3Официјално: Заврши спојувањето на холивудските гиганти- создадена е империја вредна 110 милијарди долари
2Ново истражување: Имунитетот на ковид-19 може да помогне во заштита од други коронавируси од лилјаци
МакедонијаШукова од Кисела Вода: Имаме решенија загадувањето да не биде зимска судбина за СкопјеТаа истакна дека над 50% од загадувањето и понатаму потекнува од индивидуалните домаќинства кои се греат на дрва, јаглен или други цврсти горива.Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денеска при посетата на општина Кисела Вода ја претстави програмата за справување со загадувањето на воздухот, со посебен фокус на решавање на проблемот со затоплувањето во домаќинствата. Таа истакна дека над 50% од загадувањето и понатаму потекнува од индивидуалните домаќинства кои се греат на дрва, јаглен или други цврсти горива. „Ако сакаме да го намалиме загадувањето на воздухот, мораме конкретно да им помогнеме на домаќинствата. Затоа, Градот ќе обезбеди субвенции за сите граѓани кои повторно ќе се приклучат на централното греење, како и за новите семејства што ќе се вклучат во системот,“ додаде таа. Шукова нагласи дека програмата на СДСМ предвидува серија мерки, кои се поделени на краткорочни, среднорочни и долгорочни решенија, а две од нив се особено важни за зимскиот период што следува: • Директна финансиска поддршка за приклучување на постојната мрежа за централно греење; • Помош и поддршка за најранливите категории граѓани, за тие да добијат еколошко и безбедно решение за затоплување. Сакаме процесот да биде едноставен, транспарентен и брз — без бирократски пречки. Секое домаќинство треба да има јасна постапка и поддршка од градот,“ нагласи Шукова. Во рамките на програмата, Градот ќе обезбеди и чистење и одржување на оџаците, како и 5000 бесплатни филтри секоја година за домаќинствата кои се загреваат на цврсти горива, со цел намалување на ПМ честичките во воздухот. „Загадувањето во Скопје не смее да биде зимска судбина. Таму каде што има централно греење, ќе воведеме забрана за користење дрва и јаглен, затоа што тоа е директна инвестиција во здравјето на сите скопјани,“ изјави таа. Шукова додаде дека оваа политика е пред сè здравствена и еколошка, а не само енергетска мерка: „Чистиот воздух не е луксуз, тоа е основно право на секој граѓанин. Со модернизација на топлификацискиот систем и заедничка акција на сите општини, ќе обезбедиме Скопје конечно да дише чист воздух.“ Посетата на општина Кисела Вода е дел од низата теренски активности на кандидатката Шукова, каде таа непосредно се среќава со граѓаните и ги претставува конкретните решенија од својата програма за почисто, зелено и здраво Скопје. Скопје, 04.10.2025 СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканНеверојатно количество алкохол во крвта- полицијата запрела Хрват со 5,41 промилиОсиечко-барањската полиција објави дека во текот на изминатиот викенд евидентирала дури 45 возачи кои возеле под дејство на алкохол.Меѓу нив имало 36 возачи на автомобили, седум велосипедисти, еден возач на трактор и еден мотоциклист, пишува порталот 24sata.hr. Сепак, случај кој особено привлече внимание е забележан на 3 октомври во 16:59 часот во хрватското село Стриживојна. Во тој момент, полицијата запрела 58-годишен велосипедист во сообраќајот, чие ниво на алкохол во крвта било измерено на неверојатни 5,41 промили. Оваа количина на алкохол во крвта, измерена од велосипедистот од Стриживојна, е исклучително високо и потенцијално смртоносно ниво на алкохолизам. Сепак, важно е што толеранцијата значително варира меѓу луѓето, па затоа промилот не значи потполно исто за секоја личност. Класификација: • 0,0 промили – без алкохол во крвта • 0,2–0,5‰ – благ ефект; може да се доживее релаксација и намалено внимание • 0,5–1,0‰ – забележлив ефект; лоша проценка и побавни реакции • 1,0–1,5‰ – изразена интоксикација; нарушена координација и рамнотежа • 1,5–2,0‰ – тешка интоксикација; значително нарушено движење и говор • 2,0–3,0‰ – многу тешка интоксикација; можни проблеми со свеста, координацијата и ориентацијата • 3,0–4,0‰ – потенцијално опасно по живот труење со алкохол; можно губење на свеста • 4,0‰ и погоре – екстремно високо ниво на алкохол, со сериозен ризик од кома, респираторен