Шукова: Имам решенија за чисто, уредено и безбедно Скопје кое дише - Канал 5

Шукова: Имам решенија за чисто, уредено и безбедно Скопје кое дише

Денес стојам пред вас со силно чувство на чест, но и голема одговорност. 

Шукова: Имам решенија за чисто, уредено и безбедно Скопје кое дише

Ви благодарам на сите кои изминатите денови ми дадовте доверба и поддршка да бидам кандидат за градоначалничка на градот во кој сум родена, порасната, каде го формирав своето семејство и кој го сакам со сето срце. Ви благодарам што верувате дека можам да го водам Скопје.

На почетокот сакам веднаш да ви порачам: се кандидирам да бидам градоначалничка на сите скопјани. Независно дали сте поддржувачи на СДСМ, на ВМРО-ДПМНЕ, на некоја трета партија или на ниту една, за мене сите граѓани се еднакво важни. Јас тоа го покажав и со пристапот кон секој поединец во текот на мојата професионална кариера.

Верувам дека политичките битки и поделби никогаш повеќе не смеат да бидат на штета на скопјани. Дека токму политичката алчност, бизнис и личните интереси на оваа власт, како и длабоката партизација на градот во изминатите четири години го донесе онаму каде што е денес, на своето историско дно во однос на развој, изглед и функционалност.

Токму ова никогаш не смее да ни се повтори и затоа јасно порачувам: ако ја добијам вашата подршка ќе докажам дека Градот е над политиката. Скопје не е партиско седиште, туку град на сите кои живеат во него. И мора да се управува професионално.

Ќе бидам на страната на секој човек што сака да живее достоинствено, без разлика дали и за кого гласал. Затоа што најлесно е да им се поклониш на моќните, а тешко е да им служиш на сите. Јас го бирам тоа што е тешко, ама исправно.

Почитувани граѓани,

Не смееме да затвораме очи пред вистината. Не можеме да се правиме дека не знаеме кој и како го донесе Скопје до ова дереџе. Четири години со ВМРО-ДПМНЕ видовме што значи безредие, неодговорност и непочитување на граѓаните. Четири години видовме што значи политички инает на сметка на здравјето на граѓаните, што значат бизнис интереси на сметка на развој на градот, што значи кога имаме власт која е подготвена да го уништи градот, само за сопствен политички интерес.

Скопје никогаш помалку не им припаѓал на скопјани. Скопје е украден град, ставен во заложништво за сопствени интереси. Го уништија за политички да се пресметуваат со сопствениот градоначалник. Денес, секоја улица сведочи за нивниот неуспех. И нема да дозволиме тоа да се повтори. Скопје ја преживеа својата трета катастрофа после палењето на градот од страна на Пиколомини и земјотресот од 1963 година.

Но бидејќи сите знаеме што се случува со градот, денес нема да зборувам за тоа. Знам дека скопјани бараат решенија, искреност и градски политики на кои ќе им веруваат. Скопјани бараат уредено, културно, чисто Скопје. Бараат градоначалник со јасна визија за тоа како ќе се развива градот и конкретен план како ќе се решат клучните проблеми. Без чуда, без лажни мега проекти и шарени програми на стотици страници.

Почитувани скопјани,

Јас сум тука да понудам решенија. Скопје може и мора да биде град за луѓето — чист, уреден, сообраќајно среден, зелен и безбеден. Град со кој ќе се гордееме, кој ќе биде наш дом, а не пазар на интереси.

Затоа, моите определби ќе бидат:

- да го исчистиме Скопје и направиме функционални претпријатија за управување со отпадот

- Да направиме конкретен план и постигнеме резултати за чист воздух и чиста животна средина. Ова се моите први приоритети, области во кои имам многу знаење и искуство.

- да го обновиме јавниот превоз и да создадеме град во кој може да се стигне навреме и без нервози;

- да го запреме урбанистичкиот хаос и да ја вратиме контролата на граѓаните врз урбанизмот;

- да се посветиме на обнова и одржување на постојната инфраструктура на градот

- Да направиме реформи за целосна дигитализација и искоренување на корупцијата и влијанијата кои доаѓаат од оние кои Скопје го гледаат како бизнис интерес.

- да ја вратиме културата, животот и урбаниот дух на Скопје кој толку многу недостига во моментов

- да ја вратиме безбедноста во градот, секој ден и секој чекор по скопските улици мора да биде безбеден и удобен за секој граѓанин.

Што ќе направиме од утре?“

Скопје не смее да чека. И јас нема да чекам. Веќе започнавме со активности кои ќе покажат дека ова не е само кампања, ова ќе биде заедничко враќање на Скопје на граѓаните. Ги повикувам да ни се приклучат најдобрите, најмотивираните луѓе кои искрено го сакаат градот. Скопје има врвни професионалци во сите области, токму тие ќе бидат столбот за враќање на сјајот на градот.

Веќе се поставени основите на програмата за Скопје, но вашите совети и идеи, преку низа средби со граѓаните, но и стручната јавноста и поединци кои знаат и умеат да помогнат, само ќе допринесат истата да стане подобра и пореална. Време е скопјани конечно да видат еден различен пристап. Пристап кој не е обложен во шарена хартија а шуплив внатре, туку соврешен и остварлив план за решавање на проблемите. Тоа може да го очекувате од мене.

Почитувани,

Скопје е модел на град каде сите општини во градот мора синхронизирано и рамномерно да се развиваат, во соработка со градот. Скопје заслужува повеќе. Заслужува да дише. Заслужува да живее. Заслужува да се сака. Заедно ќе работиме, заедно ќе ги носиме одлуките. Ајде да го вратиме заедно сјајот на Скопје, за похуман Центар, Карпош, Кисела вода, Аеродром, Ѓорче Петров, Шуто оризари, Бутел, Сарај, Гази баба, Чаир. За похумано Скопје!, рече Каја Шукова, потпретседателка на СДСМ и кандидатка за градоначалничка на Град Скопје.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шеик нарачал да му направат огромен Хамер- има дневна соба, кујна и тоалет (ВИДЕО)

Некои ги претвориле автомобилите во печки за пица, други поставиле ражен во нив или ги претвориле во патувачки барови. 

Шеик нарачал да му направат огромен Хамер- има дневна соба, кујна и тоалет (ВИДЕО)

Но, еден колекционер отишол многу подалеку и изградил Хамер кој има доволно простор за кујна, тоалет и пространа дневна соба.

Тоа е Хамер H1 X3, џин на тркала висок колку двокатна куќа и долг приближно колку голем градски автобус. Неговите димензии се приближно три пати поголеми од димензиите на стандардниот H1, кој самиот по себе не е мал автомобил, пишува Јалопник.

Овој огромен Хамер тежи повеќе од 59 тони, а неговиот ентериер повеќе личи на куќа за одмор отколку на автомобил.

Седумчлен тим го градел година и пол

Зад проектот стои милијардерот од Емиратите и колекционер на автомобили Хамад Ал Нахјан, познат и како „Шеикот на виножитото“. Тој е сопственик на една од најголемите колекции автомобили во светот, во која необични, уникатни примероци заземаат посебно место. Затоа, Хамер X3 совршено се вклопува во неговата колекција. Седумчлен тим работел на него околу година и пол.

Во возилото се влегува преку скалите што се извлекуваат и се наоѓаат под каросеријата. На долниот кат има кујна. Вратата лево води до тоалетот, додека спроти се наоѓа машинската просторија и скалите до горниот кат.

Наместо волан, има џојстик

На горниот кат има простор од приближно 60 квадратни метри со десет фотелји. Огромните прозорци нудат панорамски поглед, а завесите можат да се спуштат за приватност.

Возачкото седиште се наоѓа во задниот дел од тој кат. Опкружено е со бројни копчиња и прекинувачи, но нема класичен волан. Овој Хамер се управува со џојстик.

Со оглед на неговите димензии, видливоста е посебен предизвик. Затоа на возачот му помагаат камери што на екраните покажуваат што се случува околу возилото.

Воен транспортер е скриен под каросеријата

Под каросеријата што го имитира Хамер Х1 се наоѓа основата на поранешниот американски воен амфибиски транспортер LARC-LX. Тоа е возило наменето за транспорт на товар по копно и вода, од кое X3 ја задржал челичната структура на трупот.

Во машинската просторија има четири дизел мотори, по еден за секое тркало. Заедно тие развиваат приближно 1000 КС, што звучи импресивно сè додека не се сетите дека мора да преместат повеќе од 59 тони.

Тркалата се повисоки од човек, а секоја гума наводно чини околу 25.000 долари. И покрај големата моќност, максималната брзина е само 32 км/ч.

YouTube video

Излегува на пат со полициска придружба

Колку е голем Hummer X3 всушност најдобро се открива во деталите. Според извештаите, потребна е дигалка за подигнување на предната хауба, а бришачите на шофершајбната се огромни.

Според Јалопник, овој гигант може да се вози и по јавни патишта, но со полициска придружба. Покрај горивото за четири мотори, очигледно му треба многу слободен простор за возење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОЈО Охрид се огласи по повод притворот на Кристијан Корабоски

Основното јавно обвинителство Охрид итно ги презеде сите дејствија и до Основниот суд во Охрид поднесе обвинение против едно лице за три кривични дела.

ОЈО Охрид се огласи по повод притворот на Кристијан Корабоски

Основното јавно обвинителство Охрид итно ги презеде сите дејствија и до Основниот суд во Охрид поднесе обвинение против едно лице за три кривични дела - Телесна повреда, Противправно лишување од слобода и Загрозување на сигурноста.

При вршење семејно насилство, обвинетиот противправно ја затворил, физички ја нападнал, телесно ја повредил и ја загрозил сигурноста на една оштетена.

Во текот на денот, со цел испитување на настанот, јавниот обвинител презеде повеќе дејствија. Испитана беше оштетената во присуство на социјални служби и беше наредено и извршено вештачење на видот и карактерот на нејзините повреди.

Заедно со обвинението, а имајќи ги предвид утврдените околности во предметот, јавниот обвинител до Судот достави предлог за определување мерка притвор за обвинетиот кој беше обезбеден за цело време од поведување на постапката, соопшти Обвинителството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара

Повторно е приведен Кристијан Корабоски, 31, годишниот охриѓанец кој е осомничен дека ја претепал неговата 26 – годишна девојка, Сара Ѓорѓиоска.

Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара

Повторно е приведен Кристијан Корабоски, 31 – годишниот охриѓанец кој е осомничен дека ја претепал неговата 26 – годишна девојка, Сара Ѓорѓиоска, и неофицијално полусвесна ја исфлил пред маркет од автомобилот. Според информациите од истрагата, приведувањето на насилникот се должи на новонастанати околности, меѓу кои е и изјавата пред обвинител попладнево на претепаната девојка. Воедно, според изворите на Канал 5 се очекува Корабоски да заврши и во притвор, откако првично, по барање на обвинителството, доби само мерки на претпазливост. Што се однесува до тоа дали ќе има преквалификација на делото нанесени „тешки телесни повредени“ во потешко дело како „обид за убиство“, републичкиот обвинител Ненад Савески, рече дека ќе зависи од доказите кои се прибираат.

„Доколку би одговорил на вашето прашање, да утврдам јас правна квалификација, тоа би се свело на мое шпекулирање, бидејќи правната квалификација произлегува од сето она што ќе се собере на истражната постапка.“

„Собери ги сите познаници, да го прикроиеме нештово и да се одслободиме од оваа, дали да ја фрлам во некоја провалија?“ – е разговорот кој го слушнала Сара во автомобилот помеѓу насилникот и неговиот татко, инспектор во УЈП, според обвинувањата на нејзината мајка која ги изнесе на социјалните мрежи. Таа обвинува и дека се правеле обиди за прикривање на случајот преку неговите родители, нагласувајќи дека негова мајка е Љубинка Корабоска, поранешна – претседателка на антикорупциска. Дополнително, според тврдењата, и неговата тетка се јавувала во болницата каде што е сместена за да влијае врз медицинскиот извештај и да се прикаже дека имала полесни повреди. Савески кажа дека се истражуваат и овие наводи.

Братот на Сара, Димитар, за Канал 5 вели дека како семејство имале долга ноќ, стравувајќи за неговата сестра оти осомничениот бил пуштен. Дополнително, сподели и дел од она што Сара го поминала ноќта.

„Сара најпрво кажа дека настанало од што почнал да вози брзо. Сара кога се освестила малку, слушнала како прашува напаѓачот како да се спаси од делото, ни кажа дека го зела телефонот да бара помош и рекле да молчи оти ќе биде убиена. Го зела од дечкото телефонот, затоа што нејзиниот веќе бил уништен. Цела ноќ никој не спиеше, сестра ми ми вика дека секој звук што го слуша, стравува дека некој ќе влезе, и ние подолг период останавме пред болницата и мораше да сме тука во близина.“

Според семејството на Ѓорѓиоска, насилникот дивеел возејќи со огромна брзина, воедно, не ја пуштал Сара да го напушти возилото, во кое таа барала прекин на нивната врска. Набргу следел и физичкиот напад од Корабоски, за кој полицијата портврди дека бил под дејство на алкохол, измерени му биле 1,29 промили, па и за возењето во алкохолизирана состојба, потврдија од СВР, ќе добие кривична пријава.

Во меѓувреме, според информациите, пуштен е таткото на Ѓорѓиоска, кој беше приведен по пријавата на мајката на осомничениот, оти по претепувањето на неговата ќерка, според пријавеното, телефонски им се јавил и им се заканувал на целото семејство. За него според најавите, исто така ќе има постапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер