Снимен е моментот на судар на два борбени авиони на војската на Филипини- загинаа сите четворица пилоти (ВИДЕО)
1Снимен е моментот на судар на два борбени авиони на војската на Филипини- загинаа сите четворица пилоти (ВИДЕО)
Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
1Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
МакедонијаСиљановска-Давкова - Пелегрини: Сите земји кандидатки треба да имаат еднаков третман на патот кон ЕУВо рамки на официјалната посета на Република Словачка, денеска во Братислава беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и словачкиот претседател, Петер Пелегрини.Во продолжение е интегралната изјава на претседателката Сиљановска-Давкова: Почитуван претседател Пелегрини, Почитувани претставници на медиумите, Најпрво би сакала од срце да се заблагодарам за поканата, за топлото добредојде, за пријателската атмосфера и за искреното словачко гостопримство. Тукушто кажаните зборови на претседателот Пелегрини го разбудија девојчето во мене, кое на 15-годишна возраст како ученичка во Јан Амос Коменски, се восхитуваше на убавините на Братислава. Вашата минатогодишна посета остави силен впечаток, не само кај мене, туку и кај македонските граѓани. Затоа чест ми е што сум во возвратна посета, ова е моја прва официјална посета на Словачка. Истата, не само што овозможува продолжување на политичкиот дијалог на словачка почва, туку и сигурна сум ќе придонесе да ги зацврстиме веќе стабилните билатерални односи, преку разбирање и поддршка. Две мали земји во срцето на Европа, поврзани со силни историски, културни и духовни врски, обединети преку наследството на светите браќа Кирил и Методиј. Македонската заедница, којашто со децении е присутна во Словачка, чинам дека е успешно интегрирана во словачкото општество и дека гради еден недовршен цврст словачко-македонски мост. Денеска, со претседателот Пелегрини разговаравме на повеќе теми, и изразивме обострана подготвеност за унапредување на соработката во духот на заедничките односи, но и взаемната почит и разбирање. Во поглед на економијата, која не е моја силна страна, сведоци сме на низа конкретни чекори, сигурна сум дека тие ќе донесат повеќе инвестиции, поголема трговска размена, како и развој на туризмот. Словачка е меѓу првите 20 земји со коишто имаме најголем обем на трговија. Веќе констатиравме дека зачестија средбите меѓу македонските и словачките стопанственици, во Скопје се одржа Бизнис-форум, а во Братислава, првата седница на Заедничката комисија за економска соработка, се отвори и авиолинијата Охрид-Братислава. Знам дека постојат уште многу други потенцијали, сигурна сум дека ќе ги искористиме и тие се однесуваат особено на енергетиката, на иновациите, на зелената транзиција, на инфраструктурата и на туризмот. Денеска, во прекрасната градина, уште еднаш изразивме решеност за продлабочување на образовната соработка, на културната соработка, на академската соработка. Знам дека има програми за стипендирање, преку поттикнување на размена на студенти, и се разбира она што е императив за еден професор којшто е на привремена работа во политика, во заеднички истражувачки проекти. Јас цврсто верувам во моќта на културната дипломатија. Сметам дека не е случајно што токму во Словачка денеска постои голем интерес за македонскиот јазик и култура. Импресионирана сум од чинот на отворање на Лекторатот за македонски јазик на Универзитетот „Константин Филозоф“ во Нитра и повторното воведување настава по македонски јазик, како и објавување на првиот учебник по македонски јазик за Словаци. Исто така, импресионирана сум од изучувањето на предметите „Македонски филм“ и „Факти за Македонија“ на Филолошкиот факултет во Братислава. Сите овие податоци сведочат за блискост што ги надминува политичките рамки. Да потсетам, Европа, како „единство на различности“, се темели на богатството на различните народи, јазици, традиции и култури. Токму затоа, наследството на светите браќа Кирил и Методиј има природно место и во македонската и во словачката духовна традиција. Би сакала денеска исто така уште