застој и смрт Тагови: Алкохол возач Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотМеган Маркл објави сника од кујната, сите ја исмеваат Промотивната фотографија од Меган Маркл, направена по повод новата колекција на нејзиниот бренд за животен стил, предизвика дебата на социјалните мрежи. Корисниците забележаа детал на фотографијата што им се чинеше неубедлив, а набрзо стана главна тема на коментари. Фотографијата беше објавена на Инстаграм профилот на брендот As Ever со најавата за празничната колекција „Празничната колекција: Поглавје еден“, која ќе биде достапна на 6 октомври. Иако коментарите под објавата беа исклучени, фотографијата се прошири низ платформата X, каде што бројни корисници го забележаа истиот детал. Што не е во ред со шпоретот? На фотографијата, Меган позира во кујната до шпоретот, а токму оваа сцена предизвика најмногу реакции. „Ако веќе се преправате дека готвите на гас, направете барем две паметни работи. Прво, проверете дали шпоретот е воопшто вклучен, копчињата дури и не се свртени. Второ, обидете се барем да изгледа како да гори пламен под тенџерето“, напиша еден корисник. Други, исто така, забележаа дека нема видлив пламен под тенџерето. „Сето тоа е само претстава“, заклучи еден корисник, додека друг праша: „Дали Меган Маркл знае дека шпоретот мора да се вклучи пред готвење?“ Некои се потсмеваа на целата ситуација, а еден корисник ја опиша сцената како подготовка на „чорба од имагинацијата“. На фотографијата, не можете навистина да го видите пламенот под тенџерето, додека копчињата за контрола на температурата се чини дека се во исклучена положба. Некои корисници застанаа во нејзина одбрана Не беа сите убедени дека станува збор за пропуст. Некои корисници веруваат дека фотографијата е едноставно изрежана за потребите на кампањата и дека Меган не требало навистина да готви. „Жената само се преправаше дека готви за фотосесија“, напиша еден корисник. Друг понуди многу едноставно објаснување за тоа што шпоретот е исклучен: „Глупаво. Шпоретот може да се исклучи затоа што храната е готова и треба само повремено да се меша пред сервирање.“ Имаше и такви кои не се занимаваа со спорниот детаљ, туку го пофалија изгледот на кујната. Некои, исто така, потсетија дека адвент календарот што Меган неодамна го лансираше е веќе распродаден. Што носи новата колекција? Новата празнична колекција се промовира под слоганот „Веселба во изработка“. Понудата ќе вклучува кошничка за домаќините и сет карти за играње, како и три вида чоколадо со вкусови на ѓумбир и лимон, лаванда и мед, и хибискус и роза. Колекцијата следи луксузен адвент календар кој чини околу 112 фунти. „Празниците нè потсетуваат колку радост може да се најде во моментите што го сочинуваат животот. Тие нè покануваат да се зближиме, да создаваме со свои раце, внимателно да ја поставуваме масата и да бидеме дарежливи кон оние што ги сакаме“, се вели во описот на новата колекција.Тагови: Меган Маркл Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп ја одобри егзекуцијата на напаѓачот од Форт худ кој усмрти 13 лицаАмериканскиот претседател, Доналд Трамп, ја одобри смртната казна за Нидал Малик Хасан, осуден за масовното убиство во воената база „Форт худ“ во Тексас во 2009 година кога загинаа 13 лица.Американскиот претседател, Доналд Трамп, ја одобри смртната казна за Нидал Малик Хасан, осуден за масовното убиство во воената база „Форт худ“ во Тексас во 2009 година кога загинаа 13 лица, соопшти портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, на социјалната мрежа „Икс“.. Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет „препорача, а претседателот Доналд Трамп одобри осудениот терорист, Хасан, да биде погубен од стрелачки одред на американската армија, соопшти Парнел. Датумот и местото на егзекуцијата ќе бидат одредени подоцна, додава тој.. Хасан, кој е роден во САД и има палестинско потекло во 2009-та година пукаше кон војници во медицински центар во базата „Форт худ“, со намера да ги спречи да учествуваат во, како што ги сметал, „незаконските“ војни во Авганистан и Ирак.. Сметан за „осамен волк“ на Ал Каеда, тој притоа уби 13 лица, меѓу кои 12 војници, и рани десетици други.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter