Шведската принцеза Меделин се венча со њујоршки банкар

Шведската принцеза Меделин се венча денеска за њујоршкиот банкар Кристофер О’Нил.


Облечена во преубава бела венчаница на италијанскиот дизајнер Валентино Гаравани таа му се заколна на верност на својот избраник пред околу 470 гости - претставници на кралските семејства и на њујоршката елита.

Младоженецот едвај ги задржа солзите додека Меделин чекореше по патеката до олтарот, заедно со својот татко кралот Карл Шестнасетти Густав на звуците на традиционалниот шведски свадбен марш, изведуван од детски хор.

Младоженецот и невестата беа видливо расположени, откако церемонијата продолжи со песни на шведски и англиски, исполнети од пејачката на Роксет, Мари Фредриксон и ѕвездата на бродвејскиот спектакл на „Фантомот од операта“, Питер Џобак.

Со широка насмевка Меделин ги прочита брачните завети на шведски, а О’нил на англиски јазил.

Триесет годишната Меделин е најмалата од трите деца на кралот Карл Шестнаесетти Густав и кралицата Силвија и четврта на листата за наследство на престолот.

Нејзиниот сопруг Кристофер О’Нил е осум години постар од неа и е копоственик на инвестицискиот фонд „Носер капитал“

Тие се запознале во Њујорк, каде принцезата работи во Светскиот детски фонд, добротворна организација, основана од нејзината мајка.

Свадбената веселба се одржува вечерва во дворецот Дротнингхолм, во кој Меделин е родена./МИА



Мицкоски: Денес работничките права се прекршени и погазени

​Денес работничките права се прекршени и погазени. Државата многу малку води грижа за тие кои создаваат и се р'бетот на нашата економија.

За мобингот врз работниците многу ретко се зборува, но најголемиот проблем се платите кои ги изеде инфлацијата. Тие не се доволни ниту за половина од потребната потрошувачка кошница.

Проблемите се многубројни, но решенијата мора да ги носиме заедно и одлучно. Првиот чекор се промените кои мора да се случат, и тие промени се во ваши раце. Заедно да ја направиме Македонија повторно силна, голема и твоја.

Честит 1 мај, меѓународен ден на трудот!

„Си-би-ес њуз“: САД планираат одреден број Палестинци од Газа да примат како бегалци

Администрацијата на Бајден планира да прими голем број Палестинци како бегалци, со што може да спаси илјадници од војната во Газа, дознава „Си-би-ес њуз“.

Според официјални документи до кои дошла оваа телевизија, повеќе американски агенции вршеле консултации и планирале различни опции да примат во САД Палестинци од Газа кои имаат блиски роднински врски со американски државјани или оние со легален престој во САД.

Еден од предлозите е ова да се направи во рамките на децениски старата програма на САД за прием на бегалци, а ќе се однесува за оние Палестинци со врски во САД кои успеале да избегаат од Газа и да влезат во соседен Египет, наведува „Си-би-ес њуз“.

Се планира и примање како бегалци на дополнителен број на Палестинци кои се во Газа кои имаат блиски роднини во САД. Плановите треба да се координираат со Египет кој досега одби да прими голем број луѓе од Газа.

Се дознава дека тие кои треба да исполнат повеќе услови, медицински и безбедносни проверки за да се квалификуваат да летаат за САД со статус на бегалци. Со тоа би стекнале разни бенефиции како легален престој, помош за раселени лица како добивање стан и можност да станат американски државјани.

Се смета дека оние што можат да се квалификуваат за оваа програма се очекува да бидат мал број. Сепак тие бе се спасиле од војната на Израел против Хамас, која според локалните здравствени власти досега ги одзеде животите на 34.000 луѓе и расели стотици илјади цивили во Газа. /МИА

Пател: Не сме виделе израелски план за напад на Рафа што би нè загрижил

САД не виделе никаков веродостоен израелски план за офанзива врз градот Рафа што би предизвикало загриженост, изјави синоќа заменик-портпаролот на Белата куќа, Ведант Пател.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека ќе продолжи со операцијата и покрај загриженоста на меѓународната заедница за повеќе од милион Палестинци кои се наоѓаат во најјужниот град Газа.

Началникот на Генералштабот на израелските одбранбени сили, Херци Халеви ги одобри во понеделникот конечните планови за воена операција во градот Рафа и во бегалските кампови во Појасот Газа, пишува „Унет њуз“. /MИА

притисни ентер