еднаш, како и минатиот пат, ама сега и пред вашата јавност да кажам дека на минатогодишните Струшки вечери на поезијата, лауреатот беше словачкиот поет Иван Штрпка. Тој стана добитник на „Златниот венец“, што не е само признание на високи поетски дострели, туку поттик на културната дипломатија меѓу словачкиот и македонскиот народ, за што е доволен еден поглед на тријазичната корица на книгата и поезијата во неа (на словачки, на македонски и на англиски). Исто така сакам да се заблагодарам за словачката поддршка и помош преку SlovakAid, понатаму, партнерството во Словачката асоцијација за надворешна политика во Европското движење, исто така, и на Националната конвенција за ЕУ, соработката меѓу парламентите, меѓу универзитетите, и многу активната словачка улога во групата „Пријатели на Западниот Балкан“, Вишеградската група и форматот „Славков“. Тоа е она што ни дава надеж за разбирање. Со претседателот Пелегрини споделивме мислења и за нашиот предолг пат кон Брисел, кој јас понекогаш го нарекувам маратон или дури велам дали го чекаме господинот Годо. Зошто го велам ова? Се работи за долг пат со бројни ирационални пречки од идентитетски карактер што е спротивно на суштината на природата на ЕУ. Го поздравувам словачкиот став дека идентитетските и културните прашања не треба да бидат предмет на политички условувања и преговори. Мислам дека токму почитувањето на културниот интегритет на секој народ е суштината на европската идеја. Особено го цениме ангажираниот став на Словачка, но и на неколку други земји кои трагаат по можно рационално решение за интегрирање на Западниот Балкан во европските структури, за да може земјите коишто долги години се во кандидатски статус, да не бидат оставени настрана, да не бидат на периферијата на периферијата, односно да може да бидат чуени. Тоа е нешто што е кредибилно и тоа е нешто што не обврзува. Јас многу пати сум кажала и ќе повторам, Европа е наш природен дом - географски, историски и културно. Она што ние го бараме е да бидеме третирани како сите останати, да бидеме вреднувани според Копенхашките критериуми, да добиеме можност да се фокусираме на реформите и на владеењето на правото, наместо да ја губиме енергијата на билатерални прашања, што немаат врска со духот и словото на Копенхашките критериуми. За мене, интеграцијата на Западниот Балкан не е само политичко, тоа е безбедносно и стратешко прашање во време на геополитички превирања и тектонски промени на меѓународниот поредок. Разговаравме за актуелната безбедносна состојба во Европа, што ќе биде тема на претстојниот НАТО Самит во Анкара. Како членка на Алијансата и како држава со целосно усогласена надворешна и безбедносна политика со Европската Унија, ние ќе продолжиме да придонесуваме за колективната и за регионалната безбедност, зошто таа е и наша безбедност. Европската Унија и Обединетите нации, потенцирав во разговорот, никнаа како антивоени и како базично и суштински мировни проекти, со цел трагедиите од минатото да не се повторат, но денес сме исправени пред растечки вооружени конфликти. За малите и за средни држави, според мене мултилатерализмот, и покрај големите искушенија е мировен императив. Тој овозможува да учествуваме во процесот на одлучувањето. Убедена сум, на крајот, дека денешниот политички дијалог, како продолжение на оној во Скопје ќе го продлабочи македонско-словачкото пријателство и соработка, и ќе внесе нова динамика во односите. Уште еднаш, господине Пелегрини, благодарност за гостопримството, благодарност за разбирањето и благодарност за поддршката од којашто имаме толку голема потреба на трнливот пат кон Брисел. Убедена сум дека денешните разговори ќе поттикнат уште поплодна и посеопфатна соработка во иднина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаПолицаец од Флорида пронашол мртов човек, па му го украл идентитетот и се вселил во неговата куќа (ВИДЕО)Полицаец од Флорида е обвинет за кражба на идентитет на маж што го пронашол мртов, а потоа се преселил во неговиот дом и го презел неговиот идентитет.