Шварценегер секој ден вежба по час и половина: Тоа е како играње шах (ФОТО) - Канал 5

Шварценегер секој ден вежба по час и половина: Тоа е како играње шах (ФОТО)

Шест децении откако почна да се занимава со бодибилдинг, Арнолд Шварценегер сè уште вежба секој ден.

Шварценегер секој ден вежба по час и половина: Тоа е како играње шах (ФОТО)

Легендата на бодибилдингот, актер и поранешен политичар на 30 јули полни 75 години, а секој ден вежба по час и половина. Вози велосипед од 45 до 60 минути и крева тегови 30 минути.

Вежбањето му е исто толку важно како и јадењето и спиењето. И отсекогаш било така, вели тој за Инсајдер.

„Сега вежбам за да останам во форма колку што можам, бидејќи сум постар“, рече тој.

„Одржувањето на мускулната маса е многу полесно отколку да се изгради. Сепак, мускулната маса постепено почнува да се намалува по 40-тата година од животот.

„Секој ден правам получасовен тренинг за одржување. Важно е да сум редовен“, додава Шварценегер.

Шварценегер почнал да крева тегови како тинејџер во својата родна Австрија, а во 1970 година, на 23-годишна возраст, станал најмладиот победник на Mr. Олимпија, која се смета за најпрестижно натпреварување во бодибилдинг. Тоа бил негов прв натпревар на кој учествувал. Победил уште шест пати помеѓу 1970 и 1980 година.

Како конкурентен бодибилдер, тој кревал тегови пет часа дневно. Со текот на годините, тоа време постепено се намалувало, а вежбите ги прилагодувал во зависност од целта или актерската улога. На пример, за неговата улога во комедијата Stay Hungry од 1976 година, режисерот побарал од него да ослабне 12 килограми.

„Одличното нешто во бодибилдингот и тренингот со тегови е тоа што можете да го приспособите за да го обликувате вашето тело според вашите потреби“, тврди познатиот кревач на тегови.

Шварценегер го споредува фитнесот со играње шах бидејќи има толку многу различни потези што може да се направат. „Без разлика дали сакате да ја промените вашата фигура или вашата цел е здравјето, тоа може да се постигне со правилен тренинг и исхрана, забележува тој.

„Има милиони движења што можете да ги правите, милиони вежби, милиони принципи за тренирање, исто како и со додатоците во исхраната и храната“, рече Шварценегер, кој основал компанија за спортски додатоци во 2018 година со четирикратниот шампион во НБА, Леброн Џејмс.

„Ако сакате да се здебелите, ако сакате да изгубите тежина, ако сакате да ја одржите тежината, ако сакате да добивате повеќе енергија, што и да е, можете да го обликувате вашиот тренинг и исхрана и да направите корекции“, заклучил Шварценегер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Баерн Минхен му нуди на Олисе годишна плата од 25 милиони евра

Германскиот гигант Баерн Минхен подготвува понуда за продолжување на договорот на Мајкл Олисе, со што тој би станал најплатениот играч во тимот и би се спречил неговиот трансфер во Реал Мадрид. 

Баерн Минхен му нуди на Олисе годишна плата од 25 милиони евра

Според информациите на германскиот „Скај“, францускиот напаѓач би можел да потпише договор до 2032 година, а неговата годишна плата би се зголемила на над 25 милиони евра.

Токму толку заработуваат Хари Кејн и Џамал ​​Мусиала, додека моменталната плата на Олисе изнесува 14 милиони евра.

Овој потег на баварскиот клуб е директна реакција на интересот од Реал, кој сè уште будно ја следи ситуацијата, пишува шпанскиот весник „АС“.

Раководството на Баерн има намера да ги забрза преговорите со Олисе веднаш штом ќе се финализира потпишувањето на новиот договор со Хари Кејн.

Сепак, Олисе поставува јасен услов за продолжување на соработката: Бара во договорот да биде вклучена откупна клаузула.

Таквата одредба му овозможи да се пресели од „Кристал Палас“ во Минхен за 53 милиони евра во 2024 година, а тој сака да ја задржи контролата врз својата иднина.

Иако Баерн вообичаено избегнува вакви договори, агентот на Олисе, Глен Твенебоа, инсистира дека клаузулата е неопходен дел од новиот договор.

„Мајкл неверојатно напредуваше кај нас и сега е еден од најдобрите играчи во светот. Многу сме среќни што е со нас. Неговиот договор важи до 2029 година, така што нема притисок. Тој се чувствува одлично во Баерн и во редовен контакт сме. Како што реков, не брзаме“, изјави спортскиот директор Кристоф Фројнд.

Вклучувањето на откупна клаузула значително би ја зајакнало преговарачката позиција на францускиот фудбалер. Во Баерн се подготвени да му го понудат статусот на најплатен фудбалер, но истовремено се свесни дека времето не работи во нивна корист. Секоја сезона без нов договор теоретски би можела да ја намали цената на неговиот иден трансфер. Се спомнува дека износот на клаузулата би бил поголем од 200 милиони евра. Во Реал Мадрид проценуваат дека Олисе веројатно ќе остане во Минхен, но исто така признаваат дека нивниот интерес значително ја зголемил цената за продолжување на неговиот договор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Принцот Хари исвиркан на натпревар во рагби

Публиката на еден рагби меч изрази негодување кога британскиот принц Хари се појави на големиот екран на стадионот. 

Видео: Принцот Хари исвиркан на натпревар во рагби

Принцот Хари е исвиркан за време на рагби-натпреварот меѓу Лестер и Глостер во Обединетото Кралство.

Некои навивачи го изразија своето негодување кога неговиот лик се појави на големиот екран на стадионот, поради што телевизиските камери го пренасочија кадарот.

Во петокот, Војводата од Сасекс го следеше натпреварот од трибините во друштво на Андреа Пинчен, извршната директорка на клубот Лестер. Според медиумските извештаи, Хари уживал во пиво и во натпреварот без неговата сопруга, Меган Маркл.

Дел од публиката реагираше кога Хари се појави на големиот екран на стадионот. Телевизиската мрежа TNT брзо го префрли кадарот, а коментаторот Ник Малинс забележа дека се слушаат свирежи, пренесува AFP.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали се одлужува Светското првенство ? Се појави голем проблем, а ФИФА сè уште нема решение

Светското првенство во фудбал во 2034 година во Саудиска Арабија се соочува со предизвици поради високите температури. 

Дали се одлужува Светското првенство ? Се појави голем проблем, а ФИФА сè уште нема решение

Бидејќи датумот на натпреварувањето сè уште не е потврден, останува прашањето дали Светското првенство ќе се одржи во предвидениот период?

Светското првенство во фудбал во 2034 година треба да се одржи во Саудиска Арабија, но датумот на натпреварувањето сè уште не е официјално одреден.

Поради високите температури што владеат во таа земја во текот на летото, речиси е сигурно дека организаторите ќе мора да разгледаат некои од постудените периоди во годината.

Сепак, изборот на датум носи дополнителни предизвици.

Еден од клучните фактори е муслиманскиот празник Рамазан, кој според календарот се очекува во ноември и декември 2034 година. Затоа, една од можностите е Светското првенство да се одржи во јануари 2035 година. Таквото сценарио би значело дека најголемиот фудбалски турнир за првпат би се одржал една година подоцна од планираниот циклус.

Сличен проблем со екстремните горештини ФИФА веќе реши пред Светското првенство во Катар во 2022 година, кога турнирот се одигра во ноември и декември наместо во вообичаениот летен термин. Сепак, во случајот со Саудиска Арабија, календарот на верски настани дополнително ја усложнува организацијата.

Засега нема официјална потврда дека Светското првенство ќе биде преместено во 2035 година. ФИФА сè уште не ги објавила точните датуми за натпреварувањето, па останува да се види кое решение ќе биде избрано и како тоа ќе се вклопи во меѓународниот фудбалски календар.

Саудиска Арабија ги суспендираше плановите за изградба на еден од најамбициозните стадиони во светот, чија вредност се проценува на дури 2,5 милијарди долари. Објектот требаше да биде еден од клучните стадиони за Светското првенство на ФИФА во 2034 година, но иднината на проектот сега е под сериозен знак прашалник.

Во декември 2024 година, ФИФА официјално ѝ ја додели улогата на домаќин на Саудиска Арабија, која на тој начин ќе стане првата земја што самостојно ќе го организира Светското првенство со 48 национални репрезентации.

Сепак, запирањето на изградбата го отвора прашањето дали сите првично најавени проекти ќе бидат реализирани во планираната форма. „Неом“, еден од најважните мегапроекти на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, претставува централен дел од стратегијата „Визија 2030“, чија цел е трансформација на економијата и намалување на зависноста на земјата од нафта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер