Очекувањата на дел од аналитичарите се дека бугарската страна сепак ќе седне на заедничка маса со македонските претставници, но не се оптимисти дека таа ќе заврши со кокретен исход. Според поранешниот амбасадор Ристо Никовски Софија се обидува да тактизира преку менување на учениците на НАТО Самиот, надевајќи се дека македонската страна нема да прифати средба на пониско ниво.
„Најверојатно е дека Бугарија веќе знае која е намерата на Брисел и затоа е ова одолговекување и намалување на нивото и за наша среќа тоа може да биде корисно во целина. Бидејќи не треба да се исклучи дека Брисел ќе инсистира на уставни промени со одложена важност. Со тоа осстанува преговарачката рамка и сите наши проблеми, да се надеваме дека тоа нема да биде прифатливо за Софија и сметам дека можеби ако треба на крајот ќе се разболи и Жељасков и ќе го пратат можеби министерот за одбрана со што самата средба ќе стане безпредметна. Можно е можеби нешто маргинално да се постигне и да се договори таму, но тоа нема во никој случај да ги реши нашите проблеми и нема да го одблокира нашниот пат кон Брисел, “– Ристо Никовски, поранешен амбасадор.
Политичкиот аналитичар Петар Арсовски, пак е на став дека без разлика дали Бугарија во Хаг ќе ја преставува претседателот Радев или премеирот Жељасков шансите да се постигне некаков напредок спореде него се минимални.
„Мислам дека не само промената на учесниците на средбата, туку и целиот контекст во која оваа средба се договора и одвива говори дека не треба од неа да имаме големи очекуавња/ На крајот не е толку важно кој ќе се сретне туку поважно е дали има политичка воља од двете страни на таа средба да има некаков напредок, или ќе се заврши само со некаква декларативна заложба дека ќе продолжиме да ги развиваме односите. Јас сметам дека второто е поверојатно и затоа не е важно кој ќе се сретне. Дури и може да се случи да нема средба, меѓутоа исходот ќе биде ист. И да има и да нема средба, напредок нема да има“– Петар Арсовски, политички аналитичар.
За евентуланата средба Сиљановска – Жељасков во Хаг, како што информираше вечра премеирот Мицкоски веќе е одреден и предлог термин, а македонската влада е во комуникација со канцеларијата на ЕК, но засега нема потврден одговор од официјална Софија.
„Се уште немаме повратен одговор, има предлог термин за средбата но да почекаме да се изјаснат од бугарската страна“– Христијан Мицкоски, претседател на Влада.
Шефицата на држава Сиљановска како што веќе изјави очекува европска креативност за деблокада на евроинтеграциите и порача дека е подготвена за разговор на ниво претседател – премиер на маргините на НАТО Самитот во Хаг.