Брајан Луис Сгурос, 35, полицаец од Лодерхил, Флорида, беше уапсен претходно оваа недела. Истражителите велат дека Сгурос се претставувал како починатиот Денис Вест, се преселил во двокатната куќа каде што го пронашол неговото тело, а потоа ја реновирал. Според полицијата, тој живеел во куќата на југот на Флорида со години без никој да ја открие измамата. Сгурос сè уште не се изјаснил за обвиненијата. Не е познато дали има адвокат. Полициската управа на Лодерхил го отстранила од должностите и го суспендирала, објавува Би-Би-Си. 🔥🚨DEVELOPING: A Florida man who was found dead in his home during a welfare check in July 2022 and a officer who discovered the body named Brian Louis Sguros with the Lauderhill Police Department moved into the home and spent years impersonating him. https://t.co/k5AO01IkfJ — Dom Lucre | Breaker of Narratives (@dom_lucre) October 22, 2026 Организирал кремација на телото на сопственикот на куќата Во 2022 година, полицијата добила повик да провери за 71-годишниот жител на Лодерхил, Денис Вест. Полицаецот Брајан Луис Сгурос бил испратен да помогне во истрагата. Кога го пронашол Вест, кој починал од природна смрт, наводно „смислил сложена измама за да ја преземе контролата врз домот на лицето“, се вели во соопштението на шерифската канцеларија на округот Бровард. Според соопштението, истражителите тврдат дека Сгурос му кажал на канцеларијата на мртовечникот дека е пријател на Вест, иако властите не пронашле докази дека двајцата се познавале. Судските документи наведуваат дека полицаецот е виден на камерата на телото за време на запирањето и дека нема индикации дека имал претходен контакт со Вест. Сгурос наводно му кажал и на канцеларијата на мртовечникот дека Вест нема живи членови на семејството, што исто така било неточно. Потоа Сгурос организирал кремирање на телото на Вест. Florida officer accused of stealing dead man's identity and moving into his home, police say https://t.co/SoitCwbpYg — BBC News (World) (@BBCWorld) October 22, 2026 Вели дека сакал да спречи други нелегално да се вселат во домот Заедничката истрага на канцеларијата на шерифот и Канцеларијата за проценувачи на недвижности во округот Бровард откри дека Сгурос ја презел куќата и се вселил во неа во август 2022 година. Властите велат дека тој поднел документација до канцеларијата за проценка на имотот во 2025 година во која наведува дека ја презел куќата во август 2022 година. Судските документи наведуваат дека Сгурос тврди дека ја презел куќата бидејќи била опасна и сакал да спречи други нелегално да се вселат. Тој ги плаќал сметките за комунални услуги на име на починатиот. Тој, исто така, аплицирал за дозвола за замена на надворешните врати и прозорци, што би чинело 8.000 долари. Сгурос тврдел дека ја зголемил вредноста на имотот и инвестирал повеќе од 214.000 долари во куќата. Тој плати кауција од 25.000 долари Мажот е обвинет за злоупотреба на службена должност, незаконска употреба на идентитет на починато лице, незаконска употреба на лични идентификациски информации, кривично дело против корисник на компјутер и незаконска употреба на двонасочен комуникациски уред. Тој беше ослободен од притвор со кауција од 25.000 долари. Локалните агенции за спроведување на законот дознаа за случајот кога наследниците на Вест се обидоа да го продадат имотот.Тагови: полицаец флорида Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСнимен е моментот на судар на два борбени авиони на војската на Филипини- загинаа сите четворица пилоти (ВИДЕО)Два авиона на Филипинските воздухопловни сили се судрија за време на тренинг лет и се урнаа во воздухопловна база јужно од Манила. Сите четири пилоти загинаа во несреќата, соопштија филипинските власти. Два авиони SF-260 се судрија вчера попладне за време на лет на ниска надморска височина пред да се срушат во воздухопловната база Фернандо во Липа Сити, во крајбрежната покраина Батангас јужно од главниот град. Нема повредени на земја во несреќата, соопштија официјални лица. Филипинските воздухопловни сили не дадоа детали за несреќата, која ја опишаа како случајна. Двајца филипински службеници запознаени со инцидентот рекоа дека авионите се судриле во воздух. Тие зборуваа под услов на анонимност бидејќи не биле овластени јавно да коментираат за случајот. Еден од двата двоседни авиони се урна во близина на воената касарна во воздухопловната база, изјави сведок за Асошиејтед Прес. Воздухопловните сили објавија дека привремено ги приземјиле сите преостанати авиони SF-260, набавени од Италија, во исчекување на истрага. Не е објавено колку од овие авиони сè уште се во употреба. 🇵🇭 Four Philippine Air Force pilots were killed in a collision of two SF-260 training aircraft The planes collided in mid-air and crashed within the perimeter of Fernando Air Base in Lipa, south of Manila. All four pilots on board both aircraft died. https://t.co/1WX1rNtcY1 — Visegrád 24 (@visegrad24) October 24, 2026 Филипинската војска се соочува со недостаток на средства Во мај, филипински SF-260 се урна и за време на навигациски тренинг лет во планинската покраина Бенгет на север од земјата, додека леташе со неколку други авиони од ист тип. Двајцата пилоти беа убиени. Според податоците на воздухопловните сили, во 2023 година, друг SF-260 се урна за време на тренинг лет во оризово поле во покраината Батаан, северозападно од Манила. Двајцата членови на екипажот беа убиени. Вчерашната несреќа е уште еден удар за филипинската војска, која долго време се соочуваше со недостаток на средства. Поради буџетски ограничувања, Филипините со години се борат да ги модернизираат своите воздухопловни сили, морнарица и армија. Во исто време, земјата се соочува со децениски комунистички и муслимански бунтови и сè понепријателски територијални спорови со Пекинг во Јужното Кинеско Море.Тагови: пилоти Филипините Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНајмалку 150 лица се убиени во напад со дрон на пазар во Судан- реагира ОНСоветот за безбедност на Обединетите нации повика на истрага за нападите со беспилотни летала во Абјеи, спорна територија меѓу Судан и Јужен Судан, во кои загинаа десетици луѓе.Советот остро ги осуди нападите во близина на пазар во градот Тодах, соопшти најмоќното тело на ОН. Локалните власти велат дека најмалку 150 лица се убиени Локалните власти соопштија дека најмалку 150 лица се убиени во нападите . Обединетите нации потврдија најмалку 80 смртни случаи, а по други сè уште се трага. Нападите, исто така, предизвикаа големи пожари, од кои повеќето беа изгаснати од мировната мисија на ОН во Абјеи (UNISFA), соопшти ОН. Советот за безбедност нагласи дека Абјеи мора да остане демилитаризиран и предупреди дека намерните напади врз цивили би можеле да претставуваат воени злосторства. 🚨 Death toll from drone attack on market in disputed Abyei region between Sudan and South Sudan rises to 153, official says 📌 South Sudanese official accuses Sudanese army of carrying out attack, while 30 injured remain hospitalized https://t.co/33khVc392z https://t.co/WpKQ6QE6XU — Anadolu English (@anadoluagency) October 21, 2026 Локалните медиуми објавија дека портпаролот на владата во регионот богат со ресурси рекол дека целите биле цистерни во дел од пазарот каде што суданските трговци работеле. Владата на Јужен Судан ја обвини суданската армија за нападите, но армијата негираше одговорност. Во нападите со беспилотни летала загинаа стотици цивили оваа година Јужен Судан доби независност од Судан во 2011 година по една деценија граѓанска војна. Статусот на Абјеи останува нерешен, а мировна мисија на ОН е стационирана таму од 2011 година. Суданската армија и паравоените Сили за брза поддршка (RSF) се борат за контрола врз земјата од април 2023 година. Граѓанската војна дополнително ја дестабилизираше ситуацијата во спорниот граничен регион, според ОН. Инцидентот е дел од серија напади со дронови што драматично го променија текот на војната во Судан оваа година. Според Канцеларијата за човекови права на ОН (OHCHR), најмалку 1.120 цивили беа убиени во напади со беспилотни летала во Судан само во првата половина од годината. Тагови: дрон Судан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook