции. За некои тоа ќе биде чекор напред. Здравје и совет Позанимавајте се со својата листа на приоритети. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Оние кои сеуште бараат сродна душа , денеска би можеле да ја запознаат на своето работно место. Кариера Ќе бидете наклонети да мешате деловно со приватно , но тоа нема да ви пречи во доброто функционирање на работното место. Здравје и совет Пазете се од провев. Овен 21.3-20.4. Љубов Денеска не е најдобар ден за еротика , зашто ќе бидете студени. Затоа покажете љубов до одредена граница на физичко зближување. Кариера Загрижено ги следите сите новости , но се уште не го наоѓате она што го сакате. Сеуште постојат ограничувања. Здравје и совет Бидете трпеливи. Бик 21.4- 20.5. Љубов Пред вас е пријатен љубовен ден во кој ќе ги надминете сите критики кои биле кажани на ваша сметка. Кариера Добивате одредена заштита , но тоа не значи дека и натаму не треба да се докажувате. Здравје и совет Бидете праведни. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Со паметен избор на зборови ќе ја пополните празнината во личните односи. Се ќе успеете да надоместите со интелектот. Кариера Ако повторно се посомневате во вашите способности , само погледнете што сте постигбнале до сега. Набргу ќе се охрабрите. Здравје и совет Соработувајте со младите. Рак 22.6-22.7. Љубов Партнерот ќе ве поттикне на нежност. Вашиот меѓусебен однос ќе се подобрува секој ден се повеќе. Кариера Со своето знаење ќе придонесете работата да се заврши што подобро , како и деловните партнери да ве почитуваат. Здравје и совет Одлично сте расположени. Лав 23.7-22.8. Љубов Убавите љубовни шанси ќе бидат занемарени поради мала семејна тага или проблем. Кариера Ќе се чувствувате распнати меѓу желбите и можностите. Излезот е во реалното согледување на состојбата. Здравје и совет Бидете одговорни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter