Шумски пожари предизвикаа евакуација во населени места во Северна и Јужна Каролина - Канал 5

Шумски пожари предизвикаа евакуација во населени места во Северна и Јужна Каролина

Националната метеоролошка служба на САД денеска испрати предупредувања за „зголемена опасност од пожари“ во Северна и Јужна Каролина, а поради засилените ветрови и намалената влажност во воздухот.

Шумски пожари предизвикаа евакуација во населени места во Северна и Јужна Каролина

Изминатитот викенд и вчера во двете сојузни држави беа регистирани над 175 пожари и беше наредена евакуација во населените места околу жариштата.

Пожарникарите продолжуваат да се борат со пожарите што започнаа да се шират во двете сојузни држави викендов, вклучувајќи го и големиот пожар на грмушести растеније што избувна недалеку од Муртл Бич.

Пожарот зафати територија од двете држави голема околу 2.000 хектари и е ставен под контрола само 30 проценти, според ажурираните податоци синоќа од противпожарната служба на округот Ори. Муртл Бич, позната туристичка дестинација, објави дека останува „отворен“ град и ќе продолжи да прима посетители и покрај блискиот шумски пожар.

Во округот Полк, околу градовите Трајон и Салуда, Северна Каролина, на 600 хектари се прошири друг шумски пожар кој до понеделник навечер бил ставен под контрола 63 отсто.

Населението од околу повеќе градови се евакуира, а откако гувернерот на Јужна Каролина, Хенри Мекмастер, прогласи вонредна состојба минатата недела, по приближно 175-те пожари регистрирани во двете држави.

YouTube video

Црна Гора го одбележува Денот на независноста

Црна Гора денеска го одбележува Денот на независноста и 19 години откако на референдум ја обнови својата државна самостојност, јави Мина.

Црна Гора го одбележува Денот на независноста

На референдумот одржан на 21 мај 2006 година, гласаа 419.240 граѓани, или 86,5 отсто од вкупниот број гласачи.

Независноста на државата ја поддржаа 230.661, или 55,5 отсто од граѓаните на Црна Гора кои излегоа на референдумот, додека за останување во заедничка држава со Србија гласаа 185.002 или 44,5 отсто.

Собранието на Црна Гора претходно го усвои Законот за референдум, кој беше договорен со препорака од Европската унија. За успешен референдум беше потребно тој да биде поддржан од 55 отсто од излезените гласачи.

Референдумското прашање гласеше – Дали сакате Република Црна Гора да биде независна држава со полн меѓународно-правен субјективитет.

Собранието на Црна Гора на 2 март, на предлог на претседателот на Републиката Филип Вујановиќ, донесе одлука референдумот за државно-правниот статус да се одржи на 21 мај.

За претседател на Републичката референдумска комисија (РРК) беше избран Словакот Франтишек Липка.

Право на изјаснување на референдумот имаа граѓаните кои согласно прописите за избори имаа избирачко право.

Според податоците на РРК, право на глас на референдумот имале 484,7 илјади граѓани.

Натпревар од 120 милиони евра што Манчестер јунајтед не може да си дозволи да го изгуби

Манчестер јунајтед се соочува со исклучително важен предизвик во Лигата на Европа, откако вечерва ќе одиграат клучен натпревар против Тотенхем. 

Натпревар од 120 милиони евра што Манчестер јунајтед не може да си дозволи да го изгуби

Би-би-си

Манчестер јунајтед се соочува со исклучително важен предизвик во Лигата на Европа, откако вечерва ќе одиграат клучен натпревар против Тотенхем. Овој натпревар би можел да биде еден од најважните во историјата на клубот, бидејќи поразот би можел да значи второ последователно пропуштање од Лигата на шампионите, што би имало сериозни финансиски и спортски последици.

Доколку Манчестер јунајтед не успее да го победи Тотенхем, ќе ја изгуби шансата да се квалификува за елитното европско натпреварување следната сезона. Експертите проценуваат дека таков исход би можел да го лиши клубот од повеќе од 120 милиони евра приходи, кои се генерираат преку продажба на билети, телевизиски права, спонзорски договори и други комерцијални активности.

Дополнително, без приходи од Лигата на шампионите, клубот може да биде принуден да продава млади таленти како што се Алехандро Гарначо и Коби Мајну, со цел да ги обезбеди потребните средства за продолжување на работењето.

Тренерот Рубен Аморим неколку пати нагласи дека обезбедувањето на Лигата на шампионите е клучно за развојот на тимот и долгорочната одржливост на клубот. Во спротивно, клубот би можел да се соочи со сериозни финансиски проблеми, бидејќи би изгубил многу клучни спонзори и приходи од европските натпреварувања.

Од друга страна, тренерот на Тотенхем, Анже Постекоглу, смета дека освојувањето на Лигата на Европа сигурно би било важно, но не мора да биде клучно за иднината на клубот. Иако Спарс беа стабилни оваа сезона, Постекоглу верува дека сè уште има многу други можности клубот да се подобри, без оглед на исходот од ова финале.

За Манчестер јунајтед, победата во ова финале може да значи почеток на нова ера, бидејќи обезбедувањето место во Лигата на шампионите би му овозможило на клубот повторно да застане рамо до рамо со европските гиганти. Од друга страна, поразот би можел дополнително да го оштети угледот на клубот, што би имало долгорочни последици за неговата конкурентност на домашната и европската сцена.

Штедливите Спарси минатата година имаа загуба од само 30 милиони евра, додека Јунајтед загуби околу 120 милиони евра во истиот период. Вкупниот долг на клубот е повеќе од милијарда евра и постојано се зголемува. Секоја година без Лигата на шампионите го чини Јунајтед дополнителни 15 милиони евра, што е износот на казни што мора да му ги плати на „Адидас“.

Секоја повисока позиција во Премиер лигата му носи на клубот 3,5 милиони евра, а бидејќи Јунајтед ќе заврши на самото дно оваа сезона, тие веќе ја изгубија планираната заработка од околу 30 милиони евра. Играњето во Лигата на шампионите го одржува клубот на највисоката светска сцена и овозможува побогати спонзорски договори, па затоа финансиските аналитичари заклучуваат дека Јунајтед едноставно не може без Лигата на шампионите.

Што се однесува до Тотенхем, играњето во Лигата на шампионите не е толку прашање на финансии, колку што е прашање на престиж. Многумина се жалат дали Тотенхем е воопшто толку голем клуб како што се смета. Само освојувањето на Лигата на Европа би му донело на клубот голем трофеј, а би го пласирало и во Лигата на шампионите.

За Тотенхем, евентуален пораз не би бил таков удар, додека за Јунајтед тоа повеќе или помалку би значело катастрофа. Загубите би се акумулирале, а отсуството од најелитното европско натпреварување би го оддалечило „Олд Трафорд“ од потенцијални засилувања што би го вратиле тимот на патот на успехот.

Во целосен прекин сообраќајот на експресниот пат Штип, се вози по стариот пат

 Поради потреби на МВР, од 09:15 часот во целосен прекин е сообраќајот на експресниот пат Штип, од крстосница кај с.Крупиште до крстосница кај с.Спанчево, соопшти АМСМ.

Во целосен прекин сообраќајот на експресниот пат Штип, се вози по стариот пат

Сообраќајот ќе биде пренасочен по стариот пат.

притисни ентер