Најголем проблем е ако грешката се утврди откако ќе се запали моторот . Вио тој случај штетата е далеку поголема , зашто е потребно да се однесе возилото на поправка. Најчест пропуст, и тоа во околу 95% од случаите е дас е сипува бензин во дизел автомобил. Во тој случај потребна е брза реакција. Најлесно проблемот се решава со досипување дизел гориво.
Соодносот од 5 проценти бензин на 95 проценти дизел не може да му наштети на моторот. Ако резервоарот е веќе полн , треба да се испразни без да се стартува моторот.
Празнењето на резервоарот мора да се изврши со плакнење , кое трае 30-40 минути . Откако ќе се исуши , дури тогаш се полни резервоарот со дизел гориво. Најголема грешка е да се вклучи моторот , па дури и само да се даде контакт со што се активира пумпата за гориво , која го повлекува бензинот во дизел моторот.
Пумпата за гориво во тој случај нема функција и настанува внатрешно триење , предизвикано од бензинот , а честичките метал дополнително го уништуваат моторот. Ако овие честички , настанати со триење поради тоа што бензинот го испрал слојот на дизел , стигнат до системот за вбризгување , го затнуваат , така што поправката на овој систем достугнува и до неколку илјади евра.
Сепак , во вакви ситуации е најбитно да не се паничи и доколку се вози автомобилот , а во него има погрешно гориво , да се побара помош од стручно лице.