Швајцарски хотел нуди ,,корона аранжман” со тест и медицинска нега за неверојатна цена

Луксузен хотел во Швајцарија им понуди на своите гости пакет ,,COVID 19”.

Инаку, овој хотел може да се пофали со услуга каде има минимален контакт со други луѓе, а со доаѓањето на коронавирус и социјалната дистанца, тоа го подигнале на повисоко ниво.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Happy Sunday!

A post shared by Le Bijou (@lebijou_switzerland) on

Пакетот вклучува престој во луксузен апартман, услуги на лекар специјалист, личен готвач, испорака на храна и дури и тестирање за коронавирус.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Mirror, mirror at the wall who is the prettiest bathroom of them all?

A post shared by Le Bijou (@lebijou_switzerland) on

"Не мора да се изложувате на заразени пациенти и можност за зараза во болницата. Со нашите здравствени партнери, во вашата колекција ви нудиме лекарски прегледи и тестови за коронавирус", се наведува на веб-страницата на хотелот.

,,Ле Бижу” има 42 апартмани опремени со сауна, џакузи, камин и теретана, пишува The Insider.

Покрај чистачите нема друг персонал, а гостите може да нарачаат храна, лични готвачи, масажи и слично.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Le Bijou (@lebijou_switzerland) on

„Сè е направено за да не мора да гледате други луѓе“, објасни директорот на хотелот Александар Хабенер.

Тој додаде дека луксузниот пакет „Ковид 19“ бил следниот логичен чекор и дека нивните гости почнале да бараат подолг престој и повеќе медицински услуги.

Со остриот пад на туризмот, паднаа и  цените на „Ле Бјују“: Она што вообичаено би чинело 1.000 долари за ноќ, во моментов се нуди за 500 долари. Гостите можат да направат лекарски преглед двапати на ден за дополнителни 800 ден на ден или да направат тест за коронавирус во соба за уште 500 долари. 24/7 услуга на медицинска сестра е исто така достапна за дополнителни 5000 долари на ден, според Хабенер. Затоа, двонеделниот престој може да чини некаде помеѓу 6.000 и 77.500 американски долари, доколку гостите се одлучат за услугата со 24/7 медицинска сестра и тест за коронавирус.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

#luxuryhome #luxuryhomes #luxuryhotelswitzerland #luxuryhotelsswitzerland #lebijou #luxuryapartments #luxuryapartment #designhotel

A post shared by Le Bijou (@lebijou_switzerland) on

притисни ентер