Сијарто го притиска Киев: Кажете зошто толку милиони во кеш поминаа низ Унгарија! (ВИДЕО) - Канал 5

Сијарто го притиска Киев: Кажете зошто толку милиони во кеш поминаа низ Унгарија! (ВИДЕО)

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, објави нова порака до Украинците на X, барајќи објаснување за големите суми готовина што, според него, поминале низ Унгарија.

Сијарто го притиска Киев: Кажете зошто толку милиони во кеш поминаа низ Унгарија! (ВИДЕО)

„Сè уште чекаме одговор: зошто 900 милиони долари и 420 милиони евра во кеш биле префрлени преку Унгарија? За што биле искористени и во чиј интерес? Колку од нив биле потрошени во Унгарија и во чија корист?“, напиша Сијарто.

Затегнати односи

Објавата доаѓа по инцидентот што дополнително ги затегна односите меѓу Будимпешта и Киев. Унгарските власти претходно објавија дека протераат седум вработени во украинска банка кои биле приведени додека транспортирале 80 милиони долари и девет килограми злато во Украина во возила за транспорт на готовина.

Унгарските даночни власти соопштија дека тие биле приведени под сомнение за перење пари, додека украинската страна тврдеше дека станува збор за редовен банкарски транспорт.

Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, ја обвини Будимпешта дека ја земала групата како заложник и ги украла парите, додека Сијарто потоа праша зошто такви суми воопшто биле транспортирани во готовина ако станува збор за банкарска трансакција.

Спорот околу Дружба

Целата приказна се случува во време кога односите меѓу Унгарија и Украина веќе сериозно се влошија поради спорот околу руската нафта и транзитот преку нафтоводот Дружба, како и блокирањето од страна на Орбан на пакетот за помош од 90 милијарди евра на Европската Унија за Украина, што Киев го смета за притисок и уцена.

Во нов пост, Сијарто го префрла фокусот на уште поголеми износи и бара одговори за тоа кој префрлил 900 милиони долари и 420 милиони евра во готово преку Унгарија и зошто, и кој ги искористил парите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Град Скопје. Во четврток терестрична дезинсекција против ларви од комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека  на 24.09.2026 година (четврток), во текот на денот, на подрачјето на градот Скопје ќе се врши терестрична дезинсекција против ларви од комарци. 

Град Скопје. Во четврток терестрична дезинсекција против ларви од комарци

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Робот победи инфлуенсер во ММА-меч, еден удар беше одлучувачки

Од светот на боречките спортови доаѓа една необична глетка: маж влезе во ММА-кафез за да се соочи со хуманоиден робот.

Видео: Робот победи инфлуенсер во ММА-меч, еден удар беше одлучувачки

Во борбата најавена како прв официјален дуел меѓу човек и робот, американскиот инфлуенсер Френки Лапена се соочи со Рекбот (Rekbot) – робот создаден од компанијата „Рек Роботикс“ (Rek Robotics).

Рекбот е висок околу 180 сантиметри, а неговиот изглед потсетува на Т-800 од филмскиот серијал „Терминатор“. Лапења успеа да зададе неколку удари за време на борбата, но роботот покажа дека нема само да се брани. Во еден момент, тој го удри инфлуенсерот со нога и го собори на земја.

Лапења остана да лежи во кафезот, а по борбата на неговото тело беа видливи модрици.

Натпреварот предизвика големо внимание на социјалните мрежи, каде што пристигнуваа бројни коментари од гледачи изненадени од глетката.

Иако сè наликуваше на сцена од научно-фантастичен филм, исходот беше реален: Рекбот го совлада човекот, а Лапења заврши на подот откако доби удар.

Видеото од борбата набрзо почна да кружи на интернет, а необичната средба отвори бројни прашања за тоа колку добро хуманоидните роботи ќе можат да ги имитираат човечките движења и да учествуваат во физички активности во иднина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Џеј Ло воодушеви во Милано, Ѓердан од 74 карати и фустан за кој зборува светот

Светската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез официјално пристигна во Милано и веднаш се фати за работа, создавајќи незаборавни моменти на Модната недела.

Видео-фото: Џеј Ло воодушеви во Милано, Ѓердан од 74 карати и фустан за кој зборува светот

Латино дивата Џенифер Лопез се појави во италијанската престолнина на модата за време на Модната недела во Милано и, со внимателно одбран елегантен, но и впечатлив стајлинг – луксузен црн балски фустан достоен за модерна принцеза – ги остави сите без здив.

57 годишната, Џеј-Ло беше фотографирана како шета низ Милано во впечатлива креација во целосно црна боја. Скулптуралниот фустан со потпис на „Долче и Габана“ се одликуваше со припиен корсет инспириран од долната облека, украсен со нежна тантела и романтично, длабоко деколте.

Од половината, силуетата драматично се ширеше во раскошно здолниште со полна должина, прекриено со црни цветни апликации со тродимензионален ефект и блескави украси.

Во еден момент, Џенифер Лаупер дури и заигра со еден маж од публиката и направи неколку вртења – погледнете како изгледаше тоа.

@voguemagazine From the block to the Galleria runway. #Jlo just walked #VogueWorld: Milan in #DolceAndGabbana ♬ original sound - Vogue

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер