Објавен првиот трејлер за спортската драма „Кристи“ со Сидни Свини - Канал 5

Објавен првиот трејлер за спортската драма „Кристи“ со Сидни Свини

Филмот „Кристи“, напишан и режиран од Дејвид Мишо - како вистинска приказна за американската боксерка Кристи Мартин, одглумена од Сидни Свини, го има првиот трејлер.

Објавен првиот трејлер за спортската драма „Кристи“ со Сидни Свини

Инаку, Свини веќе со месеци го најавува филмот. Таа, за „Индивајер“ (IndieWire) изјави: - Кристи засекогаш ќе биде една од најинспиративните личности во мојот живот. Таа се соочи со огромни предизвици во и вон рингот, а нејзината приказна ме инспирираше повеќе од сè, и едвај чекам другите луѓе да бидат инспирирани од неа. Таа е, едноставно, една од најсилните жени за кои некогаш сум слушнала.

Филмот раскажува за Кристи Солтерс - првата жена што потпишала договор со легендарниот боксерски агент Дон Кинг и првата боксерка која се појавила на насловната страница на списанието „Спортс илустрејтед“ (Sports Illustrated) - во американската јавност наречена и „женскиот Роки“. Судбоносниот миг во животот, сепак, нејзе ѝ се случил во 1989 година - кога го запознала својот менаџер Џејмс Мартин, со кого се омажила, а во 2010. се обидел да ја убие.

YouTube video

На многумина од нејзините обожаватели, Сидни Свини им изгледа непрепознатливо во новата улога.

Инаку, Свини и претходно глумеше во филм според вистинска приказна - „Реалност“, каде што глуми „свиркач“ и политички активист. Инаку, таа ужива углед на една од најубавите глумици на денешницата. Филмот „Кристи“ ќе се прикажува од 7 ноември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хорор на градилиште во Брисел: Безживотни тела пронајдени во лифт

Неколку лица загинаа во пожар на градилиште во Брисел денес, додека потрагата по уште шест исчезнати е во тек, соопштија локалните власти.

Хорор на градилиште во Брисел: Безживотни тела пронајдени во лифт

Телевизијата „VRT“ објави дека повеќето од приближно 200 работници биле евакуирани откако избувнал пожарот.

Портпаролот на локалниот инспекторат за труд изјави дека голем број тела се пронајдени во еден од двата лифтови на голем проект за реновирање на „Place de Brouckere“, каде што пожарот избувна рано утрово.

Сепак, тој не прецизираше за колку тела станува збор.

Тој додаде дека сè уште не е јасно дали телата на исчезнатите работници се пронајдени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Падна Владата на Украина

Украинскиот парламент, Врховната рада, денес ја прифати оставката на премиерката Јулија Свириденко.

Падна Владата на Украина

Целата украинска влада со тоа автоматски поднесе оставка заедно со премиерката, а 258 пратеници гласаа за нејзино усвојување, објавува Укринформ.

Свириденко претходно им се заблагодари на пратениците во своето обраќање пред парламентот за нивната заедничка работа во текот на целата година и на украинскиот претседател Володимир Зеленски за довербата што ѝ ја покажаа, објавува агенцијата.

Претседателот на украинскиот парламент, Руслан Стефанчук, вчера објави на Фејсбук дека оставката на премиерката Јулија Свириденко стигнала до украинскиот парламент.

„Благодарен сум на Јулија Анатолиевна за нејзината работа на чело на владата во исклучително тежок период за земјата, нејзиниот придонес во зајакнувањето на економијата, поддршката на граѓаните и напредокот на нашата земја на патот кон Европската унија. Ѝ посакувам успех во понатамошната работа“, додаде претседателот на украинскиот парламент.

Зеленски претходно најави реорганизација на Кабинетот на министри како дел од спроведувањето на нова политичка стратегија и промената на раководителите на безбедносните и судските институции.

На 17 јули 2025 година, Врховната Рада го поддржа назначувањето на Јулија Свириденко за премиер на Украина.

Според извори на „Укринформ“, гласањето во парламентот за назначување на нова влада се очекува да се одржи на 16 јули.

Дотогаш, првиот заменик-премиер, поранешниот премиер Денис Шмигал, привремено ќе ја извршува функцијата шеф на владата.

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ

 Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ, фактите се непријатни за СДС, а бегањето од сопствената одговорност преку политичка пропаганда не е политика, туку лицемерие.

Петрушевски: Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ

Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ!

Колку и да се обидува СДС да ја префрли вината, фактите не можат да ги избришат.

Факт е дека предметот го отвори нивното криминално СЈО, како дел од тогашниот политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ, со цел промена на името. Дополнително, факт што свесно го избегнуваат, а кој денес судот јасно го образложи, е дека пресудата е последица на измените на Кривичниот законик од 2023 година, кои СДС ги предложи и ги изгласа.

Јавноста добро памети и како тогаш беа донесени тие измени на Кривичниот законик, со силни сомнежи дека се дел од пошироки политички договори и трговија со влијание, со цел уставни измени за внесување на Бугарите во Уставот.

Затоа, наместо да измислуваат приказни за „судство под контрола“, најпрвин нека се погледнат во огледало, а потоа нека одговорат јавно: кој и за какви цели преку тогашното СЈО го нарача политичкиот прогон против ВМРО-ДПМНЕ и зошто ги донесоа измените на Кривичниот законик во 2023 година?

Фактите се непријатни за СДС! А бегањето од сопствената одговорност преку политичка пропаганда не е политика, туку лицемерие.

Бране Петрушевски

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер