Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Кина, Џианг Сјаојен - Канал 5

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Кина, Џианг Сјаојен

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Народна Република Кина, Џианг Сјаојен.

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Кина, Џианг Сјаојен

Обете изразија задоволство од квалитетот на македонско-кинеските односи, втемелени на заемна почит и разбирање.

За Сиљановска-Давкова, забрзаната интеграција во Европската Унија е македонски стратешки приоритет, а дијалогот – единствен начин за решавање на регионалните и глобалните проблеми и предизвици.

Пренесувајќи ги срдечните поздрави од претседателот Си Џинпинг и изразите на највисоко почитување од кинеската влада и народ, кинеската амбасадорка истакна дека Народна Република Кина е наш искрен, доверлив и сигурен пријател којшто ги почитува суверенитетот на македонската држава и достоинството и интегритетот на македонскиот народ.

Претседателката ги поздрави активностите на Катедрата за македонски јазик, при Универзитетот за странски студии во Пекинг.

Соговорничките препознаа неискористен потенцијал за проширување и продлабочување на соработката во економијата, образованието, културата, науката и туризмот.

Тие веруваат и го поддржуваат ефективниот мултилатерализам, чијшто центар на одлучување ќе бидат реформираните Обединети нации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„BYD“ мора да го повлече својот теренец: „Land Rover“ доби важна битка

„Јагуар Ленд Ровер“ (JLR) извојува голема правна победа против кинескиот BYD. 

„BYD“ мора да го повлече својот теренец: „Land Rover“ доби важна битка

Судот со седиште во Хаг пресуди дека моделот BYD Ti7 е премногу сличен на „Ленд Ровер Дефендер“, а неговото производство, увоз, продажба и дистрибуција се забранети низ целата Европска Унија.

„BYD Ti7“ е голем хибриден теренец со пет или седум седишта. Судот конкретно го наведе обликот на куќиштето, резервното тркало на задната врата и препознатливите детали што потсетуваат на „Дефендер“.

„BYD“ тврдеше дека има значителни разлики во дизајнот, но судот заклучи дека тие не го менуваат целокупниот визуелен впечаток на возилото. Пресудата се базира на дизајн на JLR од 2018 година. Европските компании на BYD имаат седум дена да ги прекинат сите активности поврзани со спорниот модел.

За непочитување на забраната е предвидена казна од 100.000 евра за секој ден прекршок или 25.000 евра за поединечен прекршок, со максимален износ од 10 милиони евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитровска: Со анализа на цените на становите во секоја општина поединечно ќе се утврдува основата за пресметка на 20% попустот наменет за младите брачни парови

Изминатава недела постојано говориме за новите мерки за младите брачни парови. Истите се очекува наскоро да бидат објавени, а во тек е и подготовката на законите од страна на Владата, во соработка со надлежните министерства. 

Димитровска: Со анализа на цените на становите во секоја општина поединечно ќе се утврдува основата за пресметка на 20% попустот наменет за младите брачни парови

Се очекува законските решенија да се најдат пред пратениците во текот на месец декември, со цел да започнат да се применуваат од наредната година.

Првиот закон се однесува на младите брачни парови, при што еден од партнерите треба да биде на возраст до 35 години. Тоа значи дека мерката се проширува и ќе овозможи купување станбена површина по цена која е за 20% пониска од просечната пазарна цена во претходната година.

Вчера, претседателот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека веќе е направена анализа на податоците од Катастарот за првите три квартали од оваа година, врз основа на која ќе се утврдуваат цените за следната година.

Па така, на пример, во Општина Центар просечната цена на квадратен метар станбена површина изнесувала 1.915 евра, што со предвидениот попуст од 20 проценти би значело цена од околу 1.530 евра за метар квадратен.

Во Општина Карпош, каде што просечната евидентирана цена изнесувала 1.386 евра за метар квадратен, со попустот цената би изнесувала 1.110 евра, додека пак во општина Аеродром, просечната цена изнесувала 1270 евра, а со попустот цената би била 1016 евра.

Исто така, предвидено е секој инвеститор кој ќе побара дозвола за изградба на станбен објект да издвои 10 проценти од станбената површина за лицата кои ги исполнуваат условите утврдени со законот.

Вториот закон предвидува ослободување од плаќање комуналии за младите брачни парови кои го исполнуваат предвидениот возрасен услов. Со оваа мерка, која веќе се применува во дел од скопските општини, се предвидува можност за нејзино проширување на целата територија на државата, со што дополнително ќе се намалат трошоците и ќе им олесни на младите брачни парови процесот на решавање на станбеното прашање.

Почитувани,

Со овие два специјални закони, Владата им го олеснува решавањето на станбеното прашање на младите брачни парови, со цел да им обезбеди подобри можности и поддршка при создавањето сопствен дом.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи и понатаму да работи на создавање нови можности за младите, подобрување на нивниот животен стандард, но и да дава поддршка на различните категории граѓани во секоја сфера. Веќе две и пол години, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи напорно за сите граѓани да можат да живеат достоинствено во својата земја.

Катерина Димитровска, член на ИК на УЖ и пратеник

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Софија Вергара во бикини го запали Инстаграм: Тешко е да се поверува дека има 54 години

Најплатената телевизиска актерка на светот, колумбиската актерка Софија Вергара повторно привлече огромно внимание на социјалните мрежи.

Софија Вергара во бикини го запали Инстаграм: Тешко е да се поверува дека има 54 години

Ѕвездата од серијата „Модерно семејство“ објави фотографија од плажа каде што позира во сино-жолто бикини, а на многумина им е тешко да поверуваат дека има 54 години.

Според дел од медиумите сцената од одмор предизвика бројни реакции кај нејзините обожаватели.

На фотката атрактивната Софија може да се види како ужива на сонце, лежејќи опуштено на пешкир покрај тиркизното море и песочниот брег.

Фотографијата брзо ги обиколи социјалните мрежи, а обожавателите повторно коментираа за изгледот на актерката, која, дури и во шестата деценија, привлекува внимание.

Објавата од плажата следува по нејзиниот неодамнешен престој во нејзината родна Баранкила, Колумбија, каде што претходно оваа недела беше наградена со Златен медал со чин командант како признание за нејзината успешна меѓународна кариера.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер