Сидни Свини: Се здебелив 16 килограми поради новата улога (ВИДЕО) - Канал 5

Сидни Свини: Се здебелив 16 килограми поради новата улога (ВИДЕО)

Актерката Сидни Свини го украде шоуто на црвениот тепих на Лондонскиот филмски фестивал BFI.

Сидни Свини: Се здебелив 16 килограми поради новата улога (ВИДЕО)

28-годишната ѕвезда, номинирана за наградата Еми, блесна во елегантен розов фустан на премиерата на филмот „Кристи“, која се одржа вчера вечер во лондонската Кралска фестивалска сала, пишува Just Jared.

Се појави во елегантен фустан

За црвениот тепих, Свини избра розов фустан со лелеаво, проѕирно здолниште и го комплетираше изгледот со мека, гламурозна шминка. Фустанот е комбинација од сатен и чипка. Таа се појави на сцената заедно со своите колеги, а зборуваше и за тоа како тешката улога во филмот „Кристи“ целосно ѝ го промени животот.

„Искрено, тоа е многу голем товар. Ја чувствувам важноста на нејзината приказна и што значи за другите луѓе. Таа е голем борец и ме инспирира и јас да станам застапник“, рече Свини, додавајќи: „Се здебелив 16 килограми и поминав низ многу интензивна физичка трансформација. Но, се чувствував силна, можеби скршив нечиј нос.“

YouTube video

Приказната за Кристи Мартин

Филмот ја раскажува приказната за Кристи Мартин (Сидни Свини), која никогаш не го замислувала животот надвор од својот мал град во Западна Вирџинија, сè додека не открила талент за бокс. Таа влегува во светот на боксот со својот сопруг Џим (Бен Фостер), а во исто време се соочува со семејни проблеми и со сопствениот идентитет. Филмот излегува во кината на 6 ноември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нови беспилотни летала за американската војска: Автономија поголема од 16.000 километри!

Се очекува наскоро да полета ново беспилотно летало со голем домет, кое има распон на крилјата од 22 метри и можност да прелета до 16.600 километри без дополнување гориво.

Нови беспилотни летала за американската војска: Автономија поголема од 16.000 километри!

Леталото, наречено „Гамера“, може да носи различни видови опрема или да дејствува во големи јата. Дизајнирано е за извршување мисии за извидување и напади на големи растојанија за потребите на Американските воздухопловни сили.

„Гамера“ се одликува со два паралелни главни трупа наместо еден централен. Моторот е поставен на посебна конструкција меѓу нив, позициониран директно над крилото.

Пропелерот сместен на предниот дел од моторот обезбедува потисок за движење напред.

Леталото има седум точки за прикачување на товар и може да носи товар со тежина до 1.270 килограми, вклучувајќи ги и противбродските ракети со голем домет што моментално ги користат вооружените сили на САД.

Благодарение на модуларниот хардвер, леталото овозможува замена на товарот и системите за да се задоволат променливите барања на мисиите. Неговиот домет и капацитет за носење товар исто така може да се прилагодат според специфичните потреби на мисијата. Архитектурата за управување е дизајнирана така што еден оператор може истовремено да управува со до 35 летала од типот „Гамера“.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Апелациониот суд ја подтврди 2 и пол годишната казна за кумановката Гордана Филиповиќ

Апелациониот суд ја подтврди 2 и пол годишната казна за кумановката Гордана Филиповиќ, која во јануари 2022 година на пешачки премин кај мостот „Гоце Делчев“ во Скопје смртно го прегази 76 годишниот Слободан Ангеловски. 

Апелациониот суд ја подтврди 2 и пол годишната казна за кумановката Гордана Филиповиќ

На пресудата и претходеше долгогодишен процес и повторени судења, а скопска апелација жалбите од Филиповиќ и нејзиниот адвокат за првостепената пресуда ги отфрли како неосновани и ја потврди затворската казна.

Дополнително, добива забрана за управување со моторно возило од „Б“ категорија во траење од 5 години. Филиповиќ обвинителството и семејството на Ангеловски кое се приклучи на прогонот, ја гонеа за кривичното дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриеска-Кочоска на Светскиот економски форум во Њујорк

Инвестициите и соодветното финансирање се клучни за енергетска сигурност и одржлив економски раст.

Димитриеска-Кочоска на Светскиот економски форум во Њујорк

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска учествуваше на работната сесија „Поттикнување на растот во новата економија“, организирана во рамки на „Состаноците за влијанието врз одржливиот развој 2026“ (Sustainable Development Impact Meetings 2026) на Светскиот економски форум, што се одржуваат во Њујорк.

На сесијата, на која учествуваа високи претставници на влади, меѓународни институции и бизнис-секторот, се разговараше за предизвиците и можностите што ги носи новата економија, со посебен фокус на обезбедувањето енергетска сигурност, пристапноста на енергијата и одржливоста како фактори за долгорочен економски раст и конкурентност.

Во фокусот на дискусијата беа различните пристапи кон енергетската транзиција и начините на кои владите и бизнисите можат да воспостават рамнотежа меѓу економскиот раст и одржливоста, како и улогата на новите технологии, инвестициите и партнерствата во економската трансформација.

Во тој контекст, беше истакната потребата од обезбедување соодветно финансирање и насочување на инвестициите кон капитални проекти што ќе придонесат за поголема енергетска сигурност и одржливост, при што ваквите инвестиции треба истовремено да бидат во функција на стабилен економски раст и јакнење на конкурентноста.

„Економиите треба да се насочат на долгорочен раст, кој што ќе се заснова исклучиво на продуктивност. Понатаму, во рамки на дискусијата беше исто така заклучено дека на секоја економија ѝ е потребна што е поголема диверсификација по којашто ќе има и поголема додадена вредност. Исто така беше посочено дека треба да се креира што е можно повеќе високопродуктивни работни места и последно, но секако најзначајно, е тоа дека и понатаму треба да работиме на што е можна поголема енергетска независност, поголема одржливост и поголема стабилност во снабдувањето со енергенси“, истакна министерката Димитриеска-Кочоска.

Беше посочено дека новите глобални економски услови бараат поширок пристап кон политиките за раст, кој покрај продуктивноста ги опфаќа и диверзификацијата на економската активност, создавањето високопродуктивни и квалитетни работни места, енергетската сигурност и јакнењето на долгорочната конкурентност.

За Македонија, овие прашања се особено значајни во контекст на заложбите за забрзување на економскиот раст и создавање услови за поголема конкурентност на домашната економија. Во таа насока, важна е поддршката на инвестициите и економската трансформација, како и создавањето услови за сигурно и одржливо снабдување со енергија, што е значајно и за граѓаните и за конкурентноста на компаниите.

Учеството на вакви меѓународни форуми претставува можност за размена на искуства и добри практики и за позиционирање на Македонија во глобалниот дијалог за политиките што ќе го обликуваат економскиот раст во следната деценија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер